Во јуни 2013 купив телевизор Philips 32PFL3008H/12 и тогаш започнаа проблемите. При гледање на ТВ програма потполно се блокираше и не функционираа ниту далечински ниту рачни команди. Мораше да се исклучи од напон и повторно да се уклучи па да фунционира. Исто така при разни подесувања со далечинскиот знаеше потполно да се блокира. Ќе сепојавеше некое известување и не се тргаше додека не се исклучи па повторно да се вклучи и ред други манифестации.
Најголеми проблеми правеше при гледање на видео материјал преку USB. Три пати во сервис менуваа матична плоча и еднаш софтвер. Проблемите остануваа исти. Особено правеше проблеми при премотување на филмови напред или назад или при прфрлување од видео фајл на друг видео фајл или филм во фаза на емитување. Некои од проблемите ги снимав и ги испратив дирекно на Philips, а заедно со телевизорот и на сервисот во Скопје. После повеќе контакти писмени и телефонски со претставништвото на PHILIPS во Бугарија, пред десетина дена сервисот на Philips во Скопје (Електовизија), го повлече телевизорот и од продавницата на АМЦ во Битола ми ги вратија парите. Претходно им реков дека сите овие проблеми заедно со снимен материјал ќе ги објавам во многу форуми. За жал снимените проблеми не можам да ги ставам овде но ако неко сака да ги види нека ми пиши. Очигледно беше дека телевизорот има софтверски проблеми иако тоа не сакаа да го признаат во ниеден момент. Ме убедуваа дека тоа е случај само со мене и дека никој не пријавил такви проблеми. Одеа дури до таму дека кабловската во Битола - Телекабел има лош сигнал, па дека ставам неподржани фајлови и ред други работи. Кога им испратив примероци од фајлови со кои прави проблеми и видоа дека фајловите се во ред променија уште една матична плоча и рекоа дека ако пак имам проблем да им се јавам и да го повлечат телевизорот. Тоа и го направија.
Ова го пишувам да внимавате кога купувате Philips бидејќи сретнав и друг човек со друг модел на филипсов телевизор кој исто така има проблеми.

Последно уредено: