Паааа јас немам никакво искуство во врска со простатата...:pos2::pos2::pos2:
најверојатно се работи за БПХ, или бенигна простатична хиперплазија. Често ја нарекуваат и старечка простата, бидејќи почесто се јавува во подоцнежните години од животот, т.е. кај мажи над 50 годишна возраст. Но, зголемена простата може да биде присутна и кај помлади мажи, на возраст од 40 години и повеќе.
Како последица на пореметената хормонална рамнотежа доаѓа до растење на ново простатично ткиво кон простатичниот дел на мочниот канал, што доведува до деформирање и истегнување на мочниот канал, што е всушност и причина за појава на симптомите на БПХ. Ова ново ткиво кое расте е исто како и нормалното простатично ткиво, со таа разлика што кај новото ткиво доминира жлездената структура.
Старечкото растење на простатичното ткиво само по себе нема штетно влијание врз организмот. Всушност, симптомите се јавуваат како последица на промените на мочниот канал предизвикани од зголеменото простатично ткиво. Мочниот канал се деформира, издолжува и усукува како врвца. Како резултат на ова стеснување, извиткување, делумно или комплетно затварање на мочниот канал, мочниот меур, односно неговиот мускул почнува да работи посилно за да го совлада отпорот и да може мочта нормално да се исфрли надвор. Така, мускулот стегач на мочниот меур постепено се зголемува и зајакнува. Колку што пречката во мочниот канал е поголема, толку е поголем и отпорот за проток на мочта, па силата на мускулот се повеќе се зголемува. Во почетната фаза на БПХ, мочниот меур успева целосно да ја исфрли мочта надвор. Ова е компензаторна фаза на болеста. Таа може да трае со години. По оваа фаза, следи декомпензаторната фаза на болеста, во која мочниот меур не може целосно да се испразни и во него останува дел од мочта (рест урина).
Секој маж со зголемена простата не секогаш има присутни симптоми на болеста. Многу пациенти до длабока старост немаат никакви симптоми. Од друга страна пак, кај некои мажи, кои немале никакви симптоми, може одеднаш да дојде до комплетно прекинување на мочањето и тоа да биде прв симптом и показател за присутната болест. Не секогаш, големината на простатата е пропорционална со јачината на симптомите, односно со тешкотиите при мочањето
Лекувањето на БПХ може да биде со:
-конзервативен третман (следење и медикаментозна терапија)
-хируршки третман
Не би ти советувала да на своја рака земаш терапија. БПХ успешно се контролира со лекови и со нив може да дојде до значително намалување на присутните симптоми. Затоа е најдобро да се јавиш на лекар, специјалист уролог, кој по деталниот преглед и потребните лабораториски и други испитувања, ќе може да ти препише и соодветна терапија.