oti be ?!
арен сум ти арен си ?!
па металург прошлото коло загуби дома од напредок со три црвени и тие ви се единствени ривали за титиулата а ако се знај јачината на минчо ништо чудо да го примете од ффм заради инцидентите судиите да бидат за металург и крај краева не сте толку појаки од нив не играте со нас или со вардар па да биди чист кец ,кога можеја тетекс да ве победат можат и овие така да ти гледај денсе да извадите бод за друго ен се секирај
инаку кога сум тука пишетеја Пелистер x2 двознак 3.00 е коефицинетот убај пари се вадат и тоа се разбира ако не заеби судијата јакимовски :salut:
Не ги лажи лугето..... чисти кец!

--- надополнето ---
Одлуки на Дисциплинска комисија од ден 18.11.2010
Четврток, 18 Ноември 2010 14:10
Фудбалерот на Ф.К.Тетекс Тетово Јовановски Даниел исклучен на натпреварот со Ф.К.Брегалница се казнува со забрана на настап на 2(два) натпревари.
Се поведува Дисциплинска постапка против Ф.К.Брегалница Штип поради фрлање на шише во терен за време на натпреварот со Ф.К.Тетекс од страна на навивачката група Фаланга.
Се поведува Дисциплинска постапка против шефот на стручниот штаб на Ф.К.Брегалница Штип (Кузманов Никола) пријавен од страна на главниот судија по завршување на натпреварот со Ф.К.Тетекс.Истиот се суспендира до донесување на Одлука.
Тренерот на Ф.К.Тетекс Тетово Стојановски Жарко исклучен на натпреварот со Ф.К.Брегалница се казнува со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 еден месец.
Се поведува Дисциплинска постапка против Ф.К.Металург Скопје поради присаство на неслужбени лица во оградениот дел по завршување на натпреварот со Ф.К.Напредок.
Се поведува Дисциплинска постапка против фудбалерите на Ф.К.Металург Скопје (Музафер Ејупи рег. бр.40 и Ертан Демири рег. бр.11) пријавени бидејки по завршување на натпреварот со Ф.К.Напредок во цивилна облека се обиделе физички да се пресметаат со фудбалери од Ф.К.Напредок, како и за неспортско однесување кон главниот судија..Истите се суспендираат до донесување на Одлука.
Фудбалерот на Ф.К.Металург Скопје Богдановиќ Горан исклучен на натпреварот со Ф.К.Напредок се казнува со забрана на настап на 3(три) натпревари.
Тренерот на Ф.К.Металург Скопје Јовановски Јован исклучен на натпреварот со Ф.К.Напредок се казнува со забрана на вршење на секаква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1 еден месец.
Се поведува Дисциплинска постапка против комесарот за безбедност на Ф.К.Локомотива Скопје (Симоновски Љубомир) одстранет од терен на натпреварот со Ф.К.Цементарница 55.Истиот се суспендира до донесување на Одлука.
Се поведува Дисциплинска постапка против записничарот на Ф.К.Локомотива Скопје (Петровиќ Љупчо) поради неспортско однесување на натпреварот со Ф.К.Цементарница 55.Истиот се суспендира до донесување на Одлука.
Фудбалерот на Ф.К.Хоризонт Турново Турново Божинов Дарко исклучен на куп натпреварот со Ф.К.Тетекс се казнува со забрана на настап на 2(два) натпревари.
Фудбалерот на Ф.К.Работнички Скопје Лопез Фернандо исклучен на натпреварот со Ф.К.Шкендија се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар.
Се поведува дисциплинска постапка против Ф.К.Беласица Струмица врз основа на изјава поднесена од Ф.К.Цементарница 55 во која се наведува дека имало сознанија за обид за нерегуларности – местење од страна на Ф.К.Беласица Струмица.Се задолжува Ф.К.Цементарница 55 да достави писмени или други докази со кои ќе ја поткрепи поднесената пријава за обид за лажирање-местење на натпреварот со Ф.К.Беласица.