H
HITCH
Гостин
ОГНЕНА ПУСТЕЛИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ
Подметнати пожари ги соголија планините!
Огновите пламнаа во август, веднаш по укинувањето на забраната за движење во шуми и по планини. Постојат индиции дека одредени групи намерно ги потпалуваат појасите за да дојдат до евтини дрва за огрев
Изминува летото, но високите температури го направија своето, иако се веруваше дека годинава пожарите ја одминаа Македонија.
Покрај ова и човековата негрижа, секако, придонесува за големиот број пожари што пламнаа деновиве. Поради тешкото справување со огнените стихии што пустошат низ цела Македонија, вчера беа вклучени и два хеликоптери на АРМ. Воздухопловите ќе помогнат во побрзото гаснење на огновите во недостапните предели на планините.
Пожари и понатаму беснеат во земјава, а се регистрирани точно шест пожари во југоисточниот дел од Македонија, од кои најголем е оној на Беласица и веќе се зафатени околу сто хектари. Додатно аларманта станува ситуацијата, бидејќи пожарите во западниот дел од државата се уште се активни и не им се гледа крајот. Додека 120 пожарникари, комуналци и шумски работници, потпомогнати од месното население и од воздухопловите, веќе шести ден се обидуваат да ја локализираат огнената стихија на планината Беласица, вчера попладне на потегот меѓу селата Варварица и Вељуса во близина на Струмица избувна нов пожар. Но, со брза интервенција на мешовити екипи за гаснење, пожарот кој зафати претежно нискостеблеста шума на ридот Еленица е брзо локализиран и се држи под контрола.
Пожарот во месноста Коџа Чаир на планината Беласица, меѓу селата Костурино и Куклиш се уште е активен. Делот од пожарот кон село Дорламбос е ставен под контрола и во текот на ноќта е оставена дежурна екипа, информира Центарот за управување со кризи.
Активен, но со намален интензитет е и пожарот над селото Свидовица.
Гори и во атарот на село Дворци, Македонски Брод. Зафатена е нискостеблеста мешана шума (смрека, габер и бука) на површина од околу 20 хектари. Активен е и пожарот во атарот на кичевсктоо село Цер, со кој е зафатена е нискостеблеста шума, грмушки, трева и смрека. Огнот е приземен и не се прошири на шумските површини со погуста вегетација. Изгасен е пожарот што вчера од Косово премина во атарот на кумановското село Слупчане, на ридот Злокуќане. Зафатена беше дабова и букова шума на површина од околу 40 хектари.
За набљудување и следење на состојбата на теренот соработуваме со хеликоптерските единици на МВР и на АРМ, кои вршат редовни надлетувања - велат во Дирекцијата за заштита и спасување.
Македонија, која се уште ги носи лузните од минатогодишната криза, кога огнените стихии пеплосаа цели појаси со борова шума, кои зафаќаа површина од 10.000 фудбалски игралиште, деновиве повторно се соочува со пожари кои пустошат низ државава.
Инаку, најголемиот дел пожари што ги голтаат шумските појаси и пасиштата во земјава биле предизвикани од луѓе.
Истрагата, која треба да ја спроведат надлежните служби, треба да покаже колку од нив биле предизвикани поради невнимание, а колку намерно. Пожарите пламнаа во август, веднаш по укинувањето на забраната за движење во шуми и по планини. Постојат индиции дека одредени групи намерно ги потпалуваат појасите со дабова и букова шума, за да дојдат до дрва за огрев по пониска цена. Имено, по пожарите, изгорените стебла се сечат и потоа се продаваат по двапати пониска цена од онаа на регуларно исечените дрвја од страна на "Македонски шуми".
Александар СРБИНОВСКИ, Вечер
Ова ич нечини казните се многу мали а пироманите за кратко време излегуваат од затвор или уште полошо не се ни пронајдени :nenene::nenene::nenene::nenene: