Македонците во Австралија

  • Креатор на темата Креатор на темата Стрелец
  • Време на започнување Време на започнување

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Веб-сајт
www.tj-hosting.com
Според најновите податоци објавени од австралискиот Оддел за имиграција и мултикултурни прашања поврзани со историскиот развој на етничките заедници, во Австралија живеат околу 82.000 граѓани кои на минатиот попис се изјасниле дека имаат етничко македонско потекло, од кои 43.490 родени во Република Македонија.

На пописот 71.352 лица се изјаснале дека го зборуваат македонскиот јазик како мајчин, 1.660 лица иако биле родени во Македонија се изјасниле дека нивниот мајчин јазик е англиски, а 290 лица родени во Македонија дека зборуваат српски.

Според најновите податоци на Одделот се вели дека првите припадници на Македонската етничка заедница пристигнале во Австралија уште во 19 век, но оти првиот позначаен бран се појавил во дваесеттите години од минатиот век и тоа во најголем дел во сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија.

Најмногу Македонци се доселиле во Австралија во периодот од 1961 до 1976 година и тоа претежно од битолско-охридскиот регион на Република Македонија.

Интересни се податоците објавени и за лицата родени во Република Грција за кој се вели дека нивниот број е опаднат со 8 проценти од минатиот период.

На последниот попис 107.340 лица се изјаснале како Грци, а 2.500 се изјасниле дека се родени во Грција, но оти зборуваат македонски јазик и се со македонско етничко потекло.

Во делот посветен за Грција уште пишува дека Грција е планинска земја во Југоисточна Европа и дека Филип од Македонија ја совладал Грција во 5-от век пред нашата ера.
 
Интересни бројки.

Во делот посветен за Грција уште пишува дека Грција е планинска земја во Југоисточна Европа и дека Филип од Македонија ја совладал Грција во 5-от век пред нашата ера.

Сигурно така пишува? Мала грашка имаат. Нема везе.. битно ги совладал и покорил 8)
Евентуално ако имало и некој друг Филип за кој јас не знам :)
 
Поостри правила за австралиско државјанство

Австралија ќе ги заостри правилата за издавање државјанство на странски емигранти како дел од новата антитериористичка кампања.

Ова го најави австралискиот министер за емиграција Џон Коб во интервју за агенцијата Ројтерс.

Според Коб, странците кои аплицираат за австралиско државјанство, согласно новите прописи, ќе мора да живеат во земјата најмалку четири, а не како досега две години.

Покрај тоа, ќе бидат засилени и проверките на странците кои поднесуваат барања за добивање австралиско државјанство.
 
Глупости. Во контекст на тоа дека ова се прави поради можноста од терористилки напади. Божем би променило нешто ова...
 
МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА ОД АВСТРАЛИЈА



Иселениците од Македонија се подготвени да помогнат финансиски за да се организира нивното гласање во Австралија за идните македонски избори, изјави вчера Игор Аврамовски, претседател на Здружението на македонските општини од Австралија.

Тој рече дека по отворањето на македонската амбасада во Австралија значително се подобрени можностите македонските иселеници да се стекнат со правото да гласаат на изборите.

- Ние треба да имаме право на глас и властите во Република Македонија треба да создадат такви механизми. Гласањето може да се одржува во амбасадата, но и на други пунктови чие создавање ние можеме и финансиски да го помогнеме - нагласи Аврамовски на вчерашната конференција за печат.

Претставниците на македонската заедница истакнуваат дека во Македонија се' уште не постојат сите услови за зголеменото инвестирање од Австралија.

- Правниот систем се' уште не е доволно развиен и стабилен за да гарантира заштита на инвестиции. Тоа мора да се подобри - смета Игор Аврамовски.

Според него, постои подготвеност да се реши проблемот со имотите на црковните општини во Австралија, но условот за тоа е да се назначи нов владика наместо администраторот, митрополитот Петар.

Пратеникот во Парламентот на австралиската држава Нов Јужен Велс Питер Брин, кој е лобист за правата на Македонците, по посетата на Бугарија, Албанија и на Грција изјави дека македонското население во овие земји ќе се асимилира ако продолжи сегашниот негаторски однос.

- Изненаден сум од разликата помеѓу односот на соседните земји кон македонското национално малцинство и односот на Република Македонија кон малцинствата. Очекувам признавање и почитување на етничките права на Македонците во соседните земји - рече Брин.
(Б.Ѓ.)

prevzemeno od Dnevnik
 
Македонската дијаспора во Австралија е во добар дел организаирана и кохезивна. Успех за нашите таму е тоа што на една од Сиднејските општини, Рочдејл има градоначалник Македонец. Тоа е Благоја (Бил) Саравиновски. Во оваа Сиднејска општина оиголемиот дел од населението е по потекло од нашите балкански простори. 10% од населението се Македонци, поголемиот дел од битолско - ресенскиот крај. Имаат свое шеталиште кое го наликува на битолски Широк сокак, па нашите и така го викаат. За одбележување е тоа што во оваа општина има соработка помеѓу Македонците и Грците, што претставува своевиден преседан.
 
Ај да воскреснам една тема, во интерес да не се отвара друга.

Што ме загрижува... еве ова.

„Вашата црква и вашите корифеи кои неа ја организираа заслужуваат да бидат забележани не само со големи, туку и со златни букви затоа што придонесоа кај најголемиот дел од нашите браќа и сестри од неслободните делови на Македонија, да го зачуваат името, верата, културата и традицијата на нашиот Македонски народ, а вашата национална и црковна мисија е одржување на Македонскиот бит на најдалечниот континент Австралија“.

Со оваа писмена порака Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, на управата и верниците им ја честита 50 годишнината од постоењето на Свети Горѓи, првата Македонска православна општина формирана надвор од границите на Македонија, во Мелбурн, каде и покрај поканите, не беше присутен ниту еден претставник на Македонската црква, државната власт и ниту еден од нашите дипломати во Австралија, но тука беа високите претставници на Австралиската централна и локална власт.

„Оваа свеченост покажува дека кога Македонците се населија во Австралија,најмногу од економски причини, овде со себе го донесоа богатото културно наследство од татковината и со тешка работа ја направија Австралија тоа што е денес“, рече Хери Џенкинс-спикер на Австралискиот Парлламент.

На свечената академија беа многу поранешни и сегашни активисти вградени во животот на црквата.

„Јас во таа црква го крстив вториот син, и сите поголеми празници сме ги чествувале во Свети Горѓи, јас сум член на таа црква и се чувствувам како да е дел од мене“, вели Љупчо Станковски, Македонски иселеник и верник.

Учесниците на свеченоста не заборавија да изразат жалење што палењето на првото Свети Климентово кандило надвор од Македонија, овде во Мелбурн, пред пет децении тогаш признато од МПЦ, по поведувањето на црковните спорови пред повеќе од една деценија, ги подели црквите и верниците со судските спорови кои однесоа милиони долари.

„Добро е што овој раздор не е од верски и духовен карактер, туку само македонистички, кој со текот на времето, а се разбира со искрена желба и воља и што е најбитно, со меѓусебно простување, истиот може да се надмине“, порача отец Лука, свештеник во црквата Свети Горѓи во Мелбурн.
Во знак на петте децении црковен и Македонски живот во Австралија, беше промовирана книга за јубилејот од Роберт Михајловски, а црковните активности беа претставени на изложба на фотографии.

Бидејки А1 како најдемократско средство не сака да објавува добро смислени коментари со некаква вредност, а многу сака да постира коментари со ракоплескачки карактер... морам ова со вас да го споделам. Бидејки овде има кој да слуша, кој да се противи и кој да остави малку простор за размислување. Лично не ми е важен коментарот на А1 ама по една кратка личноспроведена студија од 8недели и ниеден објавен коментар во А1 (коментари од секаков карактер), можам само да кажам дека „бастионот“ на демократијата и алтернативното размислување :uvo: во Македонија е токму тоа што сите знаме - фарса.

Назад кај Австралиските Македонци (или како што многумина од нив сакаат да се нарекуваат Австралјанци со Македонско потекло).

За текстот:

1. Тимотеј не е надлежен во Австралиско-новозеландска Епархија. Тој нема што да испраќа писма а истото писмо да не помине преку надлежниот архиереј. Но ајде, ова да го преголтнеме и да кажеме дека човекот сакал, па напишал. Сепак тоа не е со протоколите кои што се употребуваат во МПЦ.

2. Св. Горѓи не е најстарата општина. Можеби веќе е, но не беше. Челниците на таа општина со чело на Ристо Алтис (според државна документација или Ристо Алтин како што се прикажуваше пред Македонците...) профитираа од продавање на локацијата во општината ФИЦРОЈ и таа црква веќе не постои. Всушност таа црква полека почна да губи поради иселувањето на Македонците од околните населби, али сепак местото имаше големо историско значење... но профитото беше неодолив за нив.

3. Немаше представник од МПЦ и Република Македонија бидејки истата „црква“ или „црковна општина“ не е дел од МПЦ. Значи таа „црква“ е всушност регистрирана компанија а не Црква.

4. Локалната власт и Хери Џенкинс отидоа бидејки на нив многу им е гајле за спорот... нив им се важни гласовите и промовирањето на „мултиетничкото“ општество во Австралија... да напомнам исто така дека се ближат избори во Австралија.

5. Љупчо Станковски (спомнат како верник) зборува за тоа како тој е верник во таа „црква“ (верник во што? во црква која што не е дел од МПЦ и Македонското јадро?)... да има една друга таква црква, црквата на Вранишковски. Исто така тој напоменува дека е ЧЛЕН... ова не е член како што вие одите во една црква и сте ЧЛЕН на таа црква. Ова ЧЛЕНСТВО е членство каде што тој е дел од таа црква додека еве јас ако одам таму, нема да ги имам истите „привилегии“ бидејки не сум член. Додека ако тој отиде во Св. Наум Охридски, тој е на исто ниво како мене и тебе. (гледате разлика?)

6. Прво кандило надвор од МК? Кој лажат?

7. Црковните спорови не ги разделија верниците, туку ја поделија Македонската заедница на верници и неверници. Луѓе што се дел од МПЦ и поврзани со Македонија и луѓе како овие во „Св. Горѓи“ кои што се компанија и оперираат независно од Македонското духовно тело. Спорот е токму поврзан со приврзување на компаниите со МПЦ. Тие не сакаат да се дел од МПЦ тие сакаат да се самоуправни компании кои ќе бидат оперирани за лични профити на членовите и ќе се разликуваат во секој аспект на управување, водење итн... од црквите во Македонија. Незнам за вас ама на мене ова ми личи на одрекување од Македонската Православна Црква за постигнување на лични цели под основа дека тие се нешто подобри од Македонците во Македонија.

8. Каков е тој „македонистички“ раздор? Дај некој овде нека ми објасни оти јас немам појма! А разрешување на спорот... па ќе има кога ќе се потчинат под статутот и уставот на МПЦ, под кој спаѓаат сите цркви на територијата на Република Македонија како и бројни цркви во странство, вклучувајки 6цркви и 2манастира во Мелбурн).

9. О. Лука не е отец лука бидејки тој е расчинет од САС на МПЦ. Што значи дека не е свештеник туку е расколник кој само им изигрува свештеник на одпаднатите. Всушност тој самиот си ги крсти децата во Македонија... а тоа кажува многу.

Прашања? Дополнувања?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom