Магнетни појаси на Доктор Левин, искуства

Член од
2 август 2012
Мислења
79
Поени од реакции
12
Имал ли некој искуство со магнетите појаси на Доктор Левис? Топ Шоп производ, во објаснувањето кажуваат дека делува на исчашувања и спортски повреди, како и кај воспаленија и ревматоиден артритис. Со намера сум да купувам, за член во фамилија со дијагноза ревматоиден артритис. Друг производ наменет точно за оваа дијагноза не сум сретнала, меѓутоа тоа не значи дека овој производ ќе донесе максимално излекување што и не очекуваме (и што не е можно) затоа што болеста е во напредна фаза. Но да се почувствува некое олеснување.
Цена со попуст 1990 денари, користел некој, вреди ли воопшто, или да не се арчат пари? :)

http://www.topshop.com.mk/magnetni_...srcint=mk_gen_general_osm_sa_v1&refint=NA_osm
 
Еден другар зеде и освен пласебо ефектот нема никакво чаре од нив, барем така тој кажуваше.
Ама човек што пати од таква дијагноза се фаќа за влакно само да ги намали болките, и што знам што да кажам.
 
Топ шоп врска дефинитивно си немаат мој другар земал магнетни појаси и не му помогнале јас земав перница од топ шоп и кога ја даваа на рекла леле мајко а кога ја земав воопшто не беше така :confused: лажги со опашки
 
Мора магнетот да има некакво позитивно влијание. Космодиск се вадат на тоа дека производот не им функцинонира ниту со магнет ниту со чуда туку со некоја друга подобра технологија. Ама Космодиск е за грб, а нас ни треба за колена и зглобови.
--- надополнето: 28 септември 2012 во 21:26 ---
А има ли некој појас или нешто во вид на појас што помага за ревматоиден артритис? :D
--- надополнето: 28 септември 2012 во 21:26 ---
Тогаш Космодиск се најдобри дека даваат период од 1 месец за враќање на парите доколку клиентот не е задоволен од услугата. Овие мислам не даваат.
 
Моите дома користат и се фалат дека помалку ги болат колената.
 
Колку сериозна им беше претходно болката на колената? Оди за пациент со артрит и те како значи и минималното намалување на болка.
 
Имал ли некој искуство со магнетите појаси на Доктор Левис? Топ Шоп производ, во објаснувањето кажуваат дека делува на исчашувања и спортски повреди, како и кај воспаленија и ревматоиден артритис. Со намера сум да купувам, за член во фамилија со дијагноза ревматоиден артритис. Друг производ наменет точно за оваа дијагноза не сум сретнала, меѓутоа тоа не значи дека овој производ ќе донесе максимално излекување што и не очекуваме (и што не е можно) затоа што болеста е во напредна фаза. Но да се почувствува некое олеснување.
Цена со попуст 1990 денари, користел некој, вреди ли воопшто, или да не се арчат пари? :)

http://www.topshop.com.mk/magnetni_...srcint=mk_gen_general_osm_sa_v1&refint=NA_osm
Подобро ќе поминеш ако тие пари ги дадеш за здрава исхрана.Мајка ми страда од тоа и од кога е активна и се храни здраво,не сум ја чул да се жали.Порано не сакаше да крева тешко затоа што зглобовите и попуштаа сега од кога е активна ем изгледа убаво и не се жали.Решението ти е повеќе активност пешачење и омега 3 масти да внесува и да јаде повеќе млечни производи.
 
Тие тврдат дека помалку ги боли, а не дека престанала болката. Ти препрачувам да земеш, оти во рок од 30 дена можеш да видиш дали се намалува или не. Ако не чини, можеш да го вратиш.
 
Омега и калциум упатуваат сите на зацврстување на коска? Пациентот е скоро неподвижен, ако го јаде ова ќе качува тежина без да ја симне, протеини + и у кревет ќе заврши. Не друже, али фала на совет.
--- надополнето: 28 септември 2012 во 21:53 ---

А парите како се уплаќаат? На жиро сметка? Па потоа они ти враќаат на жиро ако ти не си задоволен од производ?
 
Погледни го видеото па види дека нема вистина.
 
Омега и калциум упатуваат сите на зацврстување на коска? Пациентот е скоро неподвижен, ако го јаде ова ќе качува тежина без да ја симне, протеини + и у кревет ќе заврши. Не друже, али фала на совет.
--- надополнето: 28 септември 2012 во 21:53 ---

А парите како се уплаќаат? На жиро сметка? Па потоа они ти враќаат на жиро ако ти не си задоволен од производ?

Ако пациентот е скоро неподвижен, не знам дали има фајде.
Инаку појма немам како се уплаќа. Ама како и да е, ти го враќаат целиот износ. Не знам каде живееш, ама колку што знам топ шоп имаат и продавници по градовите, па може да се распрашаш.

Има еден лекар д-р Миркин и тој има малку радикални мислења за лечењето на артритис итн.
http://www.drmirkin.com/
 
На времето баба ми зема вакво, врска немаше, според нејзино и искуство на татко ми.
 
Ќе има ефект ако си направен од железо...Тоа врска нема... уште и магнет...уф уф уф....
 
Имал ли некој искуство со магнетите појаси на Доктор Левис? Топ Шоп производ, во објаснувањето кажуваат дека делува на исчашувања и спортски повреди, како и кај воспаленија и ревматоиден артритис. Со намера сум да купувам, за член во фамилија со дијагноза ревматоиден артритис. Друг производ наменет точно за оваа дијагноза не сум сретнала, меѓутоа тоа не значи дека овој производ ќе донесе максимално излекување што и не очекуваме (и што не е можно) затоа што болеста е во напредна фаза. Но да се почувствува некое олеснување.
Цена со попуст 1990 денари, користел некој, вреди ли воопшто, или да не се арчат пари? :)

http://www.topshop.com.mk/magnetni_...srcint=mk_gen_general_osm_sa_v1&refint=NA_osm
Не се лажи со вакви глупи производи. Што ќе ти кажат од официјалната медицина, тоа ти е. Физикална терапија, лекови ...
Немат моите искуство со овој магнетен појас, но затоа имаме цела колекција на вакви глупи топ - шоп производи, од космодиск до витафон (тоа е она со утразвук, руска медицина, дрн, дрн ). Се се тоа глупости само да ти ги земат парите, ништо не помага.
 
Баба ми ги купи од топ-шоп продавница и е убедена дека има 100% ефект од појасиве. Јас сепак мислам дека се работи за placebo ефект. Лично јас не верувам во магични помагала. Тие пари би ги дал за физикална терапија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom