Лобирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Hiperaktiv
  • Време на започнување Време на започнување

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Возраст
31
Локација
Берово-Скопје-Љубљана-Стокхолм-Београд-МАДРИД!
Лобирањето е посебен облик на придобивање на влијателни поединци или групи. Значи, подразбира процес на развивање на ефикасна иефективна комуникација со оние кои имаат формална и неформалнамоќ.Процесот се смета за успешен, доколку тие влијателни личности или групи во иднина ќе пружат поддршка за одредени иницијативии ќе ги интензивираат своите активности кон реализација на планираните цели. Со еден збор, лобирањето е придобивање на другите на твоја страна. Убедување во твоите ставови, презентирање на твојата вистина.

Лобирањето во современа смисла може да се дефинира на различни начини, од лобирање како комуникација меѓу луѓето, до техника на јавно заговарање, односно уметност на убедување со редица акции чија крајна цел е да се изврши
влијание при донесувањето одредени одлуки.

Во македонското општество, поради незнаење и дезинформирање, на самиот процес на лобирање се гледа како на негативна појава. Да лобираш за нас е да убедуваш и да ги докажуваш своите ставови – процес на кој гледаме со понижување. Што има да докажуваме? Што има да убедуваме? Кој сака нека биде на наша страна? Нели е така? Е, не е така! Апсурдно е да очекуваме сите да ги гледаат работите од наша перспектива. Како тие ќе ја дознаат нашата страна од приказната, ако не им ја кажеме? Како ќе ја прифатат нашата вистина, ако во неа не ги убедиме?


Ми треба за завршна проектна задача зедов за лобирање,сите мислења на
економисти би ми биле добродојдени
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom