Лидер или вреден член во тимот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување
Лидер. Секогаш, секаде. Дури размислувам и за политичка кариера.
И јас! На пример секогаш во школо кога треба да работиме нешто во групи, јас ја превземам улогата на водич!
Ако не успеам да се наметнам себе како водич тогаш ја саботирам работата....лоша сум, знам!
 
Се лидери испаднаа, блазе државата со ваква младина :vozbud:

До сега соло сум работал (ради Х причини) така да незнам како би се снашол во тим и која позиција природно би ја завзел. Немам некои ораторски способности но сум доста професионален и способен во мојата струка, лидер мислам дека е преголем залак, треба мнооогу искуство и печење за да се завземе таква позиција. Треба многу луѓе да згазеш пред себе за да еден ден те ценат како ЛИДЕР, треба да си ладен тип без чувства и емоции. Обично лидерите секогаш неславно завршуваат.

Не зборам за лидери на школо кои се миленици на професорката, туку за лидери во реалниот живот
 
Честопати сум бил некој вид на лидер на тимот/групата и сум се борел за најдоброто, но тоа реално не вредело, зошто пак успехот на тимот/групата ќе се гледа како сите сме го оствориле, а не кој повеќе, а кој помалку. Така да во последниве неколку години не се обидувам ни да бидам литер, ни да се истакнувам......, кога истакнувањето ќе биде поединечно, тогаш ќе се истакнам:)
 
Мразам тимска работа, групи у кои треба со се некој да се договараш, правиш отстапки или да се усогласуваш, кога самиот знаеш дека у ствари правиш компромиси, на сметка на практичноста, губиш време и енергија безвезе. Едноставо, мразам тимска работа. Сам многу боље и побрзо ќе завршам све, без да губам време и енергија на усогласувања и глупави компромиси.
Тоа е. Вук самотњак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom