Македонците од Aвстралија на протест!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Прекрасно! Убавина!....Останав без текст.
Голем успех е што владата ги укина визите за австралијанците .
 
Браво! Алал да им е.
Нам да ни е срам, шо се предомислуваме!
 
Во Австралија се оддржа најмасовниот протест за зачувување на уставното име на Македонија и за правата на Македонците што живеат во Грција и Бугарија.
На протестот во Мелбурн учествуваа повеќе од 50.000 луѓе. Заклучоците од резолуцијата усвоена на протестот се упатени до австралиската, македонската, грчката и бугарската Влада, како и до ЕУ, ОН и НАТО.
„Протестот одлично помина, без никакви проблеми, се беше мирно, онака како што впрочем и беше замислено“, рече Злате Ничевски, Совет на македонска заедница.
„Ги испративме пораките до австралиската Влада и до меѓународната заедница. Беше одлично посетен и убаво беше денеска да си Македонец во Австралија“, додаде Ничевски.
вести А1
 
е алал да им е стварно... а не да се препукнуваат ко кај нас....
 
е алал да им е стварно... а не да се препукнуваат ко кај нас....

Па ако им се даде да гласаат на сите од дијаспората, нема да има потреба да се препукаваме....зашто? Нека ти текне од прва! :)
 
Браво за нашинците од Австралија.
Од нив да учиме како треба да се однесуваме ние кои сме во Европа, а особено македонците кои живеат во татковината.
Поддршка за македонците во Мелбурн.
 
Знам дека помина еден месец од Протестот на Македонците во Мелбурн / Австралија, но никогаш не е касно за повеке инфрмации.
За сите кои сакаат да ги видат фотографиите од настанот ви ја доставувам адресата од мојата блог страна www.ausmak.com/blog .

Она што се случуваше тој ден беше вистинска гордост за самата Македонија и целата Македонска нација. Од зградите излегуваја луге, работници... видов една случка кога еден возач на трамвај застана и побара едно Македонско знаме( возачот беше од индиско потекло), го истакна напред на предното стакло на трамвајот и замина на неговата релација онака со знамето.

Моите двајца синови (13 и 16) кои беа заедно со мене на протестот, мислам дека никогаш нема да заборават кои и што се, без разлика дали Македонската влада и политичарите ке дозволат промена на името. Помалиот мој син ми рече; Мислам дека никогаш до сега немам видено толку многу ЦРВЕНА БОЈА (мислејки на Македонските знамиња и самата облека на лугето)...

Можеби не знам да ги објаснам зборовите патриот, националист, земјољубец....
НО ЗНАМ ДЕКА СУМ МАКЕДОНЕЦ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО И НЕ ПОСТОИ ТАА СИЛА КОЈА КЕ МИ ГО ДОКАЖЕ СПРОТИВНОТО,А НАЈМАЛКУ ДА МЕ ГО ОДЗЕМЕ ИСТОТО...
Поздрав
 
Дури сега ја гледам темава, срам да ми е.
аусмак, одлични фотографии, солзи ми навреа на очи од радост кога ве гледам, алал ви вера за се што правите.
Имам роднини во Мелбурн, од битолско се, печалбари отидени пред години.
Многу поздрави за иницијативата и да се нагледаме убави работи во иднина.
 
Вистина штета што многумина во македонија не ни знаат за протестите во дијаспората.Медиумите се најпоќе виновни за тоа.
Така беше и со протестот во февруари на плоштадот Пела во Скопје,кој единствено беше прикажан со видео од 7 минути во емисијата кај Миленко на канал5.
По другите медиуми беа прикажани само инцидентите пред атинскиот конзулат од една група од околу 500 која се оддели од многуилјадната толпа.
Еве да се потсетиме на тоа,вакви протести што повеќе треба да има за да се свестат политичарите наши и да почни да се буди националната свест кај народот.http://uk.youtube.com/watch?v=GFcsYHea_1U&feature=related
http://uk.youtube.com/watch?v=GaSpFwMDJxU&feature=related
 
mene me zagriziva toa sto vo nasive mediumi e slabo pokriena rabotata na nasava dijaspora, na primer za protestite vo zeneva , ili vo kambera sto bea iam vpecatok deka minuvaat niz mediumi bez soodveten tretnman , posebno so video zapis ..taka da ostanuva da barame po youtube nekoj klip.

Затоа имаме на кајгана.
 
Се Протестираат заради нивните права..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom