Лихварство!

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
nikos напиша:
Па малко ли са банки кај вас, та одите при лихварите ?

Банката потешко дава пари,а за одобрување на кредит е потребно и повеке време, а лихварот побрзо и полесно, а веднаш ти требаат пари, ептен си во таква ситуација и - ке се заебеш.
 
Малце е старичка темата ама освежување нема да биде лошо.
„Чиста“ пара се вади од лихварството.Конкретен пример:
Барам 20.000* евра од лихвар.Тој по некоја си негова камата ми вели треба да вратам 50.000* евра.По живи примери кои и ден денес ги глеам, тие му ја земаат колата*,моторот* и се во вкупна вредност од 50.000* евра и баш буквално тие коли, мотори си ги возат се дур не се врати долгот.Ако се врати се враќа се, ако не-создравје нека си ги возат колите и моторите.
Инаку струмикс другар, тебе никој не те тера да земаш пари од лихвар знаејќи ја каматата која он ја фука и кои му се условите негови.А точно е и дека секој денес не може да биде лихвар, а и да си лихвар треба да имаш или 5-6 браќа или да имаш ептеен јак грб
*поимите се земени чисто како пример, не значи дека баш за тоа се работи
 
Зарем не се НЕНОРМАЛНИ камати забранети со Закон????
 
неблагодарна работа, како за лихварот, така и за оној кој должи. Покрај самиот чин лихварство, оној кој позајмува пари треба да е спремен на уште многу други видови криминал за да опстои, да си ги врати парите и да остане жив



Сиромаштијата, транзицијата, невработеноста и високите камати во банките го расцветаа лихварството
„Двојно убиство во центарот на Скопје поради долгови“, „Труп на убиен човек со денови криен во багажник на автомобил“, „Лихвар застрелан пред куќниот праг, а сопругата измачувана“, „Киндапиран бизнисмен“ се само дел од црните наслови на дневните весници во земјава во изминативе три години. Според информациите на полицијата, заедничко во сите случаи е тоа што жртви се луѓе кои за високи камати зајмуваат пари. Овие примери покажуваат дека тие што зајмуваат на крајот ги губат нервите и стрелаат врз своите „спасители“. Другата страна на медалот е таа што лихварите стануваат агресивни, па ги малтретираат своите должници, неретко земајќи им го тоа што било ставено под хипотека како гаранција за вратениот долг, иако сметките биле израмнети. Доколку случајот дојде до полицијата, тогаш кривични пријави се поднесуваат против лихварите, кои најчесто не се ефектуирани, додека тие што зајмиле пари остануваат чисти, иако во голем број случаи тие самите бараат пари од лихварите. Притоа, тие потпишуваат дека се согласуваат со условите, односно се согласуваат на висока камата, поради која подоцна заглавуваат и не можат да ја исплатат.
Убивал поради висока камата за позајмени пари?
„Ги убив затоа што им должев пари за кои тие постојано ја зголемуваа каматата“- изјавил во првичниот разговор со полициските инспектори Зоран Андоновски, кој вчера изврши невиден крвав поход по главниот град. Во Бутел го уби Ристо Давчевски, а во фирма во Кисела Вода рани тројца.
По обидот за самоубиство, Андоновски е во тешка состојба, но надвор од животна опасност. Полицијата чека да му се подобри состојбата за да го распраша за убиството.
Должел околу 100 илјади евра, а во првичниот разговор со полициските инспектори Андоновски изјавил дека од Давчевски позајмил 5 илјади евра, кој потоа со огромна камата му пресметал дека долгот се зголемил на 30 илјади евра. На фирмата во Кисела Вода должел 69 илјади евра, а делата ги признал- изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.
П.Д., откако автомобилот "голф ", сопственост на Р.Л., го забележал паркиран улицата 11 Октомври, одлучил да го запали, и со тоа да му се одмазди за долгот П.Д. (27) од Велес му го запалил "голфот" на неговиот сограѓанин оти тој му должел 2.500 евра. Тој е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.
 
Пари од лихвар никогаш нема да земам, размислувам и јас да почнам да давам пари на заем со камата и залог доста исплатливо е:toe:

Ќе земеш пример 200 евра на заем за еден месец ќе треба да му вратиш 350 евра ако закаснеш недај боже немаш пари околу една недела си еба мајката... камата ќе те утепа
Затоа со памет кога зимате пари на заем, да си планирате дека треба да ги вратите во договореното време оти не е на добро... :)
 
Не знаев каде да пишам, па овде. Ми се јави чичко ми пред некој дека кај нив дома дошол некој и го барал братучед ми и му се заканувал, а не му ни кажал кој е и зошто се тие закани, па ме интересира дали се работи за лихвар?
Никогаш не сум имал работи со вакви, па ни не знам дали се во униформа или во цивилно.
 
И што е смешно, ако знаеш одоговри. И да сигурно обезбедувањето од работа кое е во униформа нема да дојде да ти се заканува, затоа прашав да не е лихвар.
 
Не знаев каде да пишам, па овде. Ми се јави чичко ми пред некој дека кај нив дома дошол некој и го барал братучед ми и му се заканувал, а не му ни кажал кој е и зошто се тие закани, па ме интересира дали се работи за лихвар?
Никогаш не сум имал работи со вакви, па ни не знам дали се во униформа или во цивилно.

Јас мислам дека е лихвар. Имам сретнато лихвари во униформа.
 
Не знаев каде да пишам, па овде. Ми се јави чичко ми пред некој дека кај нив дома дошол некој и го барал братучед ми и му се заканувал, а не му ни кажал кој е и зошто се тие закани, па ме интересира дали се работи за лихвар?
Никогаш не сум имал работи со вакви, па ни не знам дали се во униформа или во цивилно.
У бел чаршав обично се облечени.
 
Никогаш не сум имал работи со вакви, па ни не знам дали се во униформа или во цивилно.
обично не се. Не се експонираат превише освен некогаш со појаки коли, обични луѓе се (хехе обични, некогаш два на два или боксери, во секој случај сериозни луѓе кои не би ги ни познал дека се бават со тој бизнис). Можда кај чичко ти и не биле ради заем, не знам.

Е сега дали т.н. лихварство е законско или не, тоа е исто така прашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom