Македонско фудбалско првенство 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Тетекс ќе мести во Европа , можеби нешто како Шкендија кога беше
 
Изгласано е од сезоната 2014/15 првата лига да брои 10 екипи.
Истотака и втората лига ќе брои 10 екипи, а ќе има 5 трети лиги со по 12 екипи.
Одличен потег (y)
 
Изгласано е од сезоната 2014/15 првата лига да брои 10 екипи.
Истотака и втората лига ќе брои 10 екипи, а ќе има 5 трети лиги со по 12 екипи.
Одличен потег (y)

Што значи 4 фази ќе има по 9 утакмици = 36 кола?

И како ќе биде , ќе падне само една екипа , другата ќе игра бараж?
И во 2 лига , една ќе влезе директно , а второто место бараж?

Бар така е во Швајцариа , Австрија..
 
Којзнае што имаат во план, само знам дека го изгласале предлогот.
И годинава ќе биде интересно колку ќе отпаѓаат.
Ми мириса дека 3 ќе отпаднат сигурно, една ќе игра бараж со вториот од втора лига, а првиот од втора ќе влезе директно.

Во иднина мислам дека тоа што го наброја е најдобар систем. Првенство со четири кружен систем (36 кола), последниот испаѓа, претпоследниот игра бараж.

Инаку има ли некој инфо за Ренова?
По повлекувањето на Кенан Идризи има некоја најава дека немало да постојат веќе? Играчиве полека им бегаат...
Ако знае некој повеќе, нека извести тука :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ADP
Ama mislam deka ke ima play off i play out.
 
ЌЕ биде прво трокружен систем, па после тоа одкога ќе заврши терртиот круг лигата ќе се дели на Плеј оф и Плеј оут.
Така да глупости живи ќе биде тоа.
 
ЌЕ биде птво трокружен систем, па после тоа одкога ќе заврши терртиот круг лигата ќе се дели на Плеј оф и Плеј оут.
Така да глупости живи ќе биде тоа.
Грешка да не си, нема логика така :D
Поверојатно ми е друга варијанта да им е двокружен систем, па после тоа плеј оф и плеј аут. Со пренесување на бодови, првите 6 по двата круга во плеј оф, другите во плеј аут.

Само да не направат како пред некои 10-тина години кога имаа најглуп систем.
Се пренесуваа бодовите само со конкурентите од плејофот или плејаутот :pos:
Знам Цементарница од 5-та или 6-та, дојде втора откако ги тргнаа бодовите со екипите од плејаутот :pos:
 
ЌЕ биде прво трокружен систем, па после тоа одкога ќе заврши терртиот круг лигата ќе се дели на Плеј оф и Плеј оут.
Така да глупости живи ќе биде тоа.

Некако во Белгија вака и во Турската 1 лига имаше лани Плеј Оф и Плеј Аут .

Има ова едно добро што нема да се дознае шампионот одма , во плеј офото ќе играт подобрите екипи во лигата и се може да се деси , и претпоставувам дека ќе има повеќе публика , дерби ...

Јас мислам дека со 10 екипи , најдобро би било да има четири кружен систем = 36 кола , слично како во Швајвариа , Австрија , и што знам други првенства. Претпоследната екипа ќе игра бараж со второто место во 2 лига , последната во табела испаѓа , првото место во 2 лига влага директно .

И секако дека ќе биде поинтересно и повозбудливо...
 
Грешка да не си, нема логика така :D
Поверојатно ми е друга варијанта да им е двокружен систем, па после тоа плеј оф и плеј аут. Со пренесување на бодови, првите 6 по двата круга во плеј оф, другите во плеј аут.

Само да не направат како пред некои 10-тина години кога имаа најглуп систем.
Се пренесуваа бодовите само со конкурентите од плејофот или плејаутот :pos:
Знам Цементарница од 5-та или 6-та, дојде втора откако ги тргнаа бодовите со екипите од плејаутот :pos:

ПРв болд: Не сум грешка, 100% е вака пошо Уефа ако лигата нема над 30 или 32 кола ја смета за Аматерска така мисалм, а со двокружен систем и плеј оф и пелј аут нема шанси да има лигата 32 кола.
Втор болд: Епа и ова највеорјатно така ќе биде.

Некако во Белгија вака и во Турската 1 лига имаше лани Плеј Оф и Плеј Аут .

Има ова едно добро што нема да се дознае шампионот одма , во плеј офото ќе играт подобрите екипи во лигата и се може да се деси , и претпоставувам дека ќе има повеќе публика , дерби ...

Јас мислам дека со 10 екипи , најдобро би било да има четири кружен систем = 36 кола , слично како во Швајвариа , Австрија , и што знам други првенства. Претпоследната екипа ќе игра бараж со второто место во 2 лига , последната во табела испаѓа , првото место во 2 лига влага директно .

И секако дека ќе биде поинтересно и повозбудливо...

И јас мислам дека кога веќе ја смалуваат барем нека направат 4 кружен систем.
Пошо вака како што планираат овие ќе биде многу лошо може заради тоа некоја екипа што ќе биде по регуларниот дел со голема преднсот на првото место да ја изгуби на крај титулата во плејофот токму заради тој начин на пренесување на бодови.
Ама ќе видиме ваљда ќе искочат официално да ни кажат како ќе се игра.
 
Собранието на ФФМ одлучи, со 81 глас „за“ и еден „воздржан“ (Жарко Стојановски од Тетекс), да го изгласа предлогот за Првата лига да брои десет клуба, од сезоната 2014/15. Истовремено и Втората лига ќе брои десет клуба, а Третата лига ќе биде поделена на пет региони по 12 клуба.
 
Напротив баш добра одлука. Сега и стандарди да се воведат да се забрани играње по ливади и да мора секој стадион во прва лига за да добие лиценца да има рефлектори би било супер. Да мора да се игра младинци пред главната утакмица исто би било одлично. Само така ќе има напредок а не со ова разводенување на квалитетот со 12-14-20 клуба...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom