Македонската делегација примена од папата Бенедикт XVI

  • Креатор на темата Креатор на темата NIKA
  • Време на започнување Време на започнување

NIKA

F.B.I (Fausse Bonne Idée)
Член од
11 април 2006
Мислења
791
Поени од реакции
12
Возраст
39
Рим, 22 мај - Претседателот Бранко Црвенковски, кој ја предводи државно-црковната делегација што престојува во Рим во рамките на манифестацијата Македонија во чест на Св. Кирил, денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Бенедикт XVI.На средбата, папата изрази признание за Македонија за успешната израдба на демократско, мултиетничко и мултиконфесионално општество во кое почитувањето на верската толеранција и права се на највисоко ниво за што практична потврда е изградбата на католичка црква во Секирник. Ватикан, истакна папата на средбата со претседателот Црвенковски, внимателно го следи напредокот на Македонија кон ЕУ и ќе продолжи да го поддржува обединувањето на Европа, а во таа насока и зачленувањето на Македонија во Унијата.
Македонија и натаму е подготвена да гради блиски односи со Ватикан кои се значајни за билатералните релации и за реализирањето на интегративните процеси на македонската држава, посочи претседателот Црвенковски.
Тој го покани папата Бенедикт XVI да ја посети Република Македонија. Шефот на македонската држава на поглаварот на Kатоличката црква му подари уметничка слика. Папата, пак, претседателот Црвенковски го даруваше со монети со симболот на понтификатот.
Во македонската делегацијата што беше примена од папата беа Cкопскиот бискуп и Aпостолски егзарх Киро Стојанов и претставник на МПЦ, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.
По повод 24 мај - Денот на големиот словенски просветител Св. Кирил, македoнската делегација ќе го посети неговиот гроб во базиликата Сан Клементе.

За разлика од другите години во делегацијатанемаше ниту еден министер од владата на Република Македонија, а исто така немаше средба на претседателот Црвенковски со државниот секретар кардинал Анџело Содано.

Превземено од http://katolici.freewebpage.org


Што мислите ако не беа дозволиле изградбата на црква во Секирник, ке беа ли сега во Рим?

Патем кардинал Содано не го примил Црвенковски затоа што беше во посета на Бугарија за осветувањето на новата катедрала во Софија. А кај биле министрите не знам.
Па какви се вашите коментари за овој пост?
 
Нова информација...може да не и е местото овде но ајде....Кога отишла бугарската делегација при папата овој премиерот или претседателот не знам кој точно побарал останките на св.Кирил да им ги дадат на бугарите....се разбира папата не се согласил бидејќи не бива да го делат на св.Кирил на парчиња затоа што и ние македонците би побарале....впрочем подобро би било тој да си остане таму...доволни ни се политички проблеми и несогласувања таа уште не ни требаат...
 
NIKA напиша:
Нова информација...може да не и е местото овде но ајде....Кога отишла бугарската делегација при папата овој премиерот или претседателот не знам кој точно побарал останките на св.Кирил да им ги дадат на бугарите....се разбира папата не се согласил бидејќи не бива да го делат на св.Кирил на парчиња затоа што и ние македонците би побарале....впрочем подобро би било тој да си остане таму...доволни ни се политички проблеми и несогласувања таа уште не ни требаат...

Toa bese 2005 ili 2004. Znam deka togas bese Jovan Pavle papa. Pretsedatelot na BG gi pobara moshtite na Sv.Kiril i togas Jovan Pavle se soglasi deka ke dade del od moshtite.
 
Оваа година, но папата не се согласил.Паметен е човекот!Е сега штом и порано ги барале друга работа....туку да не земат после да белат дека Св,Кирил бил бугарин(не дека сега не велат) та и овде да се предадеме....
 
Да, одкако се дозволи изградба на католичка црква во Струмичко село во кое има тројца католици! На ти го - дај ми го, чиста трговија со интереси.
 
Не се само тројца, мандрак!
Туку ако не им стоеа над глава со пиштол кога ги прашуваат што се......немаше да има проблеми!
 
Ника, ти католик си или...?!
Забележувам два-три поста кадешто зборувап за религија, меѓутоа ми делува како да не си православна.

Не дека тоа нешто менува, чисто да си го задоволам љубопитството и да можам соодветно да коментирам, знаејќи кој ми е соговорникот.

Се извинувам ако „забегав” од темата.
 
Да католик сум....но важно ли е тоа нели сме си христијани сите....
 
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил

22.05.2011 - 10:32 |

Македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, од денеска ќе престојува во тридневна посета на Република Италија и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.

vaatt2_57398.jpg
Во состав на државната делегација се и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и заменик директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Антон Серечи, а во црковната делегација се митрополитите преспанско-пелагониски и европски, господин Петар и господин Пимен, како и бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов.
Според програмата, попладнево во Рим делегацијата ќе ја посети античката капела при Пантеон во придружба на Даниеле Микелети, ректор на базиликата Пантеон, каде ќе присуствува и на свеченото отворање на манифестацијата со концерт на Благој Нацоски, Ана и Олег Кондратенко, Алесандро Д Агостини и Марија Вршкова.
Во текот на утрешниот ден, во Ватикан претседателот Иванов ќе биде примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Бенедикт Шеснаесети, а ќе разговара и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Тарчисо Бертоне.
Попладнето македонската делегација ќе ја посети базиликата Свети Павле каде ќе положи цвеќе на гробот на Свети Павле во придружба на кардиналот Франческо Монтеризи, а во вечерните часови ќе присуствува на театарската претстава за Мајка Тереза насловена „Светица на темнината“.
По аудиенцијата кај Папата и средбите во Ватикан, во црквата „Свети Климент“ во Рим во вторник ќе биде одржан молебен на гробот на Свети Кирил во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/mak...cija-vo-rim-i-vatikan-vo-chest-na-sveti-kiril
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom