smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.755
- Поени од реакции
- 4.526
Ајде да ги здружиме силите и да направиме една временска линија на настани и места кога е најдобро да се посетат.
Значи поентата ми е ако некој се реши да патува да извлече што може повеќе настани за паметење.
Во темава ќе ги наведеме сите настани, празници, и други дешавки што се случуваат низ Македонија.
Исто така и дотични места кој би бил најдобриот период да се посетат.
Еве јас ќе го скршам мразот и ќе започнам со неколку примери од западна Македонија.
Лазарополе
Идеални годишни сезони: Лето и Зима
Најдобро е да го посетите во лето или во зима. Вообичаено тогаш има повеќе туристи и иако е преубаво низ целата година идеално би било доколку го посетите во некој од овие две годишни сезони.
Датум кој вреди да се спомене е 1-2 август т.е Илинден.
Се одржува Лазарополе Фест(Ако не се лажам така се викаше) кој бил не зажалил.
Присутни се музички групи, Скопско пиво и други освен времето ако не ја зезне работа сигурно е дека ќе си поминете повеќе од убаво.
Маврово и мавровските села(Маврово, Леуново, Никифорово)
Идеални годишни сезони: Лето и Зима
Зима
Надалеку познато поради скијачкиот центар Заре Лазаревски посетуван од љубители на зимските спортови.
Датум: Целата скијача сезона, посебна напомена:Први Јануари(Нова година) Седми (божиќ), 14(Стара Нова Година), 18-19(Водици)
Лето
Иако Маврово е далеку попознато поради зимата и снегот многумина не знаат дека можеби повеќе туристи го посетуваат на лето.
Во околината има голем број на викендици и воедно на лето престојот е многу поефтин и за разлика од зимскиот одмор(+ зимски спортови) кој чини доста скапо и не секој може да си го дозволи во летниот период може да ди поминете убаво со многу помал буџет.
Исто така за разлика од зимскиот период во летниот акцентот повеќе е на одмарање и на полнење на батериите па поради тоа не се чести лудите журки преку лето.
Галичник
Идеални сезони:Лето
Галичник, прво нешто што ви доаѓа на памет е галичката свадба која е позната не само во туку и надвор од границите на Македонија ако некогаш патот ве доведе накај галичник ова е настанот што не смеете да го пропуштите.
Слично како Маврово и Лазарополе се одликува со селска идила и природни убавини, но не е препорачливо да го посетувате во зима поради огромните врнежи на снег често се случува патот да е непрооден.
Датум: 12-13 јули (Галичка Свадба) датумот варира во зависност дали ќе се погоди за викенд или не.
П.С Наведувајте повеќе конкретни датуми по можност бидејќи целта е сепак повеќе да се направи временска линија(времеплов?) отколку да философираме за убавините.