Мадона

  • Креатор на темата Креатор на темата ЃАВОЛЧЕ
  • Време на започнување Време на започнување
Карти за концертов во Југотон. Не знам која е цената. Ќе мора да идете и да си прашате. Иначе за бабава ни 5 евра не давам а камоли 35. Едноставно нели ме нервира и се занесува. Со еден збор ТАПА е :)
 
типката нема ни пола октава распон, зш да идам? да гледам како скока таму 50годишна лудача...
 
Единствено на сајтот од Аурора Турс досега видов аранжман за кај Мамадона. Примамливо е, ама не знам после труењето и смртта на таа девојката, дали многу ќе отидат.
 
Ах, не викај два пати. Има луѓе кои само за да бидат видени ако треба и во Чеченија ќе одат на концерт. Многу им е гајле нив дали ќе бидат затруени:)
 
Таа баба опстојува на музичката сцена 25/30 години деца мои.Таа баба ги помина сите промени во стилот на музиката и на изгледот без некој да каже а.Токму таа баба има толку хитови што незнам која ќе и се фати за малиот прст.Она кога почнуваше јас се обидував да излезам од стомакот на мајка ми,а вие не бевте ни во план.Кон жива легенда добро е да се има почит.
Никогаш подобро не изгледала одколку денес.
А тоа што во Црна Гора се случи со девојчето нема да разубеди ни 0,5%од оние што сакаат да ја видат.Сакам да ја видам и слушнам и ќе го направам тоа.
 
Се сложувам со леандра и и благодарам што го напиша тоа за да не се мачам јас.
Покрај тоа, се сложувам и со муабетот за девојчето кое почина наводно од храната таму. Нели не било до храната и нели докторите не можеле да најдат било какво труење, што е и причината што не можеле да го спасат? Нели повеќе органи и откажале, што не било својствено за труење од храна? И нели и нејзините другарки кои биле со неа останале живи? Многу ми е жал за девојката, но не правете јаже од врвка.
Иначе би сакала да одам на концерт на Мадона и ако имам време и некоја организирана понуда од агенција - ќе одам. Една е Мадона без оглед вие 14 годишните што ќе кажете. Нема песна што не и знам и сакам да ја видам и во живо.
Леандра бејби, се надевам ќе и играме заедно:vozbud:
 
300 сапуни.... амам бе :helou:


Ми се иде:)
 
Се надевам Дивајн,но барам некоја понуда со спиење,нема жив мртовец да изигравам таму:)Незнам на своја режија колку е паметно?
Плус тоа нели треба кеифски да дрмнеме една пред концерт,потоа нели треба да видиме до кај е ноќниот живот во Будва,дали има места кај што нема турбо и слични ствари.
 
Ух, тешко ми било секогаш да завземам страна за тоа дали ја сакам Мадона или не. Има прекрасна музика и прекрасен глас, појава без конкуренција е, ама некако во последно време ми е многу одбивна.
Инаку, одлична е како пејачка и воопшто како изведувач. Знае да направи атмосфера и да ја крене публиката на нозе. А токму тоа се бара од една ѕвезда, или пак поадекватно за неа, тоа се бара од една поп-икона.
 
ОК си е Мадона, имаше добри песни, а и како појава си го обезбеди статусот во 80-тите, ама сега нешто послаби песни има и проверете го ова :vozbud::vozbud::vozbud:
ХА ХА ХА ХА ХАААААААААА
 
Не ја сакам Мадона,но одредени причини ја почитувам.А,тие причини би биле храброст,истрајност,амбициозност,професионалност,упорност,нешта што им фалат на многу од ѕвездичките со краток рок на траење и wannabe ѕвездички.Не ми е симпатична,но ја доживувам како силна,самостојна и успешна жена,иако малку е тешко да се одреди тајната на нејзиниот успех кој трае со децении,што воопшто не е за потценување.

Во однос на нејзината музика,мислам дека има доста песни што ми се допаѓааат и претежно и ги сакам постарите:Take a bow,You`ll see,Frozen.Добри се и La isla bonita,Like a prayer,Papa don`t preach и најнормално Vogue.Од Confessions on a dance floor најмногу ја сакав Sorry.Celebration e ОК.
 
и ја не сум голем фан ама морам едно нешто да кажам ...
Бабавааааа се држи како 20 годишно девојче :) Новие песни ми се накако поубави откога се фрли на диско топките и стилот .. попевливи , поигриви .. незе и лежат подобро ... инаку старите само за српска преработка и се добри :wink:
За поп кралица ....шо знам ... валјда и е .. макотрпно си работи жената ... поштовам. А и на пример која друга пејачка би ја зеле за поп кралица .. :toe:
 
Знам само едно: дека женава заслужено си го носи статусот на поп кралица и дека во догледно време тешко дека некој ќе ја смени (секоја чест на младите и пргави пејачки).
Според Гинисовата книга, Мадона е најуспешната женска уметничка на сите времиња, со продадени над 120 милиони албуми (според некои извори бројката е 200 милиони).
Ми се допаѓаат и постарите: Like A Virgin, Material Girl, легендарната La Isla Bonita, Papa Don't Preach, но и поновите: Die Another Day, дуетот со Бритни Me Against The Music, Hung Up, Sorry, Get Together, Give It To Me, Celebration.
Во секој случај вистинска музичка дива, икона на поп музиката, кралица, успешна жена-идол на милиони млади девојки и момчиња (и уште повеќе на постарата генерација).
Развојот на поп музиката и нејзиното доближување до сите луѓе не може да се замисли без музички бесмртните: Мајкл Џексон и Мадона.
 
Да, точно Мадона има просечен глас, ама Мадона е Мадона. Таа реклама и песните кои и ги бираат и каков перформанс прави секаде каде пее забораваш на тоа како пее. Со каква енергија ги носи песните и секогаш со стил, таа го има она во себе што многу пејачи го немаат. Дали заслужено е кралица на попот па, може да се каже да, зашто во моментов не ми текнува на друг кој би се накитил со таков епитет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom