Мaкедонија - Исланд [ 20.01.2014 - 16.00 часот ]

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Каков ќе биде конечниот исход?


  • Вкупно гласачи
    136
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Па и жителиве сеа станале некаков репер за квалитетот
Ко така да им даваме на секое светско првенство злато на кинезиве
Исланд во ракометов е 100години понапред од нас.Голман да имавме денеска како што треба може и ќќе победевме минимално.Ио дбраната носи голема кривица за поразиве на првенствово.Нападот освен денеска исто беше очаен на минатите натпревари и без комбинаторики али денеска беше супер па борко ја посра
 
Неколку работи само.

1. Единствено му замерувам на Обрван што не го смени на Борко на подолго. Можда и на Диви немаше да му иде ама вреди да се проба. Искрено нз и Митревски зошто воопшто не беше во комбинација за натпревариве.
2. Што сакате кажете, за мене Борко е еден просечен голман (кој стварно не знам како стигна да брани во Бундеслига). Не можеш ти една утакмица да браниш добро, другите 2 безвезе. А да не збориме за неговите проценки и за тоа што 80% од одбраните му се од мавање од него. Ако веќе натурализираме некого може да е ете голман.
3. Марковски ми големо разочарување на првенството. Леле и овој Митков подобро да не влагаше. Три пати во ред баш кај него во одбрана му направија скок-шут во место и примивме гол. Другиве мислам дека не треба да ги ругате толку, нити крилата нити Прибак итн.
4. Само против нас сите противнички голмани имаат минимум 15 одбрани. Е тука треба да се поправа работата.
 
Не го гледав натпреварот, но го следев на работа преку live ticker.Веќе напишаа некои, најголемата шанса ја испуштивме против Унгарија; тие нè торпедираа од било која позиција на тој натпревар.Сега вие очекувате да добиеме натпревар против Исланд или пак Данска, против земји од каде и потекнува самиот спорт.

Со ова не се согласувам. Кошарката, фудбалот, па и ракометот да не потекнуваат од Шпанија случајно што секогаш се или шампиони или у финале? И фудбалот мање-више потекнува од Англија, дека нели “колевка на фудбалот“, па кутрите од 1966 немаат освоено ништо (дури ако добро паметам тоа им е прва и единствена титула, немаат освоено ниту Европско), а се јачаат пред секое првенство.

Овие држави вложуваат во себе и финансиски и психички и физички. Дисциплинирани, професионални и кај нив игра тој што заслужува да игра, а не ко кај нас каша попара е секаде, не се знае кој пие, кој игра, кој плаќа.

Не е само до тоа од каде поттекнува спортот, има нешто и во посветеноста кон тоа што го прават, ко Шпанците кои се машини.

Види ја Хрватска, има освоено бронза на Светско у фудбал, у ракомет се речиси секогаш во топ 3-4 репрезентации, Србија има освоено Европско првенство у кошарка, ватерполо газат, одбојка исто имаат златни медали, Ѕвезда има освоено ЛШ. Една Грција беше Европски шампион у фудбал. До пред 20 години бевме иста држава, значи исто било и за нив и за нас мање више, а оние беа заглавени и со војни плус.

Ние имаме проблеми општо со менталитетот. Нема план, нема стратегија, се игра на импровизација, нема победнички дух, се е оставено на случајност, “ако се погоди“.
 
Играа солидно денес и не можам да им замерам освен на Ристовски, ај што не се докажа нешто со бранење не се докажа јебига лош ден, ама она изглегувањето на другата половина кога изгубивме топка, стварно не му требаше. Може не кошташе на крај. Гоце направи грешки во клучните моменти ама сепак мислам дека има голем потенцијал во детето може повеќе него Манасков и ете не можам да му се лутам:)
 
Со ова не се согласувам. Кошарката, фудбалот, па и ракометот да не потекнуваат од Шпанија случајно што секогаш се или шампиони или у финале? И фудбалот мање-више потекнува од Англија, дека нели “колевка на фудбалот“, па кутрите од 1966 немаат освоено ништо (дури ако добро паметам тоа им е прва и единствена титула, немаат освоено ниту Европско), а се јачаат пред секое првенство.

Овие држави вложуваат во себе и финансиски и психички и физички. Дисциплинирани, професионални и кај нив игра тој што заслужува да игра, а не ко кај нас каша попара е секаде, не се знае кој пие, кој игра, кој плаќа.

Не е само до тоа од каде поттекнува спортот, има нешто и во посветеноста кон тоа што го прават, ко Шпанците кои се машини.

Види ја Хрватска, има освоено бронза на Светско у фудбал, у ракомет се речиси секогаш во топ 3-4 репрезентации, Србија има освоено Европско првенство у кошарка, ватерполо газат, одбојка исто имаат златни медали, Ѕвезда има освоено ЛШ. Една Грција беше Европски Шампион у фудбал.

Ние имаме проблеми општо со менталитетот. Нема план, нема стратегија, се игра на импровизација, нема победнички дух, се е оставено на случајност, “ако се погоди“.


Тоа со Англија што го споменуваш е еден случај, ама да, така е.Само има еден проблем тука: кога станува збор за ракометот, државата против која игравме вложува и финансиски средства, и произведува млади таленти, и носи во себе победнички дух и што е најважно спортот потекнува од тие земји, зошто овој спорт првин го развивале северногерманските народи.Без разлика толку и не е важна историјата, сепак кога станува збор за ракометот тука сум и те како во право, едноставно не можеме да се споредуваме со Исланд како ви душа сака, едноставно нема логика.Затоа пишав најдобрата шанса ја пропуштивме, сега да се обидуваш да ги подредиш повторно елементите од сложувалката на место не оди.Знаеја дека ние сме во групата на „смртта“, и знаат дека секој натпревар треба да се игра максимално сконцентрирано и до смрт, а можеби и не знаеле.Еве зошто не ми се следи спорт и тоа македонски спорт, кога ќе видам на терен дрва облечени во национален дрес ми оди да повратам најискрено, секоја чест на исклучоци.
 
Јас ко што го сфатив, тоа и му беше поентата. Увек се вадиме на тоа 2 милиони, па 2 милиони.
Као народ генерално имаме комплекс на нижа вредност и немаме победнички менталитет. Тоа е факт. Додека тоа не се промени, нема да не биде. Покрај други икс причини.


И мене ми беше тоа поентата ама лошо се изразив. :D
 
Ова "мала земја сме што сакате" кога ќе го чујам или видам ми иде желба Голи Оток да се врати во функција.
 
И мене ми беше тоа поентата ама лошо се изразив. :D

Тебе те сфатив, него ептен погрешно го сфатија, а тоа му беше поентата, само може малце лошо се изрази, затоа и после тебе и други цитирав, да им објаснам дека погрешно го сфатија човекот. :)
 
Него, друга работа не ми е јасна, како успеавме Австрија да ги тепаме?
 
Него, друга работа не ми е јасна, како успеавме Австрија да ги тепаме?
па кога ќе видиш како, во последен момент игра ..... затоа и е тенок резултатот на крај за нас ... постојано истото се случува ,дали водиме или губиме , одма примаме голови како луди ... одговор ... одбраната .... веќе досадно ми е да тролам за ова ... ајде ...
 
Сме имале среќа, класика муабет. :)

Можда и тоа ќе да е.
Цела утакмица против Шпанија играат у егал, ниеднаш не им дозволија да се одлепат да им напраат разлика.
 
Така е бе Бранче. Со Мите Стоилов и факинг Митков требаше да тргнеме на Европско (y)

Па боље наш да не ебе, барем нема да ни е криво. Доста цел живот други не ебат.
 
Нека игра уште Златко, па ќе дојдеме некогаш и до тоа 5-то место пак. ОДМА ДА СЕ ИСКЛУЧИ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ТОЈ ИГРАЧ! НЕ ЗАСЛУЖУВА ДА ИГРА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ДРЕС!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom