Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Ајде ако има некој за утре информација за пречек на кошаркарите и што како ќе биде ???

Дали има автобуси од Карпош што ќе се упатуваат према Аеродром?
 
AJДЕ БЕ НЕ РАСИПУВАЈТЕ АТМОСФЕРА,кај може медал со 6 и пол играчи играме,сите играат со 12.СРЦЕ НА ТЕРЕН по 40 мин.:cuc:Не добивме ебана бронза но добивме нова веле сила на наредните првенства.Сега желбата е уште поголема за ОИ.Да им дадеме подршка на оваа златна генерација да направат уште еден историсли чекор и да го видиме ТОШЕ како знаменосец во Лондон.
 
По изјавиве се гледа дека се големи шампиони овие дечки!!!
 
Ајде ако има некој за утре информација за пречек на кошаркарите и што како ќе биде ???

Дали има автобуси од Карпош што ќе се упатуваат према Аеродром?
11.30 часот пристигнуваат на аеродром.
13.30 часот прослава на плоштад.

Со кој ум пречек/прослава на плоштад во 13.30 часот врска неам.
 
Незнам дали глеавте на сител интервју имаше сеа со играчите..разочарани беа сите :notworthy:
 
Заслуживме медал ама тоа е тоа. Сепак супер е и 4-то место одлична игра на цело првенство, се враќаме на следното во Словенија.

Иначе кога се играат квалификациите за Олимписки игри знае некој ?
 
%7B32B48B95-FF27-41B2-9D11-31C0DEA0CC0A%7Dbig_h.jpg


Е вака се игра за Македонија, не ги критикувајте играчите ботови едни дека изумреа на терен.На нив најмногу им е тешко во моментов затоа апел до сите утре да ги пречекаме како што вистински заслужуваат,, уште еднаш големо браво за овој успех.
 
Засрамете се сите што пишувате и против Дамјан и против Војдан и против било кој од нашата репрезентација. И да, слободно можам да кажам дека вие не сте никакви навивачи! Навивач треба да си и во победа и во пораз, ама не штом ќе се победи сите ќе се чукаме во гради демек навивачи сме, а кога ќе се изгуби ќе се плука и ќе се плука по играчите. Типичен балкански менталитет. И затоа не заслужуваме ништо бре. Еј дечкиве стигнаа до полуфинале, достојно ја претставуваа државата, гинеа на паркет за кого бре? За вакви плукачи и г****јадци?

И да, јас се горедам со нашите момци. Со сите до еден, од прв до последен. И не ми е битна бронзата, зошто си имаме момци кои вредат злато и кои на некое наредно првенство пак ќе блеснат.
Фала богу да прочитам еден асален коментар!!
Немам намера ниту еден лош збор да кажам за нашиве репрезентативци, да победеа сигурно овде сите ќе скокаа до небо од радост и на никој немаше да му текне да пише за грешките во текот на натпреварот!
Што сакате повеќе бе, од 0 стигнавме до 4ти во ЕВРОПА! Од Балканот сме НАЈДОБРИ! И тоа ли ви е малку???
Ех пусто Македонче ненаситно...


За сите го*нојадци, да ве потсетам...
МАКЕДОНИЈА СЕ САКА, МАКЕДОНИЈА СЕ ЉУБИ, И КОГА ПОБЕДУВА И КОГА ГУБИ!!!!!!
Можеби не добивме бронза, ама дечкиве вредат злато!!!
 
Македонци мои најмили, дали може да сфатите дека во овие 20 години атмосферата во Македонија никогаш не била толку позитивна ?? Колку само насмевки имаше и исполнети срца во оваа напатена држава, навистина отворете ги очите и ќе видите колку само македонците се мотивираа и поврзаа како нација. Ова е примерот што ни требаше вратите на Европа се отворени за тие што знаат да си го испотат гзот и да го дадат максимумот.
 
Тоа е, стандардна приказна - гинеме во одбрана ама се зезнуваме во напад. :)

Браво за трудот, ама кога не иде, едноставно не иде. Антиќ пред тројката 0/9 од поле, за Чековски да не ни кажувам...да им тргнеше малце, можеби ќе пеевме друга песна, ама тоа е.
Русите паметно правеа што го оставаа слободен Чековски, а ги маркираа другите, па беше приморан да шутира. Дамјан секако не е крив, се случуваат такви работи со притисокот. Вие ја гледате само таа негова утка, а претходните на Антиќ, Чековски или Илиевски ги занемарувате. Сите се виновни за овој успех, како и денешниот "неуспех", за некои...

За мене и ова денес е успех, бидејќи се носевме со една Русија, а ако дадеше Господ и топката почесто стигаше до Војдан (и судиите не му начукаа 3 лични за 1 минута) можевме и да ги тепаме, бајаги. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom