Magic Mike
The difference between me and dem, my love is pure
- Член од
- 20 септември 2023
- Мислења
- 2.976
- Поени од реакции
- 6.537

Special Ops: Lioness или скратено само Lioness е американска шпионска трилер серија креирана од Тејлор Шеридан кој се јавува како продуцент, сценарист, режисер, дури има и мала споредна улога во серијава
Инспирирана е од вистинска воена програма на САД. Приказната ја следи Џо (Зои Салдана) оперативка која раководи со програмата „Lioness“ за борба против тероризмот. Таа ја регрутира младата маринка Круз со задача да се зближи со ќерката на опасен терорист за да ја инфилтрира организацијата одвнатре.
Во главните улоги играат Зои Салдана, Лејсла Де Оливеира, Никол Кидман, Морган Фриман,нормално во ваков шпионски трилер не може да не игра и Мајкл Кели
а тука се и другарите на Шеридан Џејмс Џордан и ЛаМоника Гарет.Сценариото е диначично, брзо и одржува висок степен на напнатост а акционите сцени нудат филмски визуелен квалитет.
Само што започна да се емитува третата сезона од серијава.