Македонски Идол

  • Креатор на темата Креатор на темата darmon
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Многу сте скептични. Треба да им оставиме простор да се покажат, сепак шоуто сеуште трае. Тоа што Тарабунов не успеал е можеби поради тоа што беше учесник на Бугарскиот Идол (не тврдам ништо затоа што не го следев), но не значи дека и сегашниве учесници нема да успеат. Јас мислам дека Мики и Иван ги чека солидна музичка кариера.

Тука се согласуваме, башка и двајцата добро стојат финансиски за да можат да си ја поткрепат кариерата
 
Освен Кели Кларксон и Леона Луис, кои направија краткорочни кариери, јас не се сеќавам Идол да донел стабилна, капиталистички немотивирана кариера на еден изведувач. Најдобриот дел од Идол се самите аудиции, заради компетитивниот карактер. За следот на нештата по завршувањето и одбирањето на победникот, не сум оптимист.
 
Абе тинејџериве почнаа да се палат на ова чудо, или мене така ми изгледа гледам осмооделенките по фејсбуци ставаат слики од пејачите, па коментари па фан страни. Е тој е моментот кога една личност од пејач стаува ништо, само дечкиве пред да стана пејачи како тргнало работата ќе станат ништо.
 
Не ги преценувам туку ти ги потценуваш, зошто да не стигнат на рамниште со Лозано, Ламбе или Ѓоко овие не се ништо посебно, та и до Калиопи или Владо, цел живот е пред нив, а и талент имаат, само треба да знаат како да го искористат.:toe:

Епа тоа е финтата, дечкиве од идол сеуште не се пејачи. Сите овие што ги наброја имаат кариера, песни... какви такви.

Освен Кели Кларксон и Леона Луис, кои направија краткорочни кариери, јас не се сеќавам Идол да донел стабилна, капиталистички немотивирана кариера на еден изведувач. Најдобриот дел од Идол се самите аудиции, заради компетитивниот карактер. За следот на нештата по завршувањето и одбирањето на победникот, не сум оптимист.

еј, не мешај Америка и Британија (каде и лош/а пејач/ка со добра реклама станува мегаѕвезда) со Македонија/Балкан. Кај нас може особено многу да значи учеството на Идол. Не мислам победникот да нарпави супер кариера, не мора да биде токму победникот али сигурно учесниците кои се истакнале со мудро форсирање можат да направат голема кариера.

Инаку, моето мислење го кажав, Мики е човекот кој е откритието, треба огромно внимание нему да му се даде после идолов. Дечкото на секој концерт ги растура другите, дури мислам дека и тоа што нема асална конкуренција му дозволува да не се истакнува до максимум. Единствена конкуренција според мене можат да му бидат Иван и Дејан. Првиот пее одлично на секој концерт до сеа, вториот е се подобар и подобар. И мнозинството од другите се солидни пејачи, али Дејан и Иван се ниво погоре, а Мики е многу нивоа погоре од сите. :)
 
Абе тинејџериве почнаа да се палат на ова чудо, или мене така ми изгледа гледам осмооделенките по фејсбуци ставаат слики од пејачите, па коментари па фан страни. Е тој е моментот кога една личност од пејач стаува ништо, само дечкиве пред да стана пејачи како тргнало работата ќе станат ништо.
Сите сме биле такви (особено девојките :)) само ние не сме имале фејсбуци за да истакнуваме до таа мера. Сме лепеле постери од тие што сме ги обожавале и сл. Овие сега наместо постери лепат слики на фејсбук, исто ти се фаќа :)
 
еј, не мешај Америка и Британија (каде и лош/а пејач/ка со добра реклама станува мегаѕвезда) со Македонија/Балкан. Кај нас може особено многу да значи учеството на Идол. Не мислам победникот да нарпави супер кариера, не мора да биде токму победникот али сигурно учесниците кои се истакнале со мудро форсирање можат да направат голема кариера.

Лош пејач за тебе се Кели Кларксон и Леона Луис? :) Лош пејач не е ниту бугарката што победи Цонева. Ниеден од нив не е лош пејач. Фантастични пејачи се! Ама немаат стабилни кариери. Лиценцата за идолот е една. Идолот самиот по себе, не е стабилна продукција. Ти прави еден албум и чао пријатно. Таков е случајот со сите победници. За оние што не победиле не ни се дискутира. Одамна заборавени. Затоа, нека се борат да ги забележи Дарко Димитров, оти кариерата пак ќе им заврши тука.
 
Ивица ќе ја пее Ако има Бога од Ален Исламовиќ (ова че да е поздрав до Тони :))
 
Мики Секуловски напиша:
Decki vo ponedelnik ke imame Ex Yu Vecer !!! :) Jas nastapuvam 7mi so "Sve jos mirise na nju" od Parni Valjak !!! Pozz :*********
Овој пат нема да биде последен значи.. Ама пак е меѓу последните :)
 
Идолот е забавно музичко шоу кое има за цел да промовира таленти, но не да им прави кариера ,за кариера самите треба да се потрудат ,успехот нивни ќе зависи од многу други фактори .Многу ме интересира дали лиценцата за ова шоу е за една година ,бидејќи ако ја имаат откупено и за следната година ,значи летово ќе почнат нови аудиции, а со тоа и нови ликови со кој им се намалива рокот на тековните
Имајќи ја в предвид состојбата на мак сцената и поделеноста на табори тешко ќе дојдат до квалитетни композитори, а со тоа и песни ,а уште потешко до влез во продукција која би ја водела нивната кариера
Искрено сега пак Мики почнаа сите да го форсираат ,ваљда како противтежа на Виктор ,дури и кога нема да испее нешто посебно го прават дека испеал бог знае како ,"Кажи ми" не беше добро испеана ,премногу тврдо ,на нос ,мислиш ако не го примиш "неговото цвеќе" ке те тепа,еве како треба да звучи "Кажи ми"
 
Според мене “Кажи ми“ Мики ја испеа на свој начин, и беше многу посебно и добро.

Како што Танески ја пее на свој начин, така и Мики ја пее на свој начин, пуштија и оргиналот и ќе забележиш како песната да има 3 верзии.
 
Сите сме биле такви (особено девојките :)) само ние не сме имале фејсбуци за да истакнуваме до таа мера. Сме лепеле постери од тие што сме ги обожавале и сл. Овие сега наместо постери лепат слики на фејсбук, исто ти се фаќа :)


Од некој кои има само 3 настапи и до вчера беше малолетен? Не знам дали сте лепеле такви постери!!
 
Точно е дека преку ноќ станаа многу популарни. Не треба тоа да смета, за некој период ќе се издвојат оние кои ќе опстојат на македонската естрада.
 
државава е полна со таленти.......
Топ професии во Македонија се: пејач, независен експерт и политичар
пејачи никнуваат ко печурки после дожд, една песна или една година ќе се интересни, и ќе се заборават...а ако сакаат да се вратат ќе направат некој скандал.........
некој мотика да фати?
:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom