Лига на шампиони 2008-2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Vlatko_100
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова сега го сонуеше па стана да ни кажеш или...:toe:

Факт е дека топката е округлеста за сите. А како што знам сите стигнаа на исто ниво во полуфиналето на ЛШ. Тука нема фраерлук тука има да се плашиш од сите. Амбициите се до небо, мотивот да не зборам а притисокот кој паѓа врз фаворитот е најголем. Барселона не е тим за потценување ма како тие се фаворити според мене во полуфиналево. Газат во Ла Лига и го имаат најопасниот напад во светот. Ако продолжат со таа добро препознатлива офанзивна игра и ги внесат Челзи во таа машинерија има да ги прегазат. За разлика од Манчестер Ј. кои играат доста неинвентивно просто досадно и секој напад сеа за сеа е прочитан од дефанзивците (видовме каков гол дадоа) Плус притисокот е кај нив како бранители. Челзи со Гус Хидинг изгледаат опасно но според мене ако не ја поправат дефанзивата тешко да ги поминат Барса. Арсенал мислам дека ке влезат во полуфиналево најлабаво па со таква релаксирана игра можно е да ги изненадат Манчестер. Младите играчи на Арсенал ке имаат мотив а и силата е неоспорена. Се на се интересни дуели и шампионот може да биде секој....
 
Во главно добар фудбал понуди четврт-финалето, да се надеваме дека така ке биде до крајот :)
 
Ееееее пак не окупираа англичаниве кога нема кој да не брани(Реал Мадрид):)
 
На БАРСА сите можат вода да и носааат...
Така е :aplauz::olee::olee:

Факт е дека топката е округлеста за сите. А како што знам сите стигнаа на исто ниво во полуфиналето на ЛШ. Тука нема фраерлук тука има да се плашиш од сите. Амбициите се до небо, мотивот да не зборам а притисокот кој паѓа врз фаворитот е најголем. Барселона не е тим за потценување ма како тие се фаворити според мене во полуфиналево. Газат во Ла Лига и го имаат најопасниот напад во светот. Ако продолжат со таа добро препознатлива офанзивна игра и ги внесат Челзи во таа машинерија има да ги прегазат. За разлика од Манчестер Ј. кои играат доста неинвентивно просто досадно и секој напад сеа за сеа е прочитан од дефанзивците (видовме каков гол дадоа) Плус притисокот е кај нив како бранители. Челзи со Гус Хидинг изгледаат опасно но според мене ако не ја поправат дефанзивата тешко да ги поминат Барса. Арсенал мислам дека ке влезат во полуфиналево најлабаво па со таква релаксирана игра можно е да ги изненадат Манчестер. Младите играчи на Арсенал ке имаат мотив а и силата е неоспорена. Се на се интересни дуели и шампионот може да биде секој....

Имајте во обзир дека Челси играа без 2ца стандардни првотимци:
Тери (стопер, капитен, најдобар одбрамбен играч минатата година во ПЛ) и Босингва (десен бек)

Против Барса на првиот натпревар нема да игра Ешли Кол заради жолти картони.

Рака на срце, годинава играат најдобар и најефикасен фудбал во Европа. Доколку ја развијат својата игра против Челси - ке ги демолираат.
Но да не заборавиме дека Челси не се Баерн М. и другите противници со коишто играше досега Барселона.
Во дуелите со Јувентус и Ливерпул извлекоа доста поуки кој можат да им послужат во продолжение од сезоната.
Англискиот начин на играње е далеку од Италијанскиот, шпанскиот, германскиот и другите.

Пак ќе кажам:
Топка е, се врти. Кој и да биде шампион нема да биде незаслужено :toe:

Нека победат подобрите...
(нема да кажам најдобриот, бидејќи од овие 4 екипи јас не гледам најдобра)
 
820646_biglandscape.jpg

820541_biglandscape.jpg

820542_biglandscape.jpg

820581_biglandscape.jpg

820595_biglandscape.jpg
 
За сега мислам дека се докажа зошто лигата на шампионите ее највозбудливо натпреварување во светот мислам дека сите натпревари беа интересни освен дуелот Барса-Баерн М.Двете полуфиналиња исто така ќе бидат дар мар Барса-Челзи и Арсенал-Манчестер сепак мислам поинтересен натпревар ќе ми е вториот дуел иако сум навивач на Челзи :jaj:Па се надевам оваа година ќе гледаме финале слично како и прошлото возбудливо и фудбалски:vozbud:
 
Челзи-Арсенал ќе биде финале :tv:
 
Манчестер Јунајтед и Арсенал го заокружија полуфиналниот квартет во фудбалската Лига на шампиони, потврдувајќи ја премиерлигашката доминација во елитната европска конкуренција. Втора година по ред три англиски екипи се најдоа меѓу четирите најдобри.
Бранителот на континенталната круна, Манчестер, славеше со 1:0 на гостувањето кај Порто, со феноменалниот погодок на Роналдо уште во 6. минута.
Рано постигнатиот гол им овозможи на „Црвените ѓаволи“ со дефанзивна изведба до крајот да ја сочуваат минималната предност, што им беше сосема доволна по ремито 2:2 на првата средба на „Олд-трафорд“.
Порто ќе станеше полуфиналист и со реми исход со еден даден гол, за таа цел со сите сили се обидуваше да погоди барем еднаш, но сепак не успеа да го избегне првиот домашен пораз од некоја англиска екипа досега воопшто.
Вторпат во последните три години, Арсенал го елиминира Виљареал. Во 2006. во полуфиналето, а сега и едно коло порано. На „Емирати“ беше супериорен, победувајќи со 3:0, откако на „Ел Мадригал“ пред седум дена беше 1:1.
Тео Волкот го навести триумфот уште во 10. минута, а егзекуцијата беше комплетирана во продолжението. Адебајор зголеми на 2:0 точно по еден час игра, додека во 69. минута Робин ван Перси од пенал ги постави конечните 3:0.
Во полуфиналето Манчестер Јунајтед прво ќе игра дома, а потоа ќе му гостува на Арсенал, додека Барселона прво ќе го пречека Челзи, а потоа и ќе гостува на „Стемфорд Бриџ“.
Термините се 28/29 април, односно 5/6 мај.

ИЗВОР - http://www.a1.com.mk/vesti/fudbal/default.asp
 
ОД поголемите првенства:Англија,Шпанија и Италија ќе одат по 3 екипи дирекн,а 4тата ќе игра кфалификации..Исти и од Германија ќе одат 2 наместо 1 дирекно.:Само што во кфалификациите Англиски тим (4-тото место) ќе игра со некој од појаките првенства(Германија,Италија,Шпанија,Португалија;Франција итн.:)Пр. Арсенал ќе игра кфалификации со Валенсија..А македонските екипи ќе играат 3-то кфалификационо коло со некоја екипа од послабо првенство..Сфативте??Ако сум грешка фантомХ нека ме поправи..
 
Многу јасно напишано. Јас мислев дека ова правило ќе е од наредната година. Значи им се дава шанса на послабите лиги и екипи да учествуваат во ЛШ. Добро за нив но квалитетот ќе падне малку:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom