Ова што го збориш е многу дискутабилна тема. За ние да вложуваме сами во државата и парите да не протекуваат надвор, треба да купуваме само македонски производи од македонски продавници. Тоа подразбира неносење на Најк, Адидас и сите марки, кои знам дека сите би ги носеле. И тоа е суровата реалност.
Бидејќи ти ако купиш Најк патика, таа не е направена тука, ја јачаме Кореа, плус е увезена од странство...можеби од Грција? Прочита што напишав јас за конзолите, од каде ги увезуваат?
Затоа, кога ќе размислиш подлабоко, дали си купил Најк патика од Македонија, Грција или Србија, истата математика на вложување во државата ќе ја добиеш. Затоа и ми се чудни оние со животна мисија "НЕ КУПУВАМ ОД ВЕРО". А кој работи во Веро?
Македонци.
Ама затоа купуваат од Nike пред GTC.
Или каде е патриотското да купиш телевизор од AMC, а не од странство?
Тоа што не колат за 20% најмалку поскапи цени, крадат кабли и те "дупат" после со гаранцијата и поправките? Телевизорот го прави Самсунг, AMC го увезува, јас да дадам 200 евра повеќе за да се осеќам како патриот?
Денес изгледа тоа е дефиниција за патриот - да имаш гз, поточно пари, за да ги фрлаш за преплатени работи во Македонија. Работи кои и не се ни произведуваат овде.
А после ќе се чудите зашто Delinda ве прашува дали работите и се самоиздржувате. Епа чудете се, што да ви кажам...