- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Ловечки приказни - приказни кои не доаѓаат секогаш од ловџии, ама се исто толку забегани

Си кулираш на шанк, конечно пола саат во денот кога никој нема да те гњави со барања, совети, проблеми, ти го носат второто пивце ладно грч, со поглед пола си го испил уште недонесено, и..и...и ете ти го него/неа. Се клапнува до тебе и почиња – како го барале за дублер на некоја си фаца „у странство„ како сечеле вени за него/неа (нормално, пак у странство), како не спуштил испод 190 све до Виена, словенциве нешто пробале да го сопрат ама нема шанси, бла, бла, и отидоа твоите пола саат интима у курац.
Исто важи и за слави и други седенки. Гледаш дека тој/таа налетува, се лизгаш низ столче, се вртиш скроз на друга страна и ги фалиш сармите ама џабе. Спреми се за еден саат Рамбо прикаски од ЈеНеА, донжуански походи во ШвеТска и крапови од 20 кила со јазик како теле.
Поделете некои вакви „ловечки приказни„ кои ви останале во сеќавање и како се справувате со ваквите фаци – правите сериозна фаца и климате со глава, го подебавате и го оставате да доврши или го банирате по кратка постапка?