Lounge

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Lounge е звук кој некаде уште се нарекува „easylistenig” . Своето име го добил по хотелските простории во кои гостите можат да се опуштат со пријатна музика која оди во позадина. Таква музика, може да се сретне и во пијано баровите, во казината и аеродромските простории во кои патниците се освежуваат додека го чекаат својот лет.

Едни тврдат дека Lounge -то датира од 20 -те или 30-те години на минатиот век, додека пак други го споменуваат периодот 50-ти, 60-ти. Од тогаш па до ден денешен Lounge егзистира како широк зучен поим, па се што е питомо и опуштено, Chill Out и мек електро звук, егзотичен ритам од островските земји, многу често и латино призвукот, боса новата и други облици на бразилската музика може да се сместат во оквирот на Lounge звукот. Ја нарекуваат и бела галама која се консумира на кило или на саат. Ова последното и не ми се свиѓа баш.

Lounge е музика која не се наметнува. Таа одлично кокетира со сите сетила. Понекогаш имаш чувство дека под фасадата на звукот кој те милува се одвива некој жежок стриптиз, а понекогаш кроткост се срни у просторијата во која се наоѓаш. Lounge-то те носи во некоја сосема поинаква звучна галаксија, се испреплетува со твојата сенка, помага да го спознаеш своето тело со многу поголем сензибелитет, отколку што е тоа можно.

Овие неколку недели сум закачен на каналот. Значи, не го исклучив. Ама, значи... ЗНАЧИ! Дури и ко сум на скајп со @Agda Beata, ептен ми паша со нејзината оросеност. Летово ко створено за ваква музика. Топло препорачувам!





 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Музикава е за кафе,5 саат сабајле, со книга на тераса :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom