За тие што сакаат да играат со клубови од најниското ниво на една држава и што сакаат да прогресираат до највисокото ниво, клучен дел од бирањето на играчи кои ќе ги донесат до врвот е атрибутот determination. Со тоа играчите нема да бидат демотивирани кога ќе наидат на препреки при искачувањето во лигите и ќе бидат одлучни да успеат. Играч со низок ваков атрибут ќе резултира тој да биде разочаран по неколку порази и клубот да нема веќе корист од него, воедно џабе сте инвестирале во некој млад, проспективен играч.