Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
anYRvQV_460sa.gif
 
z7qu.jpg

На мачорот мој денеска му ја приметив белата рана меѓу очите што ми е, до сега не сум видел таква, од страните му течеше крв сега запре, ќе му помине или да го носам на ветеринар?
 
Абе некој совет? Мачоров од вчера е болен изглеа, неќе ништо да јаде и само лежи ко отепан е целиот. Едвај мјаука и на викање ретко се обраќа
 
Кои се симптомите, ако мојот миленик има глисти? Конкретно за мачка прашувам. Мојата чат пат повраќа, ама глисти до сега не сум нашла, најчесто ги повраќа влакната кои ги собира со јазикот додека се чисти. Претпоставувам тоа е поради фактот што дома немам никакво растение, пошто сум чула дека мачките јадат трева за прочистување. Дали ова е точно или сум во голема заблуда? Треба ли да бидам загрижена за повраќањето, кое се случува некогаш еднаш неделно, некогаш на две недели еднаш?
 
Најчесто е нагло губење на тежина, апатија, сонливост и во изметот може да се забележат паразитите.. Таквото повраќање е нормално, исто како кога ќе се прејаде може да се случи. Се додека ги повраќа влакната не е страшно, проблем може да биде ако тие некаде во ГИ тракт заглават, може да се формираат псеудоконгременти и од тука перипетии и заплети. Доколку не приметиш нешто ненормално во тоа повраќање, мачето да ти промени апетит, однесување и слично, немаш потреба за грижа. Е сега за тоа колку мачките јадат треба не знам(немам видено), кучињата обично ја јадат за намалување на киселините во желудникот, за подобрување на варењето и процесирањето на храната.
 
Ајде кога веќе е отворена темава да прашам за проблем со моето маче ако знае некој то му е. Многу го чеша увото, дури до раскрварување и испаѓа некоја кафеава материја во вид на трошки, и со претходното маче додека беше помало го имав овој проблем, и сега со ова.
 
Кои се симптомите, ако мојот миленик има глисти? Конкретно за мачка прашувам. Мојата чат пат повраќа, ама глисти до сега не сум нашла, најчесто ги повраќа влакната кои ги собира со јазикот додека се чисти. Претпоставувам тоа е поради фактот што дома немам никакво растение, пошто сум чула дека мачките јадат трева за прочистување. Дали ова е точно или сум во голема заблуда? Треба ли да бидам загрижена за повраќањето, кое се случува некогаш еднаш неделно, некогаш на две недели еднаш?

Спрема ова што си го напишала, тоа е заради влакната кои ги има голтнато додека се чистела мачката. Јас имам чувано доста мачки, едната често ги повраќаше влакната бидејќи навистина претеруваше, и братчето го чистеше па доста влакна и се собираа и потоа добива нагон за повраќање. Не би требало да е нешто страшно и кај мојата мачка често се случуваше... Инаку и мачките како кучињата јадат растенија, можеби не сите ама едниов мачор што го имам сите саксии со цвеќиња и ги изеде на мајка ми, тоа беше само еден мал период па престана...Научно не знам да ти кажам, можам да ти кажам практично :D бидејќи имам чувано доста мачиња. Така да ова не е ништо страшно се случувало и кај моите мачки. Симптомите за глисти ќе ги откриеш преку изметот, а исто така ќе ги приметиш и ако ги поврати, така најлесно би отркила...Мислам дека и потврди им се стомаците кога имаат глисти... Немаат апетит, се гледа дека нешто ги мачи во глобала тоа е...Колкава е мачката? Можеш и превентивно да и дадеш едно апче околу 1/4 од апчето е доволно за мачка, околу 40 денари се апчињата, ќе и ги издробиш на ситно и ќе и ги додадеш во оброкот... Иначе мачките често знаат и да се прејадат, :D не знаат за доста како мојов мачор, па некогаш и заради тоа ја повраќаат храната
 
^ Мачкава ми е стара околу 2 и пол години. Точно не знам, оти кога ми ја донесоа беше околу 4 - 5 месеци. Малку има тажна приказна, на почеток не ни знаеше да мјаука. Ама сега оди сопри ја, посебно кога ќе и дојде периодот за парање. :)
Мојава кога ќе начека дома праз или млад кромид им ги јаде перцата :pos:
Веројатно нема глисти, не сум забележала нешто да и мрда, ни во измет ни во повратеното. Будно ја следам. :)
Кажи ми, колку често ги бањаш твоиве мачки и со што?
 
За некоја мачка да има глисти прво мора јајцата да ги фати, е сеа ако фатила јајца возможно е да се закачил некој глист. Многу лесно се приметува промената кај мачката, почнува мешето да и расте, станува нервозна, јаде повеќе од вообичаено итн.
 
^ Мачкава ми е стара околу 2 и пол години. Точно нее знам, оти кога ми ја донесоа беше околу 4 - 5 месеци. Малку има тажна приказна, на почеток не ни знаеше да мјаука. Ама сега оди сопри ја, посебно кога ќе и дојде периодот за парање. :)
Мојава кога ќе начека дома праз или млад кромид им ги јаде перцата :pos:
Веројатно нема глисти, не сум забележала нешто да и мрда, ни во измет ни во повратеното. Будно ја следам. :)
Кажи ми, колку често ги бањаш твоиве мачки и со што?

Не се глисти, во случај доколку приметиш некогаш не дај боже, ќе и дадеш 1/4 такво апче како што ти реков и одма ќе и биде подобро, сепак си го пратиш мачето... :)
Зависи, зошто мачките и не сакат баш да се бањаат и да бидат многу во контакт со вода, зависи пак ќе кажам секоја мачка е различна...Тие што помалку сакаат поретко ги бањам, едниот мачор речиси ужива, па него почесто, неколку пати годишно мислам дека е доволно... :) Сепак мачките се сметаат за чисти животни и не треба многу често да се бањаат, поготово дека многу мачки не сакаат баш да се мократ во вода, не се како кучињата...
Тука имаш одлични производи, прочитај си детално, супер се шампониве за мачки, не знам зошто има слика од куче на нив, веројатно затоа што се погодни и за мали кучиња (бебиња) ако има во некој пет шоп земи си, ти ги препорачувам. :) Ако не, сигурно ќе ти препорачаат некој добар...:)
Веројатно за нормално бањање ме праша :)
 
Ne i davaj na mackata da jade kromid, mackite od kromidod stanuvaat anemicni.
Де бе ти па, јас како секој ден да и давам кромид. Она самa си краде и тоа е ептен ретко кога го праве. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom