„На рака го имаме рускиот превод на книгата на Орбини од 1722 г., направен по заповед на Петар Велики, кој носи заглавие: „Книга Исторiографија початiја имене, славы и разширенiја народа славенского и их' цареј и владетелеј под' многими имјанами и со многими царствiјами, королевстами и провинцјами. Собрана из' многих' книг' исторических' чрез' господина Мавроурбина, архимадрита рагускаго... 1722“.
Во вториот дел од своето дело Орбини прави преглед на историјата на одделните словенски народи. На Бугарите им посветува специјална глава „Историски податоци за кралството на бугарскиот словенски народ“, која ги зафаќа страниците од 289 до 335. Тука даваме извадоци од неа, кои се однесуваат околу царувањето на Самуил:
„Кога браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - синови на Комитопул, човек уважуван кај Бугaрите - ги поттикнувале поданиците за отпор..., Унгарците (унгры) навлегле во Бугарија“ (стр. 308).
„Бугарското кралство било целосно победено и покорено под грчко робство. Но, во времето на Василиј Порфирогенит се дигнале Бугарите и управувањето на своето кралство им го предале на браќата Давид, Мојсеј, Арон и Самуил - деца на Комитопул, затоа што веќе бил прекинат кралскиот род во лицето на евнухот Роман, син на цар Петар. На крајот Самуил останал сам господар на Бугарија...“ (стр. 201).
„Самуил - бугарскиот крал, го нападнал Бладимир, владетелот во Далмација... и го држал во опсада... На крјот Владимир поради предавството на некаков негов жупан... паднал во заробеништво на Самуил“ (стр. 201).
„Самуил заповедал да ги попречат преминте со густи пречки... И кога му било сопштено за дижењето на имераторот со цел да навлезе во Бугарија - неговото кралство, тој застанал на страна пред оние прегради...“ Ксифиј поминал преку густите гори и во грб со својата војска ја “разбиле војската на Самуил, земајки во заробеништво 15 илјади Бугари“ (стр. 311).
„После смртта на Самуил - кралот бугарски, наследник станал неговиот син Радомир. Тој ја покорил целата област од Бугарија дури до Константинопол“ (стр. 202).
Василиј го охрабрувал Ароновиот син Владислав да го убие Самуиловиот син Радомир „ветувајки му го владеењето на Бугарија и бугарските провинции“. Штом Владислав го убил Радомир, „тогаш според ветувањето императорот на Владислав му испратил грамота, подпечатена со сопсвтениот печат и со признание да го владее бугарското кралство“ (стр. 312).
Но гледајки дека никогаш со сигурност „нема да владее со бугарското кралствотво, додека е жив Владимир, зетот Радимиров“, Владислав со измама го повикал кај себe „Владимир... како свет човек по душа ја прифатил поканата на Бугаринот“ и бил убиен (стр. 205).
„Но бидејки Владислав не го почитувал договорот, императорот сам навлегол во Бугарија и ги разорил Острово и неговта околина и ја разбил пелагониската војска, заповедајки да им ги извадат очите на сите бугарски војници, кои му паднале во рацете. Го завзел и Охрид - престолнината на бугарското кралство... Но Бугарите ги заклале сите Грци, оставени во гарнизоните во завземените градови“ (стр. 313).
А „имераторот влегол во Охрид, каде заповедал да се отвори азното на сите бугарски цареви“ (стр. 314). (Коста Ц'рнушанов, Ср'бски и х'рватски свидетелства за б'лгарската народност в Македонија. Благоевград - без год. на издвање. 16-18)