Македонска рок историја

  • Креатор на темата Креатор на темата zoraan
  • Време на започнување Време на започнување
Интересното е првите жанрови во Македонија што биле снимени на носач на звук се рок и евергрините што се вртат и ден денеска.

 
Мој човек познаник кој пред малку дојде кај мене на работа специјално ми донесе слика негова од групата бис без каде што се имаат сликано. Ваква слика ретко се гледа затоа јас ја скенирав и ја прикачувам за вие да ја видите сликата.

Scan20001.JPG
 
Група Глечери

Scan2.JPG

Формирани 1966 година, постоење до 1971 година.

Членови:

  • Шутевски Радослав - Шуте (сеуште активен во Синтезис), (Бубњеви)
  • Драгутин Вучиќ - Гута - Бас (гитара, соло гитара)
  • Тихомир Петровски - Тике (Пејач,ритам гитара)
  • Драгомир Шојиќ - Шојка (Гитара)

Оваа постава траела до 1969 година, но со заминување на Драгомир Шојиќ поради заминувањето во ЈНА на негово место дојде Бранислав Радуловиќ - Чоче кој свирел бас гитара. Групата Глечери учествува на југословенската гитаријада во Белград јануари 1967 година, на прва македонска гитаријада во Гевгелија февруари 1968 освоено прво место делено со Воденички Камења и втора македонска гитаријада во гевгелија 1968 година освено второ место додека прво го освоија Воденички Камења со пејачот Ѓоко Дончев.

Еве еден мал дел од македонската рок историја, ова што го дознав е од прва рака од Драгутин Вучиќ - Гута - Бас. Наскоро ќе додадам и нивни песни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom