„Македонија е грчка“ - хакерски пораки до А1

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
makedonija-grcka.jpg

27.03.2010 19:10

Македонија е Грчка. Порака со ваква содржина заедно со географска карта во која Република Македонија е дел од Грција го преплави сандачето за електронска пошта на А1.
Испратените се од извесна хакерска група ГХС, која уште и предупредува дека ќе го сруши целиот информатички систем на медиумот.
Нападот доаѓа на само два дена по парадата на која грчки војници среде Атина извикуваа антимакедонските пароли на парадата по повод националниот празник на Грција.
Специјалците на грчките поморски воени сили, прво извикуваа „Тие се скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа“, а потоа и „Ќе се лее крвта на албанските свињи".
Грчките власти уште вчера го суспендираа офицерот на единицата, и најавија казни и за војниците. Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис нареди истрага и порача дека никој нема право да шири омраза и ксенофобија.
Инцидентот го осудија и грчките медиуми. Елефтеротипија прашува „Зошто толку омраза“, и Дали Грција живее во 2010 година со социјалистичка Влада или пак во сеќавањата на воената диктатура.
Расистички слогани денеска жестоко ги осуди и официјална Тирана. Вицепремиерот и министер за надворешни на Албанија паролите ги оцени како скандалозни и насилни.
Македонското МНР пак се уште молчи. Ќе испрателе протест, но откако ќе се увереле во автентичноста на видео материјалот.
hakeri-grcaka1.jpg
 
Многу е интересна сликава... останатите делови од грција чии се?
 
Глупчовци! Немаат попаметна работа и чекај сега ќе праќаме слики и ќе се фалиме дека сме хакери. Од грк што друго може да се очекува.
 
A1? :pos: Не бе, чекај...А1!? :pos: Грците треба да ги преплавуваат шутрациве со благодарности и подароци, а они... Па и картава. Некако наивна е работава, што велите? :)
 
Што убави плажи имаат,фин народ и ненормално добар ноќен живот.Или не беше тоа темата?
Нели ви здосади бе,аман од темиве.
 
A1? :pos: Не бе, чекај...А1!? :pos: Грците треба да ги преплавуваат шутрациве со благодарности и подароци, а они... Па и картава. Некако наивна е работава, што велите? :)

Не е наивна... зошто? Поентата е А1 да кажат дека:
„Инцидентот го осудија и грчките медиуми. Елефтеротипија прашува „Зошто толку омраза“, и Дали Грција живее во 2010 година со социјалистичка Влада или пак во сеќавањата на воената диктатура.
Расистички слогани денеска жестоко ги осуди и официјална Тирана. Вицепремиерот и министер за надворешни на Албанија паролите ги оцени како скандалозни и насилни.“
А нашето:
“Македонското МНР пак се уште молчи. Ќе испрателе протест, но откако ќе се увереле во автентичноста на видео материјалот.“
 
Мислам дека стручните екипи на А1 не разликуваат spammer од hacker.
Се собрале 15 годишни дечишта, script kiddies, и оп, интернет подземјето на Грција ни се заканува, помоооош!
 
Мислам дека стручните екипи на А1 не разликуваат spammer од hacker.
Се собрале 15 годишни дечишта, script kiddies, и оп, интернет подземјето на Грција ни се заканува, помоооош!

Замисли да направат фејк профил на Иванов. Има да кажат дека го киднапирале идентитетот на претседателот и државата е можно да влезе во криза поради тоа.
 
битно е шо конечно економијата им станува прва занимација пред национализмот!!! тука веќе ќе има промени....
 
битно е шо конечно економијата им станува прва занимација пред национализмот!!! тука веќе ќе има промени....

Ама додека смислат како од кризата, вакви интермеца ќе ни го одржуваат плукачкиот потенцијал :)
 
Мислам дека стручните екипи на А1 не разликуваат spammer од hacker.
Се собрале 15 годишни дечишта, script kiddies, и оп, интернет подземјето на Грција ни се заканува, помоооош!

баш така, тоа ти е спам, кој што многу лесно може да се лоцира од кај им имаат стигнато пораките, но што можеш да очекуваш од глупи ИТ-"Инжињери" кој што не можат да разликуваат ит термини.
 
Зар и јас треба да објавам дека добивам „хакерски пораки“ затоа што секој ден ми стигнуваат по 100 пораки за вијагра? ВИЈАГРАТА Е ГРЧКА! Кој термин е ова „хакерски пораки„ побогу? :) Анти-спам серверите, кои сега знаеме дека А1 не ги користи, постојат за да не се случи некој да ги замара новинарите со вакви глупости. Али, во потрага по сензација, новинарите успеаа да направат цела вест за 382 спам пораки. :nesvest:

Хакерска финта за A1:
1) Отвори Inbox;
2) Притисни ги истовремено копчињата CTRL + A на тастатурата;
3) Притисни Delete;
4) Проблемот со „хакерските пораки“ е решен.
 
А бе остај то, А1 имаат експерти, тие ќе решат се.:pos2::pos2::pos2:
 
Не е наивна... зошто? Поентата е А1 да кажат дека: „Инцидентот го осудија и грчките медиуми.

Па А1 е практично грчки медиум. Само не знам зошто сите паѓате на вакви евтини провокации од А1. Јасно е дека војниците го зборат она што нивната влада го мисли, тие така се задоени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom