Македонците во Албанија признати од Грците во Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Иако лукавата Атина стои на нејзините тврди ставови дека не постои македонско малцинство, сепак Грците надвор од границите на Грција тврдат дека постојат Македонци и македонски јазик.


Европската комисија во овогодинешниот извештај за напредокот на Република Македонија го избриша македонскиот јазик , но во извештајот за напредокот на Албанија, стоеше – Македонско малцинство.


"Една од моите задачи е да му ги пренесам на премиерот сите работи кои произлегуваат од малцинствата. Овде сум и добро ги слушам интересите на сите групи, интересите на сите претставници на малцинствата и кои се нивните главни проблеми.


На оваа дебата произлегоа повеќе проблеми поврзани со прашалникот за пописот, за тоа кој прашалник е подобар, првиот или вториот.


Ова не го кажувам според мое мислење, туку според ваше. Сите овие сугестии кои ги кажувате на дебата ќе биде добро да ги доставите до Државниот комитет за малцинства, кој благодарение на вас, е формиран од вас за вас, со исклучок на Омониа, кој не присуствуваше на формирањето.


Благодарност на сите организации кои го искажаа своето политичко мислење, дека на прашалникот подобро би било да бидат запишани имињата на сите малцинства, како што се: грчко малцинство, влашко, арнаутско, српско-црногорско, македонското малцинство и други.


Јас не го пренесувам моето лично мислење, идеите ваши ќе ги пренесам на премиерот и тој потоа ќе може сам да одлучи што и како да му каже на господинот Поло.


Потоа г. Поло ќе види дека ова се забелешките на малцинствата за ние да направиме колку е можно подобар попис.


Благодарение на Господ, што власта ни го овозможи ова, за прв пат да се запише нашата националност, да се запише и нашиот јазик, и да се запише верата во која ние веруваме, затоа треба бездруго сите да се поддржиме.’’ – изјави Константина Межани.


Претседателката на Комитетот за малцинства во Албанија, Константина Межани, неколку пати спомна дека во Албанија постои македонското малцинство, на дебата поврзана со пописот во Албанија што треба да се спроведе следната година.

http://macedonianspark.com/mk/vesti/mediainternet/465-2010-11-28-22-33-19
 
Се е измешано овде на Балканот, апсолутно се, никој ништо не знае а сите мислат се во право ... незнам.... тешко , ма да и ова многу не ми се верва..ама се е можно :)
 
Јалови политичари ни ја водат државата 20 години, само тоа можам да коментирам на оваа вест и на било која слична!
 
Претседателката на Комитетот за малцинства во Албанија Константина Межани е под силен притисок, откако на јавната дебата поврзана со пописот во Албанија што треба да се спроведе следната година, јавно го призна постоењето на македонската етничка група во оваа земја.( прочитај повеќе )








Константина Межани како претседател на албанското владино тело кое треба да обезбеди почитување на правата на малцинствата во Албанија пред неколку недели го предизвика гневот на своите сонародници во Грција но и на претставници на бугарските служби кои се обидуваат Македонците во Албанија да ги прикажат како Бугари.

Во меѓувреме додека Албанија се соочува со бојкот од малцинствата на пописот доколку нема посебни графи за нив, во Голо брдо продолжува хајката против децата кои учат македонски јазик. Пред неколку дена агенти на тајната служба за безбедност и даночници се заканија со казни за организаторите на курсеви по македонски јазик.


http://www.macedonianspark.com/mk/vesti/mediainternet/472-2010-12-12-13-11-44
 
Се е измешано овде на Балканот, апсолутно се, никој ништо не знае а сите мислат се во право ... незнам.... тешко , ма да и ова многу не ми се верва..ама се е можно :)

Зошто да не ти се верува?

Грците во Албанија ги имаат истите проблеми како и Македонците во Албанија и воопшто нема да ме чуди ако сакаат да се здружат со цел да си ги изборат правата.
 
Не знам дали баш спијат. “Омонија’’ молчи како путка под кошула, бидејќи најверојатно се има испазарено и не се придружи да ја потпипше Декларацијата на малцинствата до владата во Албанија.

Малцинствата велат дека Албанската влада сака да покаже апсолутно мнозинство од 97% Албанци во Албанија на пописот, и да им фрли коска од 3% на сите останати.

За што се испазариле јужните, не знам, но “а’’ не изустуваат засега.

Само за потсетување, јужните цигани направија петиција во 1991 година во тогашната CSCE, и тврдат дека има 300.000 Грци во Албанија. Иницијативата е поддржана директно и јавно од Папуљас и од грчката дијаспора (вкл. го и Стефанопулос).

Истовремено експлицитно го негираат постоењето на Власите, кои ги нарекуваат “Еленовлахои’’.
 
Зошто да не ти се верува?

Грците во Албанија ги имаат истите проблеми како и Македонците во Албанија и воопшто нема да ме чуди ако сакаат да се здружат со цел да си ги изборат правата.

Македонците и Грците здружени, колку Којотот и Брзата Птица .... ама ај .... нека биди ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom