Македонија и Русија потпишаа спогодба за меѓусебно признавање на дипломите

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
Спогодба за признавање документи за образование и научни звања меѓу Македонија и Руската Федерација потпишаа денеска македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески и руската заменик-министер за образование и наука Ина Биленкина.
Со Спогодбата, меѓу другото, се усогласуваат нормите за признавање на образовните дипломи стекнати во училиштата и на универзитетите во двете земји и се воспоставува основа за продлабочување на меѓусебната соработка.
Потпишувањето на Спогодбата е дел од активностите на македонскиот владин тим, кој предводен од премиерот Никола Груевски, е во посета на Руската Федерација.
Владината делегација денеска на бизнис форум во градот Владимир ќе ги промовира инвестициските можности и поволностите за отворање и реализација на бизнис во Република Македонија.
Предвиденo e владиниот тим во чиј состaв се и министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, да има средба и со губернаторот на Владимирската област, Николај Виноградов.
Браво за потегов на владава.
 
А зарем до сега не беа признати дипломите? Како бе така па нели до лани министерчето за образование се фалеше дека македонските дипломи се признати во целиот свет како сега вака?:facepalm: И уште нешто, во САД,Канада и Австралија македонските дипломи не се признати..
 
А зарем до сега не беа признати дипломите? Како бе така па нели до лани министерчето за образование се фалеше дека македонските дипломи се признати во целиот свет како сега вака?:facepalm: И уште нешто, во САД,Канада и Австралија македонските дипломи не се признати..
Знам дека у Канада од електро дипломата призната е.
 
Наместо да се ориентираме кон ЕУ, подобро да им се придружиме на Кина и Русија.
а шо че ни пра кина и русија нас? доволно доенчиња си имаат и двете.




и сосема неповрзано со темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom