Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Се "крчка" нов БОЈКОТ!!!
*Тетекс е иницијатор на новиот бунт против структурите на ФФМ кои го уништија шампионатот. Се чека зелено светло од Милано и Работнички, а од втор план ќе "напаѓаат" Вардар и Хоризонт Турново
Послаб фудбал во Македонија не се играл. Клубовите никогаш не биле толку многу слаби, очајни и неорганизирани. Од ден во ден е с$ полошо а од натпревар во натпревар клубовите с$ повеќе сфаќаат дека се жртви на фудбалскиот режим на поединци. Сите тие кои даваат пари веќе се будат од заблудата дека вложуваат и инвестират за подобро утре во овој спорт. Пари речиси и нема, а оние кои фрлаат од свој џеп за "армијата" на Хаџи-Ристески многу доцна го разбираат штосот и начинот на кој функционира фудбалот во Македонија.
A9203967E6C75C4492CC24B8F2791551.jpg
На повидок е нов бојкот на шампионатот. Сето тоа во организација на ФК Тетекс, кој со месеци и месеци бурно реагира на луцата од ФФМ кои имаат удел во слабите резултати на екипата од Тетово. Тетовци сега барат поддршка од другите екипи, а ќе ја добијат од Милано, кој исто така е жртвено јагне на режимот на ФФМ. На побунетите клубови се очекува да им се приклучи и Работнички. Преговорите за нов бунт против ФФМ се во тек. Вчера и денеска челниците на клубовите се договарат по телефон, а утре треба да се знае кои клубови ќе се решат на втората офанзива. Милано, Тетекс и Работнички немаат "минус" за разлика од Вардар и Хоризонт, кои ќе поддржат бојкот само доколку споменатите три клуба во колото кое следи се определат да не играат. Потоа треба да следи крајниот удар кој ФФМ и неиграњето на петте клуба кои треба да стават крај на хаосот во фудбалот и во ФФМ и завршен удар за телата и структурите кои се под палката на контроверзниот Харалампие Хаџи-Ристески.
Сега на 6 кола пред крајот на сезоната незадоволните се борат за своите права. Ветеното не е исполнето. Сите не можат да јадат од колачот кој носи повратни средства и затоа настануваат нервози, тензии и реакции. И кога војната трае секогаш има победници и поразени. Во нашиот ФФМ оваа битка е активна со години и години. Како и секогаш најхрабрите секогаш се во првите жртвени редови. Таму во "алејата на великаните" се веќе имињата на Македонија Ѓ.П и Слога Југомагнат, кои се избришани од ФФМ само поради тоа што го кренаа гласот и се бореа за правдината. Не ја добија поддршката од останатите клубови па затоа двата скопски клуба покажаа стил и сила за која заслужуваат почит и покрај тоа што се соочуваат со ригорозни санкции и префрлање во најниските натпреварувачки рангови.
За жал, реалната слика на нашиот фудбал е премногу црна. Лошо ни се пишува со ваков начин на функционирање. Деновиве ќе следи и пресудата од Лозана за Победа па така ФФМ ќе остане со 2-3 клуба на кои им одговара ваков фудбал и вакво функционирање на раководството на ФФМ. На листата на поддржувачи на ФФМ е Силекс, кој секогаш е со власта, Металург и Ренова. Пелистер е клубот во кој има многу нејаснотии и клуб во кој летните денови ќе донесат турбуленции кога органите на прогон и судските тела треба да пресечат како е направена превласта на "Тумбе кафе" и со кое Собрание Ванчо Атансов застана на чело на екипата од Битола.
Сепак, сега зборуваме за новата иницијатива на новите незадоволни екипи. Ќе има ли бојкот!? Истиот се "крчка" меѓу неколку екипи, а во наредните 24 часа ќе се добие одговорот околу тоа кои екипи му вртат нов грб на Хаџи-Ристески.
И. Д. Ивановски

Нема здружение, има скандали
Цела сезона без собир на водечките луѓе на клубовите. Без здружение, без ништо. Во ФФМ си прават што си сакат со овој скапан фудбал во Македонија. Сето тоа им одговара затоа што ја имат контролата врз клубовите кои немаат сили да се борат за своите ставови. Македонија е единствена каде во шампионатот владее башибозук и неорганизираност. Без средби на клубовите, без заеднички став на клубовите. Сите тие кои се дел од нашето елитно друштво се под далечинскиот управувач на ФФМ. Со ваква пасивност и со ваква неодлучност екипите може само да го прифатат статусот на пиони и покрај тоа што сме сведоци на с$ повеќе скандали по терените и на натпреварите. За жал и покрај ваквиот хаос некои луѓе продолжуваат "црното" да го гледаат како "бело".

Како и кого ФФМ ќе "купува"!?
Во есенскиот дел од шампионатот ФФМ со разни интриги, ветувања па и пари влезе во одредени екипи и со тоа делумно го спаси шампионатот. Два тима беа избришани и со сето тоа веќе е јасно дека овој шампионат во кој Кенан Идризи и Ренова ќе бидат шампиони не е регуларен. Но што ако следува нов бунт? Како ФФМ ќе се спаси од новиот налет и новата опасност за да се распадне првенството. Есента ја спасуваат одредени навивачки групи кои добро минаа од ФФМ поради тоа што ги "убедија" нивните екипи да се вратат во натпреварувачки погон. Како сега!? Факт е дека ФФМ сега нема математика за да ветува настап на евро-сцената или финансии. Табелата веќе е скроена, а касата на ФФМ е речичи празна. И релациите на Слободан Брацо Вујчиќ со Харалампие Хаџи-Ристески не се како порано.
 
Сеа ништо чудно ако Работнички стане шампион...не веруем да жртвуе 3-4 клуба(Тетекс,Работнички,Милано...) за тој еден на Ренова:toe:
 
Сите си бркат сопствени интереси прво Благоја сеа Брацо се заканва со бојкот ај да видиме како ке испадни и ова чудо посекако нема шо да се изгуби фудбалот ни е за никаде само кај се погодија вакви работи Пелистер кога котира добро кај беа лани со бојкотиве
 
Нека си бркаат сопствени интереси кој сака, само нека ја тргнат оваа напаст од македонскиот фудбал. Кога и поголем дел од прилепчаните не го сакаат Хари, што остана за другите да кажеме? Секоја година ФФМ зема се поголеми донации од УЕФА, а фудбалот ни паѓа во квалитет со голема брзина. За што ли се торшат тие пари кога младите категории играат на ливади и се соблекуваат во комбиња.

Не сум баш оптимист дека нашите екипи ќе имаат успех во Европа и дека ќе поминат барем едно коло. Можеби Работнички само, затоа што има рејтинг за во подобар шешир за ждрепката. Многу е слаба лигата.
 
Насловиве на Спорт секогаш биле барем на 19883722362362623523523 километри од вистината, искрено се надевам дека ова е вистина, но уште поискрено не верувам :) Сето ова е за да се направи притисок врз Хари и да се замачкаат очите на читателите дека некој стварно размислува за бојкот. Па дури и да размислуваат од Тетекс за бојкот, верувајте дека после резултат од 1-1 во Автокоманда нема никогаш ни да помислат на бојкот:smir: Такви сме си ние, никогаш не би издржале ништо до крај, доволно е да не подлажат со нешто и одма ќе рипнеме... :kesa:

Фудбалот никогаш не ни бил послаб, Ренова ќе освои титула и (запамтете го ова добро) ќе почне да тоне. Ниту една екипа летово нема да ги помине претпретпретпретквалификациите, едноставно не можеме да им парираме ни на екипите од Луксембург и Ирска. Ренова со ваков тим пред 7-8 години (да не збориме за повеќе) немаше ни во првите 6 екипи да заврши, а сега едноставно само си се прошета низ првенствово...

Колку и да сака некој да негира и плука, без јаки Вардар, Пелистер, Победа, Беласица, Брегалница и Слога нема да има фудбал во Македонија...
 
Матни игри се водат во фудбалот. Затоа тонеме. Сите го гледаме Хари како виновник, но најверојатно Хари е само играч на некој регионален газда. Не може човекот сам да издржува такви притисоци. Да беше сам ќе паднеше до сега. Некој приправник од УЕФА да дојде во ФФМ на контрола, одма ќе ги затвори. А не па оние фаците што се изнаредија од обвинители до судии што беа кај Јанкуловска. Се тоа џабе. Само мачкаат очи, а ние ќе пропаѓаме. И Македонски Спорт одработува нечии интереси. Ситна риба се тие. Голема е мафијата во МакФудбалот.

B.T.W до каде е одлуката на жалбата на Победа во Лозана?
 
Матни игри се водат во фудбалот. Затоа тонеме. Сите го гледаме Хари како виновник, но најверојатно Хари е само играч на некој регионален газда. Не може човекот сам да издржува такви притисоци. Да беше сам ќе паднеше до сега. Некој приправник од УЕФА да дојде во ФФМ на контрола, одма ќе ги затвори. А не па оние фаците што се изнаредија од обвинители до судии што беа кај Јанкуловска. Се тоа џабе. Само мачкаат очи, а ние ќе пропаѓаме. И Македонски Спорт одработува нечии интереси. Ситна риба се тие. Голема е мафијата во МакФудбалот.

B.T.W до каде е одлуката на жалбата на Победа во Лозана?

Еве веќе неколку месеци секој вторник одлучуваат :)
 
Новиот бојкот би значел КРАЈ!
* Четирите тима кои најавуваат бојкот преговараат и размислуваат, свесни дека доколку се одлучат на таков чекор, би немало повеќе фудбал во Македонија
Што би значело доколку се случи да има нов бојкот во нашата Прва македонска лига? Одговорот е едноставен - би немало повеќе фудбал во Македонија. Овој наш скапан фудбал не би можел да поднесе уште еден, нов бојкот. Во тој случај би го снемал овој спорт од нашата земја. А токму најавите од нашите тимови одат кон тоа - да има бојкот, и целосно да "падне" Првата лига. Во текот на вчерашниот ден четирите екипи Милано, Хоризонт, Тетекс и Работнички на преговори и разговори за понатамошните решенија. Тие преговараат, но и размислуваат. Свесни се дека целосниот "крах" на Првата македонска фудбалска лига не носи добро за никого во оваа ситуација, односно знаат дека таков чекор би донел дополнителни санкции и суспензии од УЕФА и ФИФА. Токму тоа е причината која ги тера четирите клубови кои го дигаат гласот против сегашниот режим на ФФМ, добро да размислат, да најдат решение кое би било најдобро во оваа ситуација.
FD4CBA42B152F54A827665427F6F134F.jpg
Милано, поточно нивниот главен финансиер и тренер Драган Антиќ револтиран од последните случувања во мак - фудбалот, се бунтуваше против катастрофалното судење на штета на неговиот тим на неколкуте последни средби. Тој ја дава поддршката на клубовите, но свесен дека со таков потег би донел тотален "колапс" на фудбалот, смета дека бојкотот не е решение во моментов.
"Бојкотот е најмал проблем. Еве, јас уште од денес ќе се повлечам од екипата, и таа нема да игра во шампионатот. Но, прашањето е што понатаму? Јас сум свесен дека доколку Милано реши да се откаже од натпреварувањето, тогаш ќе се сруши целиот македонски фудбал. Лигата ќе мора да биде поништена. Потоа македонскиот фудбал ќе сноси санкции и суспензии од страна на ФИФА и УЕФА, и што е тука добро? Ништо. Затоа велам, бојкотот не е никаков проблем, но не е и решение за подобрување на состојбата во фудбалот. Во тој случај мак клубовите не би можеле да играат меѓународни натпревари, а тоа би се одразило и врз репрезентацијата. Би било тоа тежок удар воопшто за македонскиот спорт. Затоа мора добро да се размисли, пред да се донесе одлуката", рече Антиќ.
Да, клубовите се во преговори за тоа какви чекори ќе бидат направени, но се свесни дека со уште еден бојкот целосно би "умрел" македонскиот фудбал, иако УЕФА уште пред извесен период со извештаи докажа дека "бубамарата" во Македонија е на најниските гранки. Тетекс е вториот тим кој го крена гласот против сегашниот режим, а тетовци обвинуваат за катастрофална комуникација со органите на ФФМ. Доста клучни прашања с$ уште чекаат одговор, а некои се и официјално поставени до куќата на фудбалот. Тетекс и нивниот прв човек Ацо Заковски се гневни на ФФМ што нивните официјални писма доставени до првите луѓе на федерацијата чекаат на одговор веќе извесен период. Очигледно дека федерацијата нема намера "да општи" со клубовите на теми кои не & одговараат.
"Ситуацијата станува доста комплицирана. Ние и натаму се обидуваме на легитимен начин да комуницираме со федерацијата, но од таму немаме соработка. На легитимно испратените писма на тема тв-права за македонскиот шампионат, како и случајот со судијата Александар Ставрев ние немаме добиено одоговор. Во првиот случај не се реагира околу преносите на странски првенства во термин во кој се игра македонскиот шампионат. ФФМ е одговорна на оваа тема, но с$ уште е нема на нашето писмо. Во вториот случај јавно прашувам зошто нашиот интернационален судија Алекснадрар Ставрев на неделното дерби меѓу Вардар и Работнички беше четврти судија. Доколку е казнет нека ФФМ ни одоговори на нашето писмо со кое сакавме да му дадеме значење на катастрофалното судење на Ставрев на натпреварот Тетекс-Ренова. Впрочем, јавна тајна е дека одредени клубови имаат повластени услови во ФФМ. Картоните и суспензиите некои тимови не ги плаќаат на време или воопшто не ги подмируваат, а и натаму се дел од Лигата. Доколку во брзо време не се решат овие прашања ние ќе се радикализираме, па нека му ја мисли ФФМ како ќе заврши ова и онака нерегуларно првенство", истакнува Заковски.
Со оваа најава за бојкот "хаосот" во мак-фудбалот никако да престане. Почна со скандалозниот (ре)избор за претседател на ФФМ, а продолжи со неиграњето на Слога Ј. и на шампионот Македонија ЃП. Тие експресно беа избришани од страна на Харалампие Хаџи-Ристески само поради тоа што го кренаа гласот против неговиот режим. Меѓутоа, тие не ја добија поддршката и од другите екипи, иако само делумно кон нив се приклучија Хоризонт Турново, Вардар и Пелистер, кои не одиграа само едно коло, а потоа продолжија со настапот.
Г. Бошев
О. Дојчиновски

ДРАГАН ПОПОВСКИ
Не сме размислувале на оваа тема
ФК Работнички, односно претседателот на овој клуб, Драган Поповски, во изминатиот период беше еден од оние кои јавно најмногу го критикуваа раководството на ФФМ и Хари Хаџи - Ристески. Аргументирано со факти и докази Поповски неколкупати истапуваше против режимот на Хари. Сепак, Работнички есеноска не им се придружи на оние екипи кои бојкотираа од причина што првиот човек на "романтичарите" посакуваше на разумен начин да се дојде до компромис, односно никој да не загуби, а најмалку Работнички. Се разбира пред с$ на финансиски план. Со други зборови, ако има бојкот нема Европа, а ако нема Европа тогаш нема ни финансии во клубот.
"Следам с$ што е во врска со мак - фудбалот и читам што се пишува по медиумите. Искрено, ние во клубот не сме размислувале на оваа тема, особено не сега на само пет кола до крајот на првенството. Значи нашиот став за евентуално нов бојкот засега е непроменет. Велам засега, за во иднина ќе видиме како ќе се одвиваат настаните", ни изјави првиот човек на Работнички.

ХОРИЗОНТ ТУРНОВО
Немаме право на уште еден "минус"
Хоризонт Турново во есенскиот дел бојкотираше една средба од првенството, онаа со Металург, по што на зелена маса ги загуби бодовите. Од овој тим велат дека се подготвени за разговори, меѓутоа се свесни дека нов бојкот од нивна страна би донел до преселба на екипата во најнизок ранг.
"Ние веќе имаме еден минус од есенскиот дел од првенството, и уште еден би значел и целосно бришење на екипата. Подготвени сме да разговараме со останатите екипи, кои доколку се решат на еден таков голем чекор, тогаш сигурно дека би ги поддржале. Се само за доброто на мак фудбалот, меѓутоа не би се пуштиле повторно во една таква авантура затоа што како што е познато, уште едно неиграње би значело преселба на Хоризонт Турново во најнизок ранг", е ставот на екипата на Хоризонт.

извор:Македонски Спорт
 
Мислам дека е време да се обединат повеќето екипи у првенствово и да се направи тој бојкот конечно ! Нема многу да изгуби фудбалот тука пошо и онака скоро и да немаме фудбал. Нашите екипи у европските натпреварувања многу брзо ги елиминираат уште у првите кола од квалификациите,нема гледачи на стадионите,нема добар фудбал на терените,местенки еден куп,катастрофално судење итн... Сите се свесни за последиците и санкциите од УЕФА,али мора да се направи тоа,време е да се избрка оној мајмунон од ФФМ на легален начин (ако има таков) па колку и да се катастрофални последиците. Да се постават луѓе кои се разбираат во фудбал,кој ќе можат да го донесат Македонскиот фудбал бар на некое ниво погоре,пошто моментално е трагична ситуацијата.
Можеби најмногу ќе ми биде жал што доколку дојде до тој бојкот,младите таленти што идат нема да можат правилно да се развиваат,т.е нема да имаат шанса за тоа Али мора да се жртвува нешто....

Едит: Иначе ко што видов,на Победа и дефинитивно и е изречена 8 годишната суспензија од УЕФА,потврдено и у Лозана.....
 
Мислам дека е време да се обединат повеќето екипи у првенствово и да се направи тој бојкот конечно ! Нема многу да изгуби фудбалот тука пошо и онака скоро и да немаме фудбал. Нашите екипи у европските натпреварувања многу брзо ги елиминираат уште у првите кола од квалификациите,нема гледачи на стадионите,нема добар фудбал на терените,местенки еден куп,катастрофално судење итн... Сите се свесни за последиците и санкциите од УЕФА,али мора да се направи тоа,време е да се избрка оној мајмунон од ФФМ на легален начин (ако има таков) па колку и да се катастрофални последиците. Да се постават луѓе кои се разбираат во фудбал,кој ќе можат да го донесат Македонскиот фудбал бар на некое ниво погоре,пошто моментално е трагична ситуацијата.
Можеби најмногу ќе ми биде жал што доколку дојде до тој бојкот,младите таленти што идат нема да можат правилно да се развиваат,т.е нема да имаат шанса за тоа Али мора да се жртвува нешто....

Едит: Иначе ко што видов,на Победа и дефинитивно и е изречена 8 годишната суспензија од УЕФА,потврдено и у Лозана.....


Ѓабе е све кој ќе се жали?? Тетекс,Работнички,Милано,Победа контролирани од Брацо.Ренова,Металург,Силекс... се знае... Турново,Вардар и до негде Пелистер останаја ама и тие се со закани од ФФМ...
Е сеа навивачите...кој навивачи?? Само 3 групе што постоја у прва лига и просекот им е под 500??
Сеа ќе видимо се пробуе нешто па да се надевамо дека ќе биде...:toe:
 
Село гори, баба си ја чешла!

Ете такво е мислењето на Дон Хари за ваквите случувања. Се дур тој седи на тронот на неговата Империја ке се нема слух за вакви работи!
 
13474940.png

Игра магично,магичноооо, Вардар игра фантастичноооо:baklja:
 
Ренова - „осамениот јавач

Тимот од Џепчиште остана единствениот европски клуб без загубен бод на домашен терен сезонава, по поразот на Реал Мадрид од Барселона предминатиот викенд

Фудбалската класика на Барселона со четвртиот триумф по ред над големиот ривал Реал Мадрид (2-0), пред една недела на мадридскиот храм „Сантјаго Бернабеу“, значеше први загубени бодови за мадриѓаните пред своите гледачи по стоотстотниот ефект дотогаш - 15 победи во 15 меча. Но истовремено, асистенциите на Чави и головите на Лионел Меси и Педро значеа дека фудбалскиот лидер во македонското првенство Ренова, остана единствениот тим на Стариот континент, кој има шанса националниот шампионат да го заврши без загубен бод во текот на целата сезона на свој терен.

Ренова пред една недела ја продолжи неприкосновената серија на Градскиот стадион во Тетово, откако со 2-0 го победи Турново, триумф остварен со головите во првото полувреме. Тимот, кој доаѓа од село со 4.200 жители и кој може да стане прв шампион од населено место со помалку жители од 5.000, до крајот на сезоната го очекуваат уште три дуела, за да ја заврши спектакуларно сезоната, барем кога станува збор за домашните мечеви со стоотстотен ефект.

Веќе идниот викенд „осамениот јавач“ на европските домашни фудбалски терени, кон едно несекојдневно остварување во завршен исчекор, тргнува против кумановски Милано, последниот тим во лигата. Тоа што е јасно по зголемувањето на предноста на 10 бода во однос на вториот Работнички е дека тетовскиот клуб се наоѓа на девет бода или три победи до шампионската круна. Тоа значи дека ако Ренова трипати си победи на домашен терен, автоматски е шампион, а покрај Милано ќе ги угости и Пелистер и директниот ривал Работнички, кој сезонава успеа да го освои Тетово, но во Купот, и тоа во реваншот од четврт-финалето, победа која беше формална откако во Скопје полуфиналето беше обезбедено со победата со 4-0.

Точно 270 минути, последни домашни фудбалски за оваа сезона ги делат тетовци пред крунисувањето во најнегостољубивиот домаќин во Европа. А толку минути од викендов, па во следните три недели може да трае и „неизвесноста“ за шампионската трка, па Ренова да стигне до првата титула во историјата.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=419101054534&id=19&prilog=0&setIzdanie=21962

:pos2: Сигурно цела европска фудбалска јавност едвај чека да види дали Ренова ќе издржи без загубен бод до крајот на првенството. Можеби Платини ќе дојде лично да му го даде трофејот на Идризи. :pos2:
 
Ух ја видов темава, иако не го следам фудбалот во МАкедонија од сезоната кога Силекс играше со Менхенгладбах и во меѓувреме само се потсетив на старите добри времиња на Градски со ЦСКА и Спарта, мислам дека отсекогаш вината беше во структурите на ФФМ. Беше Ѕинго па Ламбе па сеа оваа будала која излезе и најголем крвник на мак фудбалот. Кога го сменија Ѕинго и во времето на осмооделенецот ЛАмбе коментиравме само д ане го бараме времето на Ѕинго. И би така секој нареден е полош.
Доколку тетекс и работнички тргнат осамено во бојкот ништо нема да се случи. МОРА СИТЕ КЛУБОВИ ЗАЕДНО ДА БОЈКОТИРААТ ЦЕЛА ПРВ ЛИГА - СЕ ДРУГО Е ЗА ЏАБЕ. Поздрав до сите љубители на фудбалот и мило ми е што сеуште има луѓе како вас тука на форумов што ги боли и се заинтересирани за напредок на клупскиот фудбал во МК.
 
Брацо е "газда" на три прволигаши!
*Претставникот на "Спорт 5" кој го има ТВ правата со ФФМ е прв човек на Работнички, Тетекс и Победа. Според правилата, еден човек не може да биде во два клуба!
9C1BC2D9FDB92245A788F73CEFA090B9.jpg

Екипите на Тетекс, Победа и Работнички се под капата на познатиот Слободан Брацо Вујчиќ. Барем така стои во информациите на споменатите екипи на познатата веб-страница "Википедиа", која важи за најкористен извор за информации ширум светот. Правилата на ФИФА и УЕФА говорат дека еден човек не може да биде во два клуба од ист ранг, а според тоа што се случува во земјава "Брацо" газдува речиси со половина од екипите. Вистината е таа и нема бегање од истата која кажува дека Вујичиќ дава пари како главен спонзор во Тетекс, Работнички и Победа без да прочитаме што пишува на споменатата веб-страница. Сепак, ваквиот систем на работа функционира со години и години затоа што нема човек во земјава кој би можел да му каже стоп на Барцо. Кој би му кажал "НЕ" ако се знае дека човекот од Србија кој има живеалиште во Германија е и главен спонзор на ФФМ. Тој барем до 2013 година има договор за ТВ правата од настапите на нашиот национален тим. Тоа се парите кои неопходни за нормално функционирање на ФФМ и репрезентациите и без кои нашата "куќа на фудбалот" не може да преживее. И тука се поставува прашањето дали Хаџи-Ристески има сили да му се спротивстави на човекот кој на еден начин и го одржува во живот фудбалот во Македонија. Без разлика на тоа што некои говорат дека Брацо е ваков, онаков... човекот троши пари за фудбалот во Македонија иако неговиот начин на работа од година во година има с$ послаби и послаби резултати. Не треба да заборавиме дека во минатото беше главен спонзор на Вардар, даваше пари во Цементарница. Сега неофицијално се говори дека има конекции околу финансирањето во Пелистер, Милано. По сите тие вложувања и соработки страната на Брацо секогаш завршува со пораз. Така барем беше во Вардар од каде го отстранија на груб начин иако во постапка се судските процеси околу докажувањето на правдината.
Сепак, ако се анализира работата на Брацо и неговото инвестирање во фудбалот главната карактеристика е таа дека контроверзниот Брацо е човек во чие лице сите гледаат пари, а од друга страна му прават сопки кои одат против интересите на главниот спонзор. Така на пример во ова сезона Брацо најмногу пари дава во Тетекс, па во Работнички и Победа. Трите клуба "се испотепаа" меѓу себе па така едниот по вина на "братските екипи" ја загуби битката за титулата, а Тетекс ќе се бори до крај за да се спаси од битката за бараж. Победа е случај кој Брацо го бранеше во Лозана, но деновиве стигна потврдната вест дека клубот од Прилеп ќе мора да се соочи со санкциите од ФИФА и УЕФА и осумгодишна суспензија од европската сцена. Во превод никој не го слуша човекот што дава пари.
Кога сме веќе кај човекот "газда" на пола лига, треба да напоменеме дека истиот има с$ помалку пари за вложување во нашиот фудбал затоа што и од централата во Хамбург ги кратат парите за Македонија. Парите кои ги добиваат само три клуба во земјава во минатото се делат за сите прволигаши, но кога клубовите се сателити на одреден режим се случува и цепкање на комплетната сума за ТВ правта само на оние екипи кои ја поддржуват работата на Хаџи-Ристески. Но во последниве денови и тука имаме контрасти. Тетекс го крева гласот и бара поддршка од Работички и Милано за бојкот. Од клубовите кои имаат блискост со Брацо!? Дали ова е сигнал за нарушената љубов меѓу Брацо и првиот човек на ФФМ? И нормално е да има нервоза затоа што двете страни имаат проблем - парите! Во квалификациската група за пласман на ЕП 2012 добивме противници од кои нема да се полни касата, е тоа навистина е проблем по кој би можеле да следат многу проблеми и нарушување на пријателските односи на одредени поединци. Во периодот кој следи може да се очекува некој да му каже "НЕ" на Брацо, но во тој случај ќе треба да се прашаме колку екипи од следната сезона ќе имаат финансии за играње во нашето "елитно" друштво.
И. Д. Ивановски

"Спорт 5": Кој е тој Вујчиќ!?
Во месеците наназад во земјава се случија многу скандали. Најгласен беше оној околу "местенката" на Победа со Пјуник во 2004 година. За тој скандал одлучува УЕФА и ФИФА, а сега и судот за спорт во Лозана. Вујчиќ иако не беше споменат низ медиумите во земјава се силеше со интервјуа во кои обвинуваше поединци за кодоши. Таа сила сега ја нема. Откако повиканите покренаа судски спор Брацо не се јавува на закажаните рочишта. Миленко Неделковски од "Канал 5", кој по судски пат ќе се соочи со Брацо, се јави во нашиот медиум и праша за цената на реклама која би одела со содржина: "Се бара Слободан Брацо Вујчиќ".
"На поканите не одговара. Во канцелариите на неговата 'Спорт 5' во Скопје одговараат дека не им е познато името Слободан Брацо Вујичиќ..", вели Неделковски.
Во споменатиот скандал Брацо како спонзор на Победа се појави како единствен сведок во одбраната на Победа пред судот за спорт во Лозана.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom