СООПШТЕНИЕ !
Со ова соопштение навивачката група Комити Скопје ја искажува својота реакција околу одлуката на Управниот Одбор при Фудбалската Федерација на Македонија од 10.11.2010.
-Имено според членот 2 кој забранува организирано гостување на навивачи, ние како најголема, најорганизирана и најстара навивачка група сме должни да го изнесеме своето незадолство и да дадеме соодветна реакција.
-Најпрво ќе го земеме примерот кој што се применува врз нас се почесто (обвинување) и ќе ја обвиниме фудбалската федерација дека преку својата одлука на ден 10.11.2010 го прекршува член 27 од Уставот на Република Македонија кој гласи “ Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. “
Секако како што не учи искуството знаеме дека доколку се упатиме на гостовање нашите членови ќе бидат приведени, а сето тоа е со цел да се ослабне навивачкото движење во Македонија и постепено тотално да згасне истото па тука би цитирале уште еден член(20) од уставот кој вели “ На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. ”, од друга страна пак, а не онаа правната ќе се запрашаме за кого се игра фудбалот ако не за навивачите, дали главните актери на теренот, односно фудбалерите биле запрашани во донесувањето на оваа круцијална за нас одлука??
Бидејќи оваа држава аспирира кон Европската Унија и европските стандарди би сакале да ги запрашаме институциите како дерби натпреварите во Италија(последен пример Лацио-Рома) се обезбедувани од полицијата, а во истите дерби натпревари се вмешани многу порадикални навивачи и секако во далеку поголем број?
-Дали ова значи дека нашиот Вардар ако игра со тим од Италија или Русија каде што Хулиганите се познати по нивната активност нашите органи не би биле во можност да ги запрат истите?? Според нормалната човечка логика и резонирање штом неможе да се обезбедат 500-1000 навивачи од две навивачки групи, тогаш како ќе се обезбедат 3000 радикални навивачи кои доаѓаат од друга држава, па според тоа би ги повикале истите органи да се повлечат од својата должност чим покажуваат немоќ или пак неспособност ?!!
Во последно време актуелно е и применувањето на двоен аршин каде може да видиме како државното знаме е симнато од јарболот(Кичево), нападната е полицијата во Тетово (ниеден приведен), и омаловажувана е Македонската нација и име на натпреварите на Лирија во кошарка, а надлежните органи немаат превземено никакви акции против овие симпатизери. Споредбено гостовањето во Скопје на било која група секогаш било најбезбедно додека гостовањата во Кичево, Тетово, Куманово, Гостивар секогаш биле од најголем ризик, а пропратени со најмалку полиција.
Според ова може да ремизираме дека навивачката група Комити како вечен бранител и подржувач на Македонија, нема да постапува и да ги почитува овие противуставни одлуки и ќе продолжи да ги посетува сите натпревари на Фк Вардар на гостински терен.
Исто така јавно сакаме да ги повикаме претставниците на Фудбалската Федерација на Македонија и Министерството за Внатрешни работи на Македонија на јавна дебата каде што народот би имал можност од истата сам да процени кој свесно го турка фудбалот во пропаст во оваа држава и штити(или пак нејќеме да помислиме дека се плаши од одредени националност и региони во РМ). Доколку медиумите до кои е испратено ова писмо не го објават, истите ќе бидат сметани за подржувачи на нерегуларноста и индиректни помагачи на пропаѓањето на фудбалот во нашата Република.
Со почит и искрени намери
11.10.2010
КОМИТИ СКОПЈЕ
Се надевам во скоро време и другите групи ќе излезат со соопштенија. Ако ништо друго барем Војводи и Фаланга кои се активни на гостувањата, да излезат со свои соопштенија. Кој ги ебе ФФМ, гостувањата нема да запрат од наша страна!