Магии - бу!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Значи вака, кај мајка ми во дуќанот пред извесно време влегла некоја циганка да купи нешто и додека мајка ми го барала производот циганкава и кажала на мајка ми дека некоја личност од нашето опкружување ни има напраено магии и на 3 места дала по 1500 денари за да ни оди лошо. Некоја што не ни зборела во последно време, ни била љубоморна и ја погодила дури и првата буква од името на жената. Мајка ми се подзамислила и одма и текна за кого се работи. Само циганкава почнала да бара многу пари за да ја раскинела магијата и мајка ми ја откачила. Зошто се луѓево олку злобни? :confused: Навистина на моите не им одеше работата периодот, можеби до тоа било.. да незнаеш дали да веруваш дали да не веруваш
 
Го има некој пробано срањево?

Еве еден ритуал кој ќе можете на заобиколен начин да го употребите во љубовните магии.! Најдобро време за овој ритуал е ноќ со полна месечина кој му дава додатна сила.
Потребни ви се : ритуален нож – може да послужи чист кујнски, подолг стап – најдобро од леска, парче чиста хартија.

Прво направете магичен круг заради заштита,и во него седнете, а на парчето хартија напишете ја вашата желба. Свиткајте ја хартијата неколку пати и ставете ја во центар на кругот. Точно над неа држете го стапот вертикално во левата рака, а ножот во десна рака.

Завртете се кон југ држејќи го ножот во таа насока и изговарате:

“ Чувари на југот, духови на огнот,

Во име на Бог и Богиња,

Во име на силата на природата,

Ве повикувам и ве молам вас,

Оваа желба понесете ја,

Со вашата моќ остварете ја!”

Завртете се кон запад држејќи го ножот во таа насока и изговарате:

“ Чувари на западот, господари на водата,

Во името на Бог и Богиња,

Во име на сила на природата,

Ве повикувам и ве молам,

Оваа желба остварете ја,

Сите препреки отклонете ги!”

Завртете се кон север дежејќи го ножот во таа насока додека изговарате:

“ Чувари на северот, низ моќта на земјата,

Во име на Бог и Богиња,

Во име на сила на природата,

Ве повикувам и ве молам,

Желбата моја преземете ја,

Со вашата енергија остварете ја! “

Завртете се кон исток држејќи го ножот во таа насока и изговарате:

“Чувари на истокот, јавачи на ветровите,

Во име на Бог и Богиња,

Во име на сила на природата,

Ве повикувам и ве молам,

Вивнете се во висините и желбата моја исполнете ја!”

Потоа излезете надвор со хартијата во раце и изговарајте:

“Оган, вода, земја, воздух

Соединетесе во пентаграм,

(нацртајте пентаграм на хартијата)

Во име на Бог и Богиња,

Во име на светлото и темнината,

Моите посакувања ќе бидат исполнети,

Низ следните денови остварени!”

Сега едноставно запалете ја хартијата и пуштите целосно да изгори!

Тоа е тоа и се надевам дека некому ќе помогне ! Среќно
 
Што треба да значи ако најдиш коса во стар весник ??????
 
Што треба да значи ако најдиш коса во стар весник ??????

Тоа значи дека откако ќе се истрижиш сам дома, треба да ја фрлиш и косата и весникот кој бил постелен...
 
Го има некој пробано срањево?
,

,

Еднаш кога бевме мали си игравме во маало, и ни текна да собираме пикавци и да се правиме дека пушиме. Помина една баба, комшикаи не испердаши, а ние почнавме да цртаме некакви кругови и да баеме на непознат јазик, и правевем магија да не не каже дома.
За жал, магијата не успеа. Бевме експресно наклеветени.
 
Тоа значи дека откако ќе се истрижиш сам дома, треба да ја фрлиш и косата и весникот кој бил постелен...
Од 92 година весникот и коса малку ми е чудно што стое во фиока и тоа малце коса не многу ....
 
Мислам дека треба се да запалиш и пепелта да ја фрлиш во река.
Мајка ми сега ми кажа дека била моја коса од кога сум бил мал кога ме пострижувале кој човек прави вакви работи ???? Чудно ми е оти цел живот надоле ми е тргнато
 
Значи вака, кај мајка ми во дуќанот пред извесно време влегла некоја циганка да купи нешто и додека мајка ми го барала производот циганкава и кажала на мајка ми дека некоја личност од нашето опкружување ни има напраено магии и на 3 места дала по 1500 денари за да ни оди лошо. Некоја што не ни зборела во последно време, ни била љубоморна и ја погодила дури и првата буква од името на жената. Мајка ми се подзамислила и одма и текна за кого се работи. Само циганкава почнала да бара многу пари за да ја раскинела магијата и мајка ми ја откачила. Зошто се луѓево олку злобни? :confused: Навистина на моите не им одеше работата периодот, можеби до тоа било.. да незнаеш дали да веруваш дали да не веруваш

Лесно е да познаеш разочаран човек по лицето, циганката пробала да ја излаже мајка ти ама супер што не прифатила да и даде пари. А тоа со името е боза, ја сеа да ти кажам дека некој на С ти мисли лошо тебе одма ке ти текне некој на С и ке испревртиш во главата некоја ситуација со таа особа и ете ти сомнеж, страв, омраза после према тој човек. Во таква ситауација лесно се манипулира со луѓето и ако мајка ти и поверувала ептен убави парички ке сте дале. Баталете такви работи, нема грам вистина во тоа. Ги користат слабостите на луѓето да заработат некој денар само
--- надополнето: 3 август 2012 во 14:55 ---
Мајка ми сега ми кажа дека била моја коса од кога сум бил мал кога ме пострижувале кој човек прави вакви работи ???? Чудно ми е оти цел живот надоле ми е тргнато

Твоите ја чувааат така? Не ти ја ставил некој друг таму сигурно :pos:. Имам гледано на слики од крштевката на сестра ми, кумата и сече коса и ја ставаат во нешто. Незнам дали ја чуваат уште моите ама тоа е адет некој глупав не верувам да има врска со магии и такви ствари. Иначе ништо такво тебе неможе да ти наштети ако ти не веруваш во него. Психата ти прави се, не постои МОЌ поинаква во тие ствари. Сите тие адети и слични срања се за да ги заплашат луѓето. И ти ако поверуваш дека тоа ке ти наштети они лесно те контролираат и сите тиа бајачки, бабишта и сл. уште повеќе ке те навлекуваат и ке те вртат а уствари тебе само стравот те јебе, ништо друго. Така да што и да слушнеш не се замарај, НЕМААТ МОЌ никаква, се е страв
 
Абе од кај да знам и адети и што ти ја знам веќе од толку проблеми дури каа успеав паднав психички и тоа многу од виа апчињата што ми ги даваат што нема да си помислиш :unsure: :confused: :facepalm:
 
Абе од кај да знам и адети и што ти ја знам веќе од толку проблеми дури каа успеав паднав психички и тоа многу од виа апчињата што ми ги даваат што нема да си помислиш :unsure: :confused: :facepalm:

Тие магии што ти ги напикале во глава дејствуваат. Знаеш како? Преку моќта на сугестијата, односно преку твојата психа. Значи не се замарај со глупости кои реално не постојат(освен во твојата глава)

Бројот на луѓе во државава кои веруваат во тоа дека постојат ''магии'' во смисла дека некој може преку разни предмети да ти предизвика, болест, депресија, растурање на семејство и слично е фрапантен. Неверојатна работа. Страшното е тоа што во овие баналности веруваат и млади луѓе. Не можела да си фати дечко затоа што и направиле магија The fuck? Магија?
 
Некој посакува да станеш врколак.
Веднаш најди некоја баба да ти забае, кај и да е ќе почнат влакна да ти раснат
Ккккхмм, врколаци не постојат!Единствено може да му се јави Хипертричоса кои иако се наследуват можат и да се добијат!
--- надополнето: 5 август 2012 во 22:32 ---
Тие магии што ти ги напикале во глава дејствуваат. Знаеш како? Преку моќта на сугестијата, односно преку твојата психа. Значи не се замарај со глупости кои реално не постојат(освен во твојата глава)

Бројот на луѓе во државава кои веруваат во тоа дека постојат ''магии'' во смисла дека некој може преку разни предмети да ти предизвика, болест, депресија, растурање на семејство и слично е фрапантен. Неверојатна работа. Страшното е тоа што во овие баналности веруваат и млади луѓе. Не можела да си фати дечко затоа што и направиле магија The fuck? Магија?
Магии постојат( па,и јас ги правам :LOL:) Сепак има разлика од магија до магија, магиите кои влијаат на тебе се најлесни да се направат, а кај другите работи плацебо ефектот! Иако може некој им фрлил магија но тие пак незнаат!:rolleyes:Иако ке те поправам, глупостите постојат!Не само во твојата глава!
 
Ккккхмм, врколаци не постојат!Единствено може да му се јави Хипертричоса кои иако се наследуват можат и да се добијат!

Магии постојат( па,и јас ги правам :LOL:) Сепак има разлика од магија до магија, магиите кои влијаат на тебе се најлесни да се направат, а кај другите работи плацебо ефектот! Иако може некој им фрлил магија но тие пак незнаат!:rolleyes:Иако ке те поправам, глупостите постојат!Не само во твојата глава!

Ај направи ми магија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom