- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
МАКЕДОНЕЦ ПО ПОТЕКЛО- НОВ НАЧАЛНИК НА ГШ НА ТУРСКИТЕ ВООРУЖЕНИ СИЛИ
Армискиот генерал Илкер Башбуг, чии родители потекнуваат од Македонија, е избран за нов началник на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, јавија денеска турските медиуми.
На четиридневното заседание на Врховниот воен совет на Турција, што заврши денеска, е решено Башбуг да го замени досегашниот началник на Генералштабот, генерал Јашар Бујуканат, кој заминува во пензија.
Изборот на Башбуг на новата дожност треба да го одобри и турскиот претседател Абдула Ѓул, што се очекува да се случи во текот на денов.
Според турските медиуми, Нашбуг важи за воен дипломат со работно искуство во Командата на НАТО и за искусен стратег, особено при командувањето со турските сили во борбата против сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) во југоисточниот дел на Турција.
Аналитичарите оценуваат дека „ледениот генерал“, како што го нарекуваат Башбуг, ќе заземе потврдокрна политика во однос на происламската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП).
Башбуг официјално треба да стапи на новата должност на 30 август.
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=E1E4343B8D5FEB449909D7458F0E6CB9