Локални избори 2025 (општа дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Има ли прогнози за тоа кој колку комуни ќе освои на изборите?
Ако да, ме интересира дали сдсСС ќе има барем една комуна, ако се случи тоа товарот оди на грб на ДПсНЕ.
Левица ќе победи секаде заедно со народот. Другиве се анти-народни партии и никој нема да ги гласа.
 
Левица ќе победи секаде заедно со народот. Другиве се анти-народни партии и никој нема да ги гласа.

Ова звучеше полошо од вмровец шо мисли дека Македонија ја носи на подобро.
 
Ова звучеше полошо од вмровец шо мисли дека Македонија ја носи на подобро.
И вмровците ќе гласаат за Левица. Другите им се тендераши, административци, криминалци, ездеесовци... итн.
 
Последно уредено:
Да , и јас ќе гласам за Левица само уште не сум свесен.
Зависно од твојата возраст дали си во дваесетти или триесетти или четириесетти. Пензионерите гласаат за кој пензија им дава. Во раните дваесетти си бунтовник и повеќе ќе те влече левицата, потоа во триесеттите мислиш дека мислиш посериозно па те привлекува либералот а во четириесеттите па се до пензија или забегуваш крајно десно кај вмровците или се враќаш на левицата. Стигна ли до пензија секој ден ти е битен па само покачување на пензија следиш и гласаш за владајуќу вечини. Ќе те сретнат анал5 и шител па ќе кукаш скапо , скапо , скапо... и така!
 
Последно уредено:
Зависно од твојата возраст дали си во дваесетти или триесетти или четириесетти. Пензионерите гласаат за кој пензија им дава. Во раните дваесетти си бунтовник и повеќе ќе те влече левицата, потоа во триесеттите мислиш дека мислиш посериозно па те привлекува либералот а во четириесеттите па се до пензија или забегуваш крајно десно кај вмровците или се враќаш на левицата. Стигна ли до пензија секој ден ти е битен па само покачување на пензија следиш и гласаш за владајуќу вечини.
Читам веќе некое време што пишуваш и стварно сакав да останам воздржан на твоиве коментари. Брат сериозно веруваш дека Левица е некој фактор во државава? Сериозно мислиш дека Димче ќе ти го смени животот.?
Прашај си во партија зашто еден од пратениците на Левица ја остави девојката со кој одеше долго време. Еве јас ќе ти помогнам. Поради условување на Димче: "Или Левица или девојката. Ти бирај". И од ваков лик ќе бараме памет и ќе чекаме да ја среди државата? Да не заборавиме дека собираше политички поени за трагедијата во Кочани.
Трета опција треба во нашава држава, но таа трета опција да не е предводена од Димче.
 
Он како прво е Димитар убаво го крстиле кумовите.
Зошто некој би бирал девојка или партија кога секако ги има двете?
Левица е единствена опција, нема друга нити ќе има! Ако не успее да дојде до власт, се селам од Македонија на Флорида и цела година ќе си носам маичка од Левица по плажите таму.
 
За девојка или партија распрашај си се внатре таму по штабчињата. А за селењето почни си со време
 
За девојка или партија распрашај си се внатре таму по штабчињата. А за селењето почни си со време
Нема што да прашам, кој со кого спие и на кој бог му се моли е приватна работа. Верувам дека си го чул тоа. Петрета Богојески тоа најдобро ќе ти каже кога си лапна тужба од Левица, а и он сиротиот греби шо може да згреби и да фаќа Флорида оти Левица им диши во врат.
 
Мајсторе изгледа не си свесен колку анти кампања правиш, прекинини да се бламираш ...
 
Мајсторе изгледа не си свесен колку анти кампања правиш, прекинини да се бламираш ...
Денес е Илинден па си помислив каков говор би имал Апасиев таму на Мечкин камен.
 
Денес е Илинден па си помислив каков говор би имал Апасиев таму на Мечкин камен.
уффф

„Почитувани Другари и Другарки, денес се собравме на ова историско место, вкоренето во македонската историја, да одбележиме настан кој даде непроценлив придонес во борбата за независна македонска држава. Симбол на македонската непокорливост и желба за слобода. Симбол на храброста и пожртвуваноста на Македонците во нивниот стремеж кон слободата и еднаквите права.

Почитувани присутни, почитувана македонска јавност. Јас нема да беседам, ниту да кукам или плачам. Туку само едно ќе ви кажам.

Борбата продолжува и никогаш не запира!
Честит Илинден!
Да живее Република Македонија!“
 
Читам веќе некое време што пишуваш и стварно сакав да останам воздржан на твоиве коментари. Брат сериозно веруваш дека Левица е некој фактор во државава? Сериозно мислиш дека Димче ќе ти го смени животот.?
Прашај си во партија зашто еден од пратениците на Левица ја остави девојката со кој одеше долго време. Еве јас ќе ти помогнам. Поради условување на Димче: "Или Левица или девојката. Ти бирај". И од ваков лик ќе бараме памет и ќе чекаме да ја среди државата? Да не заборавиме дека собираше политички поени за трагедијата во Кочани.
Трета опција треба во нашава држава, но таа трета опција да не е предводена од Димче.
Ти брат сериозно веруваш дека типов е сериозен ?
 
Денес е Илинден па си помислив каков говор би имал Апасиев таму на Мечкин камен.
Ако му затреба некогаш, го частам еден говор ;)

"Сестрички и братчиња,

Денес не сме се собрале тука за да си правиме селфи со знамиња или да слушаме фолклор со звучници до даска. Денес сме тука за да се потсетиме - не за да заборавиме.

Илинден не е само датум. Тоа е нож в срце на империите. Тоа е викот на селанецот од Крушево, што зел пушка, и решил да биде слободен - или мртов. И тоа без дозвола од Брисел, без поддршка од Вашингтон, и без никаква „рамковна спогодба“.

Нашите илинденци - тие беа револуционери, а не НВО активисти. Не земаа грантови, не правеа работилници по хотели, и не пишуваа „повеќе инклузивни наративи“. Земале пушка, барут и срце - и на планина!

Тие не преговараа со султани и комисии за историја. Не молеа за признавање на идентитет. Го запишаа во крв, во камен, во песна! И не го менуваа името на државата за да добијат безвизно.

Денес, на 2 Август, некои ќе ви кажуваат за ЕУ, други за НАТО, трети за братство и единство. Ама ретко кој ќе се осмели да каже: ние сме народ кој со векови не прифаќа диктат - ни од Исток, ни од Запад.

Нема веќе кој да нè окупира - сами се окупиравме. Нè водат подлизурковци со дипломи од Сорос и лажат оти сме „мали, ама важни“. Ама ние сме важни само ако се исправиме и кажеме: „Доста е!“

Илинден не е празник за одмор, туку за бунт. Не е за јадење грав на Мечкин Камен, туку за потсетување дека сме потомци на Карев, Делчев и Ченто - а не на комесари, комесарици и партиски ботчиња.

Затоа, нека е вечна револуционерната мисла! Да го славиме Илинден не како туристи, туку како потомци на востаници. Со чест, со инат и со глава крената.

Смрт за стравот - Слобода за народот!"

Нема на што.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom