- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.063
- Поени од реакции
- 16.629

Да се биде или не за нашата репрезентација..
После првите два натпревари од групата, по очекуваниот пораз од домаќинот на првенството, репрезентацијата на Данска, и испуштената шанса за победа над Република Чешка, која скоро сигурно ќе не однесеше во следната фаза, Македонија во третото и решавачко коло за нас, а и за останатите репрезентации, шансата ќе ја бара против Австрија, битен натпревар и за двете репрезентации, не толку битен за Австрија (бидејќи имаат една победа над Реп. Чешка и според распоредот на мечеви, скоро сигурно се во наредна фаза), колку што ќе биде за нас, победа ќе ни го осигура пласманот во наредната рунда, секој друг резултат е сведен на математика.

Како што може да се забележи од првите две кола, во репрезентацијата на Австрија не преднечи ниту еден ракометар, како што е случајот кај нас, и во моментот има неколку ракометари кои имаат постигнато ист број на погодоци, но најефикасен моментално е Виктор Силаѓи.
Последниот дуел овие две репрезентации го одиграа во баражот за СП во Шпанија, подобар во тој дуел беше репрезентацијата на Македонија, првиот меч во Скопје го добивме со 26-21, во реваншот загубивме со само три гола негатива што беше доволно за пласман на тој шампионат.
Но од пред две години, речиси изменета е репрезентацијата на Австрија не толку играчки, колку со стилот кој го негуваат, доста добар ракомет пружат, и во никој случај не смеат да се потценат, победата од десет гола разлика над Република Чешка во првото коло доволно говори за тоа во каква форма се во моментот, па не се посрамотија ниту со домаќинот Данска синоќа.
Кај нас очекувам конечно во вистинско светло да ги видеме крилата, посебно Манасков, па и голманите да се на некое повисоко ниво нема да е грешка.
Па се надевам дека на крајот од овој меч ќе се радуваме ние, како што беше случај и пред две години во Виена.
