:nenene:.... членарината е само "tip of the iceberg".
Кога би се влегло во унијата следуваат низа даночни и законски промени кои резултираат на нов циклус на буџетски издатоци, кои се повторуваат секоја година.
Е сега, муабетот околу понудата-помошта на унијата која таа ја дава на своите помалку развиени членови... :tv:, премногу верувате во медиумски пропаганди (оф-топик, критичко размислување и стручна едукација е тоа што му фали на македонскиот народ).
Помош и сега постои преку разни фондови, само што треба некој да седне, да направи реална стратегија, да го загрее столчето и да пишува проект
И. Е дури отпосле, на ред доаѓа барање на одредени лоби групи во унијата (со софистицирани методи на корупција) кои тие 1000% издржани проекти ќе ги прогураат преку буџетските врати на унијата. Иста шема се повторува и по влегување во унијата... Гледам дека и OstapBND напишал нешто на "темата".
Секоја земја т.е. нејзините политички партии и лобито на големите бизнис субјекти, си имаат своја математика дали вреди да се биде член во унијата... иста математика има и унијата. Во наш случај, ако добро ја погледнете хронологијата на економските настани во корелација со политичките, барем во последните 8 години, ќе видите дека "нашите" не сакаат приклучување и се некои "сопки" се случуваат

. ЕУ може само да профитира со нашето членство, како што профитира сега со "реформите" кои ги финансира кај нас. Ние, т.е. политички-правните субјекти можат само да изгубат...
А што губат:
1. Младо население (без разлика дали има квалификации или не). Ова е најголема причина поради која и имаме комплицирано излегување надвор од државава. Демек сме непријатност за унијата... Кој ќе остане да работи за 4000-6000 денари, кој работодавец ќе си дозволи да плаќа
процентуално високи придонеси во корелација на новонастанати вискои плати во корелација со озбилна конкуренција од унијата, кој ќе го полни буџетот.... кој всушност ќе остане овдека да работи за да ја храни администрацијата (партиите) и пензионерите? Има премногу if-then-else, со очигледна завршница на нашите граѓани goto EU.
2. Буџет... големи одвојувања и зголемени контроли на трошење. Ќе мора да се изнајдат софистицирани начини за манипулација за да се присвои дел од буџетот во приватни раце. Зошто да се комплицира?
3. ЕУ фондови... зошто да се замараме и онака сме на дно во регионот по број на предложени проекти за пристап на фондовите на унијата. Да не збориме за ригорозните критериуми на самата унија, која не дава пари ако не сте во исти гаќи со неа, без разлика колу е добар-искрен самиот проект.
4. Нови маркети за продажба на нашите производи... во моментот, колку имаме трговски дефицит, колкави ни се производните капацитети и колку нашите фирми се извозно ориентирани кон унијата во својот
бизнис менталитет? Бизнис менталитетот е посебна категорија, за тоа треба посебна тема... се повеќе мислам дека бизнис лобито е правиот кочничар (директен и индиректен) на нашиот државен просперитет.
Наровоучение: Подобро прв во село, отколку последен во град.