Лоши, непрегледни сајтови на кои им треба редизајн од корен

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Нели, секојдневно на интернет сите се среќаваме со сајтови кои што ни е мерак да ги листаме. Дали се работи за дизајнот, содржината, прегледноста, up-to-date информации и слично, со нешто не привлекуваат. Но сепак, постојат сајтови кои откако ќе ги видиме ни се темни пред очи. Ни се прегледни, ни web developer-от имал осет за естетика, ни информации..едноставно им треба редизајн од корен. Овде може да постираме такви сајтови за кои вие мислите дека се тотална утка :) Според мене http://meteo.gov.mk/ е еден од полошите веб сајтови со кои се имам сретнато во последно време. Значи видете колку е лошо направен. Се е така натрупано, не можеш лесно да се снајдеш, логоата сите коцкасти, ко за 1 минута да ги правеле, линкови до други сајтови на главниот дел од страната, место некаде одстрана, а не како главна информација која никој не го интересира, flag counter-от воопшто не се уклопува, едноставно секој што има видено разни типови на веб сајтови ќе рече дека е тотална утка :)
 
Стварно имам гледано ептен лоши сајтови ама ЕПТЕН влегуваш и мислиш дека си во лавиринт, само не ми текнуваат. Или прави како што треба или не прави поарно да е едноставен отколку да се трупа со глупости :confused:
 
Мене тој од метео не ми се ни отвара ЛОЛ
 
Одлични информации и се тоа, ама дизајнот не ми фаќа око :) http://ekipa.mk/
 
Мене тој од метео не ми се ни отвара ЛОЛ
Има премногу работи , затоа и не се отвара :)
--- надополнето: 24 јануари 2012 во 19:19 ---
Одлични информации и се тоа, ама дизајнот не ми фаќа око :) http://ekipa.mk/
Повеќе мислеле за банерите за реклами отколку за самиот сајт :)
 
Иако it.com.mk го преуредија дизајнот сега им е најкатастрофа. Тотлано непотребно користење на простор имаат со хедер фотер, бојата е хаос мава во очи максимално.

Дизајн НУЛА.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom