- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.483
- Поени од реакции
- 5.963
И натаму голем дел од Македонците одат да работат во Црна Гора и таму да го извадат парчето леб за себе и за своето семејство, особено во летните месеци. Нашите луѓе се меѓу најбројните странци што работат во таа држава, но пред нив се Србите и Босанците.
Според најновите податоци од црногорското министерство за труд и социјала, дури 21 процент од работниците во Црна Гора што доаѓаат од другите земји, се Македонци. Најбројни се Србите - 41 отсто, а потоа следуваат Босанците со 27 проценти застапеност во работниците од странство, кои ги регистрира Црна Гора.
Инаку, во последните седум месеци во Црна Гора се вработиле 9.686 странци, изјави министерот за труд и социјална политика на Црна Гора, Суад Нумановиќ. Странците најчесто работат во секторите туризам, угостителство, трговија, градежништво и земјоделство. (Ек.Р.)
http://utrinski.com.mk/?ItemID=10B3F5CF23779C4DA7540DBD7215A7F9