Македонија ја проширува воената соработка со Кина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Прва посета на високо ниво од Кинеската Народна Армија. Потпишан нов договор со Кинезите.

Заменик командант на Главниот штаб на КНА Ма Ксинтиан кој рече дека без разлика на физичката оддалеченост
Македонија е рамноправен партнер и вистински пријател на Кина.

Коњановски повтори дека стратешката определба на Македонија се Евро-Атлантските интеграции (:nerv:), но дека со Кина имаме специјално пријателство.

Македонија не доби С-400 (според замислата на Хајдрух) а пропо посетата на Расмунсен, но доби доста со новиот договор со Кинезите, а допрва ќе добива.
 
Македонија не доби С-400 (според замислата на Хајдрух) а пропо посетата на Расмунсен, но доби доста со новиот договор со Кинезите, а допрва ќе добива.


Македонија или било која друга земја нема да добијат С-400 во наредните 20 години. Може само С-300 да добие. Но, ме интересира што доби Македонија со новиот договор?
 
Баш би било добро да се има С-300/400 на наша територија...
 
Нашиве како да прогледаа малку.Да видиме дали ова ќе има краток здив или ќе биде доследна политика која нема да се менува кој и да дојде на власт и ќе носи многу корист за нашата држава.
 
Одлично, така треба, да се оддачечуваме полека од НАТО и ЕУ..... сојузи не ни се потребни.
 
Македонија или било која друга земја нема да добијат С-400 во наредните 20 години.
А на што го базираш твоето тврдење?СА на пример веќе преговара за купување на истиот а С-400 е понуден на Турција на нејзиниот тендер за набавка на систем за нејзината ПВО.

Морам да повторам С-400 го спомнав како пример еден како лесно само со разговор може да се растресе силната позиција на Атина која го користи НАТО како инструмент со кој не присилува да прифатиме нејзини позиции,не велам дека нас некој би ни поклонил с-400.Поентата е дека имаме можности да играме активно на меѓународната политичка сцена и да создадеме контратежа на она со кое не притискаат нас.Ако во војна те гаѓаат со артилерија наоѓаш начин да се ослободиш од истата,ако имаш артилерија контрабатираш,ако не наоѓаш алтернативен начин.Во Босна знаело да се случи Србите да бомбардираат па Босанците да одат да купат гранати од нив(Србите) за да ги бомбардираат истите со нивни гранати.Тоа е жива вистина.

Можеби звучи смешно но јас стојам зад тоа дека ако се споменеше само(без никогаш да се оствари ни 10% од тоа) она што го дадов како пример,имаше да ја преораат нашава земја шатл дипломати од НАТО во рок од една недела,а Фуере ке фатеше пена на устата читајќи изјави.
 
Супер звучи, ама ништо конкретно не е постигнато освен чиста куртоазија со вакви изјави. Добро, многу е добро што нашите почнуваат да се активираат повеќе, но не сум убеден дали само ова е доволно. Кина е едноставно непресушен потенцијал, посебно за мала земја како Македонија која во рамките на било која кинеска економија е незначително мал финансиски напор за да се донесат нивни инвестиции.

Наредно би посакал да бидат Јапонија, Израел, Индија, Бразил, Мексико, Египет и полека да се возобновуваат контактите со поранешните “неврзани“ плус силна врска со проширената Вишеградска група... и сл.
 
А на што го базираш твоето тврдење?СА на пример веќе преговара за купување на истиот а С-400 е понуден на Турција на нејзиниот тендер за набавка на систем за нејзината ПВО.

Морам да повторам С-400 го спомнав како пример еден како лесно само со разговор може да се растресе силната позиција на Атина која го користи НАТО како инструмент со кој не присилува да прифатиме нејзини позиции,не велам дека нас некој би ни поклонил с-400.Поентата е дека имаме можности да играме активно на меѓународната политичка сцена и да создадеме контратежа на она со кое не притискаат нас.Ако во војна те гаѓаат со артилерија наоѓаш начин да се ослободиш од истата,ако имаш артилерија контрабатираш,ако не наоѓаш алтернативен начин.Во Босна знаело да се случи Србите да бомбардираат па Босанците да одат да купат гранати од нив(Србите) за да ги бомбардираат истите со нивни гранати.Тоа е жива вистина.

Можеби звучи смешно но јас стојам зад тоа дека ако се споменеше само(без никогаш да се оствари ни 10% од тоа) она што го дадов како пример,имаше да ја преораат нашава земја шатл дипломати од НАТО во рок од една недела,а Фуере ке фатеше пена на устата читајќи изјави.


Кога Турција ќе добие С-400 тогаш ќе разговараме за тоа, сега засега се само преговори.А некогаш преговорите знаат да траат........С-400 е понов систем на одбрана, и Русија сигурно дека нема одма да го даде својот понов систем за ПВО одма на располагање на сосем рандом земји.С-300 да, но С-400 нема.
И Македонија не е доволно моќна земја да игра на две столчиња, како што и се може на Грција на пример.А и гледам по примерот на северните што се случи кога се решија да играат со Русите.
 
Русија го нуди системот и тоа на земји кои се традиционално големи купувачи на Американско оружје,Саудиска Арабија,Грција,Турција.Значи има разлика од ,,Русија го нуди,, до ,,некој е заинтересиран,,.Штом го нуди значи нема што да крие и онака веќе работат на сосема нов систем.И с-300 го продаваа во 90-тите а го имаа во вооружувањето,уште повеќе истиот го купија и Американците.Па никој не направил аналог на него,освен Кинезите кои си ја купија лиценцата.Така да прогнозата дека 20 години никој нема да го види е малку преоптимистичка.Дури и 5 години е оптимистички.Кој има пари ке си го купи.Ете ПанцирС1 систем кој само што испадна,паралелно со Руската армија го добиваат и Алжир,СА,УАЕ,а системот е моментално врв во ПВО со краток дострел.

Веројатно правиш разлика од Русија во 90тите до оваа денешната.Или можеби подобро ке биде место да се обидеме просто да легнеме на брашното па да бираме да бидеме Северњаци или Вардарци?Инаку не дека и НАТО/САД се толку моќни па да им ќутиме и покрај тоа што можеби тебе ти изгледа така.Всушност вистината е дека не нзаат главата каде им е,уште чекам на резултатите од големите ,,офанзиви,, во Авгаснитан,теми на кои можеби се сеќаваш често пишуваше дека се гледа крајот на Талибанците...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom