Мафини

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Мафини со овошје и бело чоколадо

Состојки.
250 мл млеко
125 мл масло за готвење
260 г брашно
150 г шеќер
200 г бело чоколадо
400 г зрнесто овошје (малини, јагоди)
2 лажици лимонов сок
1 јајце
3 лажици прашок за пециво
малку сол
mafini-so-ovosje-i-belo-cok.jpg
www.migusto.mk
 
Апетитка мафини

Потребни состојки:
- 4 јајца
-1 лажичка сол
- 200 гр.пченкарно брашно
- 150 мл. јогурт
- 100 мл. зејтин
- 150 мл. кисела вода
- 1 лажичка прашок за пециво
- 350 гр. лут ајвар

Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги прво белките со една лажичка сол во цврст снег, па тргнете ги на страна. Жолчките, ајварот, пченкарното брашно, јогуртот, пецивото, зејтинот и киселата вода матетете ги кратко колку да се соединат. Потоа додадете ги претходно изматените белки со сол, но мешајте со лажица. Во калапи за мафини ставете хартиени корпички и полнете 2/3 од калапот. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.
 
Апетитка мафини

Потребни состојки:
- 4 јајца
-1 лажичка сол
- 200 гр.пченкарно брашно
- 150 мл. јогурт
- 100 мл. зејтин
- 150 мл. кисела вода
- 1 лажичка прашок за пециво
- 350 гр. лут ајвар

Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги прво белките со една лажичка сол во цврст снег, па тргнете ги на страна. Жолчките, ајварот, пченкарното брашно, јогуртот, пецивото, зејтинот и киселата вода матетете ги кратко колку да се соединат. Потоа додадете ги претходно изматените белки со сол, но мешајте со лажица. Во калапи за мафини ставете хартиени корпички и полнете 2/3 од калапот. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени.

Го имаш пробано рецептов? Вака мене мрснички ми изгледаат со 100 мл. зејтин плус мрсното кога ќе пушти од ајварот. :confused:
 
Го имаш пробано рецептов? Вака мене мрснички ми изгледаат со 100 мл. зејтин плус мрсното кога ќе пушти од ајварот. :confused:
Нема да излезат мрсни, не се секирај ;)
 
VANILA CUPCAKES / MUFFINS/ ВАНИЛА КОЛАЧИЊА Време на подготовка шпетнаесет минути, печење 20-24 минути на 180 степени. Се добиваат околу дванаесет колачиња. Една и пол шоља (за кафе) брашно Една шоља шеќер Една и пол лажичка прашак за пециво Половина лажичка сол Половина лажичка ванилиш жеќер Осум супени лажици несолен путер Половина шоља павлака Едно цело јајце Две жолчки Цимет по желба Ванила екстракт по желба Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат со миксер додека не се изедначи смесата и стане компактна. Во меѓувреме се загрева рерната на 180 степени целзиусови. Подготвената смеса се распоредува во модли за колачиња и се става на решетката во средниот дел од рерната и се пече околу 20 минути. Се проверува повремено со чачкалица. Кога на чачкалицата нема да се лепи смесата и кога таа ќе дпобие златно жолта боја колачињата се готови. Vanilla buttercream frosting/глазура од ванилин путер Подготовка десет минути Една шоља несолен путер Две и пол шољи шеќер во прав Една супена лажичка ванила екстракт Во миксер, со средно голема брзина измешај го путерот околу пет минути. Потоа намали ја брзината и постепено додај го шеќерот во прав, штом целиот шеќер е солидно измешан, зголеми ја брзината на миксерот и додај го ванила екстрактот. Мешај со миксерот додека не стане се воздушесто. Намачкај ги колачињата со мешавината, одозгора. Послужи. Јади. Наздравје.
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 16:22 ---
VANILACUPCAKES/ MUFFINS/ ВАНИЛА КОЛАЧИЊА

Време на подготовка петнаесет минути, печење 20-24 минути на 180 степени. Се добиваат околу дванаесет колачиња.

Една и пол шоља (за кафе) брашно
Една шоља шеќер
Една и пол лажичка прашак за пециво
Половина лажичка сол
Половина лажичка ванилиш жеќер
Осум супени лажици несолен путер
Половина шоља павлака
Едно цело јајце
Две жолчки
Цимет по желба
Ванила екстракт по желба

Сите состојки се ставаат во длабок сад и се мешаат со миксер додека не се изедначи смесата и стане компактна.
Во меѓувреме се загрева рерната на 180 степени целзиусови.
Подготвената смеса се распоредува во модли за колачиња и се става на решетката во средниот дел од рерната и се пече околу 20 минути. Се проверува повремено со чачкалица. Кога на чачкалицата нема да се лепи смесата и кога таа ќе дпобие златно жолта боја колачињата се готови.

Vanilla buttercream frosting/глазура од ванилин путер

Подготовка десет минути

Една шоља несолен путер
Две и пол шољи шеќер во прав
Една супена лажичка ванила екстракт

Во миксер, со средно голема брзина измешај го путерот околу пет минути. Потоа намали ја брзината и постепено додај го шеќерот во прав, штом целиот шеќер е солидно измешан, зголеми ја брзината на миксерот и додај го ванила екстрактот. Мешај со миксерот додека не стане се воздушесто. Намачќкај ги колачињата со мешавината, одозгора.

Послужи. Јади. Наздравје. :D :D :D
 
Мафини со маслинки

Потребни состојки:
- 500 гр брашно
- 1 прашок за пециво
- 3 јајца
- 250 мл јогурт
- 200 мл зејтин
- 100 гр издробено сирење
- 200 гр исецкани маслинки
- лук во прав

Подготовка:
Сите состојки убаво изматете ги и ставете ги во калапи за мафини. Печете 20-30 мин. на 220 степени.
 
Фини Мини солени Мафини

Потребни состојки:

- Шунка
- Пченкарно брашно (1 чаша)
- Пченично брашно (1 чаша)
- Јогурт или Кисела вода (1 чаша)
- Масло за јадење (1 чаша)
- Прашок за пециво x1
- Јајца x3
- Сирење

Подготовка:
Јајцата се матат со малку сол. Потоа се додава јогуртот, маслото за јадење и двата вида на брашно заедно со прашокот за пециво. На крај се додава исецканата шунка и здробеното сирење. Со вака изматената смеса се полнат модлите и се ставаат во рерна да се печат околу 30 минути. За декорација можете да направите сос од ситно сецкани краставички, мајонез и павлака.

thumb.php
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom