linkedin.com - најголемата мрежа на професионалци

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Oвој пат веб страната за која што Ви зборуваме е: www.linkedin.com.

Википедиа за linkedin вели: Linkedin е бизнис ориентиран сајт за социјално вмрежување. Основан во 2001 и истиот се користи за социјално вмрежување. Според последните информации оваа мрежа има околу 40 милиона корисници, најголемиот дел од Америка.

Jaс на кратко би го опишал linkedin како посовремена мрежа за вмрежување од facebook, каде што луѓето се вмрежуваат врз основа на своите професионални карактеристики.

Лично, сугерирам секој професионалец да направи свој профил.

А, тие што имаат веќе таков да споделат искуството со нас. А зошто и да не се спријателиме.
 
после фејсбукот секој почна да отвара социјални мрежи.
Facebook не беше ни измислен како концепт кога се појави LinkedIn, можеше барем да разгледаш на нет пред да постираш.

Инаку океј е мрежата, може да се добиваат препораки од професори, колеги, поранешни работодавачи што би помогнало во процесот за барање на нова работа. Единствено не знам колку еден ваков профил би помогнал кај нас.
 
Facebook не беше ни измислен како концепт кога се појави LinkedIn, можеше барем да разгледаш на нет пред да постираш.

Инаку океј е мрежата, може да се добиваат препораки од професори, колеги, поранешни работодавачи што би помогнало во процесот за барање на нова работа. Единствено не знам колку еден ваков профил би помогнал кај нас.[/quote]

Јас врз основа на тој профил добив понуда за работа во светски позната фирма која има преставништво во МК.
 
Имам профил ама не го користам премногу, таман ме потсетивте да го променам мојот статус во невработен. Единствено што таму се случува е понудата на еден тајфа Индијци да се зачленам во нивните групи кој се поврзани со мојата професија, друго нешто не ми се случило.
 
Секој што знае што е компјутер, интернет, CV и некогаш работел или сака да работи, треба да има Linkedin профил.
Ако сакате да се поврзете на Linkedin со мене, ова е линкот до мојот профил.
 
Баш би сакал да продисукутираме во врска со оваа тема. Оваа мрежа е во голем развој во Македонија и веќе почнаа да се приклучуваат луѓе кои немаат врска со ИТ секторот. Тоа според мене е добар тренд. Лично мене, оваа мрежа ми претставува замена за CV, и имам многу позитивно искуство и со Македонски и со странски(Израел, САД, Белгија, Холандија..) компании. И не само што ми помогнала мрежата во работа, туку и во бизнис контакти.

Значи не само што верувам, туку знам дека добро спакуван профил (со голема доза реалност и секако без претерувања) на оваа мрежа може да придонесе до подобра кариера.

Кои се вашите искуства ?
 
Ја барам работа преку чудово веќе еден месец....знам дека не е многу, ама за 20 и кусур апликации само за една ми се јавија дека сум у втор круг, и тоа ништо не бидна....така да моите впечатоци засега се поврзани со шитови и смрдеата кои идат заедно.....се надевам дека ќе дојдат подобри времиња....до тогаш - EVERYTHING SUCKS SO BADDDDDDDDDDDDDDDDDDDD
----------------------------------------------------------
Заборавив да кажам дека негативните искуства се само последица на тоа што не сум државјанин не членка од ЕУ....Постојат голем број на процедури и документи кои треба да се обработат од страна на работодавецот......Да беше поинаку...сега ќе бев вработен и со солидна плата.....вака....U KU*RAC SVE!
 
Кога ќе имам искуство ко нилски коњ ќе ме боли ку*рот дали аплицирам за работа преку linkedin или OglasnikM....сами ќе ме бараат!!....Зборам за почетна работа...пракса или нешто такво.....за таква работа е прелесно да си од Европска Унија.....ние ќе трпиме уште некое време....и после Македонија ова она....Знае Грујо дека сите мозоци ќе му побегнат....Затоа уште мизеријава...
-------------------------------------------------------------------------
Само да надополнам дека бројот на одговорите кои ги доби во споредба со апликациите се движи околу 1:4 што значи дека на 4 апликации имам барем еден повратен одговор што не може да се каже за нашиве компании....
 
Де бе па ти и јас сум барал почетна работа, не сум се родил учен. И тоа во Македонија и тоа во време коа беше бетер од сега. Ако сам не си средиш, Грујо ништо не ти средува, никој не ти средува. И не е вистина дека ако имаш искуство сами ќе те бараат. Баш мрежава е полесен начин да те најдат. Само треба да имаш искуство. А и да ти кажам искуството не е секогаш позитивно, едноставно знаат дека многу барам и не ни почнуваат разговор. Така да ако некогаш ми треба итно работа, може и да не најдам, џабе е искуствотото.

Поентата е да знаеш да се изменаџираш, да знаеш да се понудиш. Да знаеш да се преориентираш ако е потребно. Флексибилноста е најголем адут на секој. Види што се бара на пазарот и научи се да го правиш тоа. Јас така почнав.
 
Баш би сакал да продисукутираме во врска со оваа тема. Оваа мрежа е во голем развој во Македонија и веќе почнаа да се приклучуваат луѓе кои немаат врска со ИТ секторот. Тоа според мене е добар тренд. Лично мене, оваа мрежа ми претставува замена за CV, и имам многу позитивно искуство и со Македонски и со странски(Израел, САД, Белгија, Холандија..) компании. И не само што ми помогнала мрежата во работа, туку и во бизнис контакти.

Значи не само што верувам, туку знам дека добро спакуван профил (со голема доза реалност и секако без претерувања) на оваа мрежа може да придонесе до подобра кариера.

Кои се вашите искуства ?
Информативно: Темава веќе постоеше во подфорумот „Вработувања“, ги префрлив мислењата од новата тема во неа.
 
Чисто информативно сакам да прашам дали linkedin - профилот може и треба да го има некој кој што само студира во моментов и нема скоро никакво работно искуство, но сепак сака да најде работа:) Се на се дали препорачувате да направам ваков профил и покрај тоа што немам штп да вметнам во него.
 
Да само направиго профилот добро и стави се што е релевантно и интересно.

Линк до мојот профил.
 
Дечки колку од вас ја користат мрежава?
Дали има навистина „фајде“ од тоа што сте активни?
Други мислења за темава?

И кога сме веќе на тема.. што мислите.. дали би „иделе“ и по колку тоа би иделе да се продаваат ЛинкедИн профили? (созреани, со 500+ пријатели и слично).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom