- Член од
- 28 октомври 2005
- Мислења
- 8.293
- Поени од реакции
- 1.646

:: Македонија У 18
Македонската У 18 женска репрезентација засилено се подготвува за настапите на ЕП “Б“ Дивизија, кое ќе се одигра од 6 до 15 август во Скопје.
- Подготовките на репрезентацијата течат одлично. Веќе еден месец девојките тренираат заедно, можам да кажам дека веќе постои колективен дух, а и уиграноста е на едно добро ниво.
Имавме одлични услови за време на подготовките во Виница, каде работевме доста квалитетно.
Одигравме две одлични средби против Романија, која е член на “А“ Дивизијата. Успеавме на двапати високо да ги поразивме во Скопје, а одигравме и две пријателски средби против Хрватска, каде, и покрај поразот, одигравме одлично.
Вечерва ќе играме со машката кадетска репрезентација, потоа не очекува дуел со сениорската женска репрезентација на Македонија, а се надеваме да одиграме и пријателски натпревари против некој од учесниците на ЕП, непосредно пред неговиот почеток.
Очекувањата се да одиграме добро на ЕП, и достојно да ја претставиме македонската кошарка. - изјави селекторот на јуниорките, Светислав Костовски.
Една од поискусните кошаркари во репрезентацијата, членката на Спарс (БИХ), Ема Решкоска, изјави:
- Тренираме добро, атмосферата во репрезентацијата е одлична. Имаме голема самодоверба, по двете победи над Романија, и поразите од Хрватска, која е во “А“ Дивизија. Се надеваме дека ќе успееме да постигнеме добар резултат пред нашата публика.
Македонија ги започнува настапите на 6 август против Словенија (20.45 часот), на 7 август се среќаваат со Израел (19.30), на 8 август е дуелот со Португалија (17.15), а на 9 август е дуелот со Естонија.
Ја тепавме словенија одвај, иако губевме прво полувреме со повеќе од 15 разлика третата четвртина ја добивме со 31 - 14 з анас и во последната четвртина игравме кош за кош каде ние бевме посречни и на крајот славевме со 74 - 73 за нас. Натпреварот с еиграше во салата МЗТ.