Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки имам мал проблем, се работи за персиска мачка ја чувам во стан...Земено е од мало месец и пол и веќе има година и некој месец. Преку ден обично спие или лежи, многу многу не се замара и не е хиперактивна, освен ако не прелета некој инсект или птица на прозор. Слабо се мазим, освен ако нема храна или нешто има проблем. Проблемот е што навечер се буди околу 03:00 - 04:00 и почнува да гребе(до тој степен што не се издржува) по се што ќе стигне посебно на врати, а секогаш има вода и храна (значи не е до тоа ако мисли некој дека е гладна).
И јас имам персиска буквално ја опиша мојата, сем што не гребе во 4 него мјаука толку силно што комшиите сигурно ја слушаат..
 
Гребалка има ама мерак му е да ја корне лајсната од вратата, креветче има ама мерак му е во саксија да се плесне
Стерилизирана не е ..
Препорачувам да ја стерилизираш, ќе се смири.
Таму кај што гребе, залепи од оние двостраните лепливи ленти, мразат да им се лепи нешто по шепите. Однесувањето можеш да пробаш да го корегираш и со прскање со спреј со вода
 
Каков спреј?
 
Каков спреј?
Во шише со распрснувач стави обична вода, на таков спреј мислев. Кога ќе ја видиш како прави беља прсни ја, мачките мразат вода и за кратко време ќе се одвикне. Исто мразат и кога ќе им дувнеш во лице.
 
Да се пофалам, мачката ми роди нови 6 мачина, само сеуште скоро цела недела ги немаме убаво видено освен кога ги пренесуваше на безбедно од покривот на една помошна просторија на другата... Храната и ја зголемивме, но не е заинтересирана по се да се храни во обилни количини (најверојатно од топлото)....

Сега имам проблем со мачорот, кој е всушност од мачката (не ги напаѓа, не му се приближува) но очите му се полу затворени како со мрежа иако му се отворени, дали е инфикација или тоа му е природно незнам искрено дали некој се соочил со ваков проблем?
 
Дали некој знае што раса е мачево, дали во Македонија можам да најдам вакво и колку пари би ме чинело?

65194328_2629888870368894_6061071622075318272_n.jpg
 
Живи здрави, големи да растат маченцата.
Цело време му се такви очите на мачорот или кога дреме само? Ако е инфекција, би имал и гнојави гурелки, вака не знам...
 
Дали некој знае што раса е мачево, дали во Македонија можам да најдам вакво и колку пари би ме чинело?

Прегледај го приврзокот 211406
Можно да е мешанче со Scottish Fold поради ушињата ама пак во фацата е обична мачка "контињерка".

А за шарата се водат како tabby pattern за полесно да ги бараш.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Да не знае некој од каде би можел да најдам/купам кутија за храна за моите мачки? Некоја по специјална убава да да е. До сега не видов по пет шоповиве тука [emoji53] Сакам да земам да не ја чувам храната во пакување повеќе. Фала однапред.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Од пазарче земи, пластична со вакум поклопец.
 
@Atomic Platonic , јас во стаклени тегли му претурам :) Како што спомна и @Tegla , битно е убаво да е затворена за да биде свежа храната.
Специјални кутии немам видено, но во дуќани со производи за домаќинство веројатно ќе најдеш нешто соодветно. Можеш и од лимените кутии за колачи, шеќер и сл. да купиш, обично од нив има голем избор и различни шари
 
Фала дечки. Се снајдов. Земав од Рамстор тегла 1кг собира ефтини за 59 ден. има убави и баш им се совпаѓа бојата со тањирчињата за храна како и тоалетот. Женски се [emoji3526] Е сега имам уште прашање... Вака... Планирам следниот месец Јули веќе да идам на одмор надвор од државата на временски период можеби до 3 месеци. Компанијата Pegasus прифаќа миленичиња за патување но да не знаете некаква информација околу тоа, имаат пасош и чипирани се дали ќе треба друг документ да се земе од ветеринар за патување? Доколку некој знае ако својот миленик го носел странство нека ми даде некоја информација... Едно време размислував и за во Хотел да ги оставам но не сум баш сигурен за кај нас дали има и малку сум скептичен да ги оставам тука поради тоа што луѓето во болници немаат услови за лекување а не пак миленици... или да ги оставам во хотел во државата каде што ќе идам.

E, тоа не знам. Најдобро прашај го ветеринарот. Вчера кога бев кај др. Марин дојдоа едни луѓе со самојед за да го припремат за патување, како што рекоа, па претпоставувам дека можеби има некои процедури,или потврди или вакцини кои требаат за одредена земја. Се ми се чини дека вакцина против беснило примена не поодамна од шест месеци и не пократко од пред три недели е задолжителна за некои земји, ама не знам точно. Можеш да прашаш и во конкретната амбасада на земјата кај што патуваш, или ако одиш преку агенција, во агенцијата.
 
За беснило имаат примено пред неполни 2 месеци кога и беа чипирани. А инаку не патувам преку агенција но сепак ќе отидам утре до мојот ветеринар па ќе видам што ќе ми каже.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Дали знае некој крв во столица на маче од 2,5 месеци од што може да биде?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom