Легенди од населба Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Kenzo Tange
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 март 2006
Мислења
5
Поени од реакции
1
Еден топол летен ден во Аеродром

Уште како малечок и се восхитував на хемијата. Дедо ми беше џандар и често тврдеше дека со добар ќотек се смирува адреналинот на човечкото тело и се губат мислите за поткопување на нашето прекрасно социјалистчко општество. А Баба ми велеше се се може со добро брашно. Не ми беше јасно дали да тепам или месам, но тоа подоцна ми се разјасни кога прв пат мастурбирав на 7 години. Така шетав наоколу вршејќи анкета по стариве за тоа како да станам Супермен, но сите го сведува разговорот на „ај иди у пичку материн, имам работа”. Конечно ме ислуша комшијата Перица-Верверица (така го викаа бидејќи произведуваше чудно високотонско смеење кога ќе се напушеше). Му верував него, махер беше за труење мачки и кучиња.
- Мали ако сакаш да се издрогираш дојди у вторник, сеа немам.
- Ама јас сакам да сум Супермен навистина.
- Кулирај, ќе леташ као шофер од МТВ без плава книшка. Само не и кажуј на сестра ти ќе морализира и нема да ми дава.
- Што да ти дава Перица?
- Пичка глуп! Брее ништо не знаеш. Ќе те средам јас тебе, зошто ми си комшивче. Дојди у вторник и сеа ај иди у пичку материн, имам работа.
- ААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Сакам да сум бе Супермен сега!!!!!!!!! Шо ме лажиш. И за нинтендото ми викаш дојди у вторник, па Тетка Летка ми кажуе се губиш во соба , не сум смеел да влевам. АЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈјј!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Перицааааааа!!!!!
- Еј види го лузеров. Шо си запнал ти да стануеш Супермен а? Ми ги отече двете суперсофија, ебате!
- Сакам да сум Супермен за да се качам на планетата Вевчани каде живеат луѓе кои никој не им кажал дека ние постоиме. Таму ќе ја спасам Принцезата Босилка. И, и………
- И прекини ебате инфантилното. Кој ти полнел вакво срање ?
- На телевизија…
- Нема шо на телевизија, прекини. Коа ти станал толку за летање сеа ќе видиш….

Копаше Перица-Верверица по гепек и извади црвен термос боја. Ми кажа да се напијам од ултра зелената - гомно боја течност од чашката. Се напив и чекав да ми никне плав костим и црвена наметка. Перица се смееше и кажа дека еликсирот сам го правел.
Чудно ми се чинеше дека ќе пораснам или слично. Само ми се слоши и се исповратив. Перица ме скрши од ќутек оти тоа било скапо и тешко се правело. Ме шамареше ме клоцаше, ме пикна у гепек и ме заклучи. Плачев цела вечер у тој смрден ебен гепек. Мислев само на една работа. Како да му вратам на Перица-Верверица за услугата.
Сабајлето ме отклучи тој со сестра ми заедно. Цеца му удри два шамари и ме собра дома. Толку беше тој ден, но осветата беше моја наредниот.
Зедов само неколку работи од по дома и почнав да правам алхемија.
Лепонексот на мама, Влуксатинот на тато, Лорамот на дедо, Олигојакот на цеца, малку сулфурна за во ВЦ и украдив густи од кај баба. Мислам дека беше од киви и јаболко на Вива и личеше на пијалокот на Перица.
Ги измешав и отидов до кај тетка Летка да и кажам дека во гепекот на пезето Перица ме остава да си ја чувам топката. Ми даде клуч и ми кажа да отворам сам бидејќи Перо лежи коматизиран во соба. Вторник беше.
Му ја ставив течноста во термосот а тој неговиот Абсинт му го истурив во шахта.

Беше тоа топло лето во Аеродром. Сите ќе го паметиме тој вторник кога Перица скокна од 8-ми и се уби.
Така и се прочу таа зграда на самоубици.
Хм. Што сум јас крив што и Перица сакаше да биде Супермен.
 
Интересно. Смешно, на пати тажно, жалосно, глупо, несфатливо, на крај морничаво, чудно ама во секој случај интересно, и добро за тепање досада.:icon_lol: Прво па мушко .. продолжи така.:wink:
 
иначе дечки и девојки ова е постирано пред некоја година во багра. типот одел под името Кензо Танге. Јас се познавав со него и го копирам. Зошто? Типот се уби пред извесен период, самоубиство во аеродром.
Наздравје со читањето.
 
Мрдната работа ... :lud: :lud: :lud:
Па уште идол да му е некому ваков некој ... ц ц ц ц ц! :ija:
 
Kади пишува за идолите во Аеродром??? Јас не сретнав збор идол никаде.
 
Radical Boy напиша:
Kади пишува за идолите во Аеродром??? Јас не сретнав збор идол никаде.

Па дечково кажа дека го преземал текстов од некој друг што го викале така ... ако му се свиѓа текстов до тој степен за да го истакне, па да му земе и негов прекар ... не верувам дека е за заебавање ... али тој си знае ... морбидна ми е темава, ја напуштам.
 
Kenzo Tange напиша:
иначе дечки и девојки ова е постирано пред некоја година во багра. типот одел под името Кензо Танге. Јас се познавав со него и го копирам. Зошто? Типот се уби пред извесен период, самоубиство во аеродром.
Наздравје со читањето.


:ija:Ако и ти решиш да си супермен за некоја година, јас ќе ти го чувам јузеров важи?:lud::lud::lud:
 
Кензо, а баш додека го читав текстов сакав да прашам да не си Баграш. :wink:

Интересно е, ама премногу фрикски за мене. Јас сум за да си игра човек со умот, ама од премногу... Може и да се забега на крај и евентуално за се заврши како јунакот во приказнава.
 
Acid напиша:
Кензо, а баш додека го читав текстов сакав да прашам да не си Баграш. :wink:

Интересно е, ама премногу фрикски за мене. Јас сум за да си игра човек со умот, ама од премногу... Може и да се забега на крај и евентуално за се заврши како јунакот во приказнава.

Нема евентуално, сигурно е ... почетоков на приказнава ме потсети на еден познаник од Аеродром исто ... цел филмаџија беше и тој додека не го најдоа обесен во подрум. Не ни очекував нешто друго ... ни од него, ни од типов погоре ...:lut:
 
Аууу сега го прочитав текстов
:lud:
Не знам што да кажам!
 
Кензо е Кензо од Багра, ле орижинал, али ви праи соушл инженеринг! :-)

Опипава фидбек кај новата публика.

Велком.
 
И? Кои коментари се позитивни според него? Позитивни се оние во кои се вели дека е катастрофа текстот или оние во кои се пишува дека е супер текстот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom