Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

  • Креатор на темата Креатор на темата Тетекс фан ^
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа со какви проблеми отидовме на турнирот, ке кажам дека сме и одлични... Мислам дека можеме да им земеме барем сет на Србите... Некако премногу не потценуват...
 
Много добро засега играт македонците. Фала. Продалжете вака и понатаму. Сепак мислим дека и со малце поени разлика поискусната Србиjа ке си земе и трите сетови.
 
Штета што го изгубивме вториот сет.
На 23-22 имавме одлична можност за израмнување, ама еден од нашите смечираше во аут.
Големи проблеми имаме при прием на сервис...
 
Засега одлична игра во третиот сет... Проблем имаме кај блокерите посебно Клопчевски... Во повеке наврати се ,, бања,, и ги остава напаѓачите на Србија со само еден во блокот
 
Резил како го изгубивме последниов сет...
Восдевме 20-17, дозволивме да ни направат 21-20, па дојдсовбме до 22-23.
Пак без врска изигравме и Србија поведе со 24-23 и потоа го изгубивме најсмешниот поен со уште посмешен прием при сервис.
Одличен меч изигравме 25-22, 25-22, 25-23, срамота што не земавме ниеден сет, но во клучни моменти пресуди искуството, нашиве се тресеа...
Прием на сервис ОЧАЈ...
 
Добра игра на нашите... Страв ни беше да земеме сет, па и победа против Србија... Лошо го водеше тимот според мене и Жарко Ристоски... Го остави во игра Клопчески кој буквално повеке сметаше одколку што помагаше... Се бањаше многу... Требаше да проба со Николов место Маџунков кога го менуваше на Клопчески... Никола Ѓорѓиев (ТФ) ѕвер... другото солидно
 
Вистината во одбоjката е не да играш до 23 поен како равен со наjголемите а да знаеш како да изиграш после 23 поен. Добрите тимови играт наjквалитетно во овие моменти, а неискусните прават грешки. Одбоjката е игра на грешки и подобрите прават помалце.
 
Извинете само направив грешка... Николов бил болен затоа не играл, а исто болен бил и Карановиќ, па и Јосифов играл болен... Значи на сите проблеми и дополнителни проблеми сме имале... Така да и ова што го изиграа денес нашите е повеке од одлично... На крајот неискуството во вакви натпревари го направи своето...
 
Катастрофален прв сет... Белки ке се опорават во понатамошниот дел од мечот...
 
Ѓорѓиев е класа играч.Печен е за појака екипа од Мили Пјанго.
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 15:59 ---
Како го продадоа сетов.:(
 
Многу лош прием... Ѓорѓиев е најдобар играч на турнирот... штета...
 
Стварно, приемот им е мизерен, имаа одлична шанса да го освојат сетот, ама ја прокоцкаа, не е Португалија некоја посилна репрезентација од нас, ама 2-0 тешко дека може да се надминат, штета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom