Левица се опозиција и во суштина тие градат партија и освен идеологија немаат што друго да понудат за да привлечат членство. Еве ако некогаш дојдат на власт, сигурен сум дека нема да се види ни л од лева ориентација ниту пак десна, ке функционираат дневно опортунистички како и сите партии до сега.Како не постојат? Секоја партија се базира на идеологија. Да не беше така левица немаше нон стоп да продаваат идеологија на форумов последниве 7 години. Они глумат као да се ослободиме од ова зло. Но успат ти шиткаат комунизам. Затоа има такви расколи кај нив на идеолошка база.
Они нон стоп викаат нема идеологија, само бладаш. Но само идеологија искача од нивна уста.
Еве види ги сдсм и дпмне, во што ја гледаш нивната лева или десна ориентација? Според тоа што го имаат правено и го прават јас дури мислам дека сдс се повеке десна партија отколку дпмне кои почесто тераат со потези својствени за лево ориентирана партија, но во суштина се е тоа една каша каде што никој не се води по никаква идеологија или ориентација туку секој потег е на дневна основа според потреба и билдање рејтинг.Погледни ги програмите на партиите за избори, ако на тие папири се избришат имињата на партиите, нема начин да утврдиш ориентација на партијата која ја нуди таа програма. Кај нас народот не е поделен по идеолошка основа ниту пак некој има појма од идеологија или разбира лево и десно, кај нас народот е поделен по национална, верска и партиска припадност. При определувањето кој во која партија ке биде или за која партија ке гласа, народот воопшто не се води по идеологија или ориентација на партија туку исклучиво од опортунистички причини и неговата перцепција која партија на него лично ке му донесе некој личен бенефит, вработување, напредување, бизнис...