Leap of faith

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
Дали некогаш сте скокнале а да не сте биле сосема сигурни дека ќе паднете на безбедно тло? Секако, никој не треба да скока од провалија за да Бог го спаси, но да речеме имате одвратна работа што ја мразите но тоа е тоа. Барате и друга работа безуспешно но во меѓувреме старата не ја давате од страв. Одеднаш нешто се крши во вас, му велите на шефот - пријатно со здравје, или повулгарно, и ја напуштате работата oслободени од тоа бреме и... наоѓате супер работа, супер партнер..... може и не наоѓате ништо од тоа но сте Слободни! Се имате Себеси, Бог е со вас, нема веќе страв, и смртта нека дојде ако смее!


Земаме залет нели!?


Смачено ми е веќе што немам храброст да бидам апсолутно никој и ништо
. Џ. Селинџер
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Никогаш. Скокам постојано, но премногу се плашам да рескирам, па секогаш прво се обезбедувам т.е. прво сакам да сум сигурна дека нема да паднам на бетон и да се искршам. Без оглед за што се работи, дали за работа, дали за некоја секојдневна ситуација, па дури и за љубов.
Кога ќе размислам малку повеќе, ништо од тоа не правам свесно. Значи толку ми е всаден тој страв, што едноставно трпам да сум во гадни ситуации се додека не најдам посигурно тло. Кога ќе го најдам, скокам во истиот момент со цела сила, пресреќна што можам да го оставам зад себе тоа што ме мачело.
Не чини вака, нели?:kesa:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Скоро секој Божји ден.Мислам,нели животот не би бил ништо без тоа залетување.Што ако незнам дали ќе ме дочека цврсто тло,битно знам дека сум го направила тој скок.
Незнам дали ќе го дочекам наредново утро ама сепак ќе отидам да спијам(нема да преседам цела вечер со чачкалици во очите стравувајќи од “нешто“).

Таа сигурност која постојано ја бараме не е во надворешното опкружување и околности-таа е во нас.
Примерот со работата:ако имам понуда за подобра работа нема шанси да останам на старата.Нема страв.Еве да речеме да останам на старата работа-што ако фирмата отиде во стечај?Каде ми е мене тука сигурноста?
Шансите секогаш треба да се искористуваат.

Од друга страна тие што се решаваат на скок се посигурни во себе па макар некогаш и да погрешат.Со секој залет се поцврсти,за разлика од оние кои решаваат да живеат во кафез од стравови.
Желките неможат да одат напред ако не ја подадат главата-исто и ние.

Луѓе.Мразиме промени.Мразиме да си ја пореметуваме секојдневната рутина.Не сакаме да испробуваме нови нешта затоа што ќе ни биде непријатно,А САКАМЕ ДА ПОРАСНЕМЕ И ДА НАПРЕДУВАМЕ,види мајката :wink: .
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Никогаш. Скокам постојано, но премногу се плашам да рескирам, па секогаш прво се обезбедувам т.е. прво сакам да сум сигурна дека нема да паднам на бетон и да се искршам. Без оглед за што се работи, дали за работа, дали за некоја секојдневна ситуација, па дури и за љубов.
Кога ќе размислам малку повеќе, ништо од тоа не правам свесно. Значи толку ми е всаден тој страв, што едноставно трпам да сум во гадни ситуации се додека не најдам посигурно тло. Кога ќе го најдам, скокам во истиот момент со цела сила, пресреќна што можам да го оставам зад себе тоа што ме мачело.
Не чини вака, нели?:kesa:
Ти си знаеш најдобро. Ако ситуацијата не е толку тешка па да мораш да бараш спас по секоја цена па чувствуваш дека е подобро да истраеш, во ред. Во Leap of Faith важи правилото - пушти го лебот за да можеш да ја земеш погачата, но опасно е, можеш да останеш и без тоа и тоа. Тоа за љубовта баш не го разбирам сега :) но се сеќавам дека и јас не можев да преболам една, дури не почнав да се гледам со друга, иако потсвесно знаев дека со вторава немам што да барам, сепак си најдов здрава илузија што ме извади од таа беда. Многу бргу од двете бев слободен. Некогаш треба и помош од некој друг за добар скок за да еден ден можеш и сама. :)
Во мојов случај се плашам дека треба да напуштам многу повеќе од работата за да се најдам себеси. Треба да напуштам се! Бидејќи ништо и немам, освен навика со блиските, а не нешто што за што вреди да се борам сега овде, во цивилизацијава, во стереотипиве.
Е па тоа беше тоа, нема што да се крие веќе. :)

Таа сигурност која постојано ја бараме не е во надворешното опкружување и околности-таа е во нас.
Може да се рече... Не е работата во тоа што не ги поднесуваме околностите, туку што не се поднесуваме себеси во тие околности. :)
Но, може и полошо да биде. Затоа скокот со вера (или како и да е преводот) е ризик, но не е сосема неразумен, не е сосема нерационален, има разумна основа но е во потсвесен план. Ако нема разум, може да е фанатичен.

Примерот со работата:ако имам понуда за подобра работа нема шанси да останам на старата.Нема страв.Еве да речеме да останам на старата работа-што ако фирмата отиде во стечај?Каде ми е мене тука сигурноста?
Шансите секогаш треба да се искористуваат.
Прашањето беше дали би ја напуштила старата работа ако ти е одвратна и мачна а немаш никаква гаранција за нова работа. Ниту имаш многу финансиски средства да се издржуваш без работа.

Луѓе.Мразиме промени.Мразиме да си ја пореметуваме секојдневната рутина.Не сакаме да испробуваме нови нешта затоа што ќе ни биде непријатно,А САКАМЕ ДА ПОРАСНЕМЕ И ДА НАПРЕДУВАМЕ,види мајката :wink: .
Се во свое време, или - секоја сила за време. Не е за сите луѓе исто дури и во исти околности да биле.
Само обично чекаме ситуацијата максимално да се влоши па таа самата да не турне, да можеме да ги обвинуваме околностите за нашата судбина а не самите себеси.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
скокам бе и без бог....јас ги сносам последиците....безбедно тло се гради полека а лесно се уништува....а и секако нема страв бе...стравот е илиузија на психата за наогање секакви изговори...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
скокам бе и без бог....јас ги сносам последиците....безбедно тло се гради полека а лесно се уништува....а и секако нема страв бе...стравот е илиузија на психата за наогање секакви изговори...
Да нема страв ќе нема ни храброст. Затоа ни е дадено да веруваме (во Бога, во себеси, зависно), за да развиеме храброст. Кога би знаеле дека секогаш не чека цврсто тло нема ни страв, ни храброст, ни духовен развој да имаме.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Сакам да ризикувам.Мислам дека за некој работи вреди да се ризикува..нели шизик иде на ризик:pos2:
Ако секогаш кога ке направиш нешто знаеш дека ке има позитивен резултат не е интересно:)А и да испадне на крај нешто лошо,повеке сакам да се кајам за нешто што сум го направила одколку за нешто што не сум го направила.
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Најголем ризик е да не превземеш ништо -Фреди Смит
Често се раководам по таа мислам па исто така и често го правам тој скок, иако не знам што ме очекува доле и каков ќе биде мојот пад.Всушност ако не пробаш никогаш нема да дознаеш дали ќе биде сигурен или не толку сигурен пад.
Во секој случај обично пред да направам нешто го промислувам, но има и исклучоци во кои рипам без да го понесам мојот падобран:toe::pipi:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
А и да испадне на крај нешто лошо,повеке сакам да се кајам за нешто што сум го направила одколку за нешто што не сум го направила.
Најголем ризик е да не превземеш ништо -Фреди Смит
Јеа. Ниедна борба не носи толку голем пораз како онаа што никогаш не сме ја воделе, а требало.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ретко. Многу ретко. Во принцип секогаш сакам да сум со две нозе цврсто на земја. Да сум сигурна. Секогаш играм на сигурно, никогаш не скокам доколку не се убедам и не видам со свои очи дека е сосема сигурно. Не дека треба така. Не. Ама ај оди и промени ме. Треба некогаш да се скокне макар што не знаеме дали ќе бидеме изгребени и повредени од падот или скокот ќе биде неуспешен. Ама јас сум од типовите на луѓе кои попрво не би скокнале, отколку да скокнат и да паднат. Затоа и така ги имам направено најголемите грешки.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
ИСто ка на покер. Идеш All In и го јадеш после сапунот xD
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јас никогаш не осмислувам однапред се и не пресметувам идни дејствија. Што сеа? Ако ме изнервира некој на работа или ако сметам дека „директорот“ ме *б* во здрав мозок, треба да почекам да најдам друга работа па евентуално да му кажам два-три збора?!?! Нема резон... Јас сум импулсивна по природа и ако некој не може да се соочи со вистината што во моментов ке му ја истресам, о.к., ќе си најдам друга работа ама сигурно нема со „кев-кев“ да излезам... Е, после можеби ќе се мачам ко „жут мрав“, али, важно имам став брат.... (си викам после пред спиење едно недела дена: идиоту еден, не научи да ќутиш и тоа ти е...)

Конечно, кога ќе помине цела фрка, убаво ми е што држам до себе и не сум бескичмењак...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom