Кој снима нешто од ТВ на УСБ во свет на торенти и p2p технологија? Мене такви џиџи за на телевизор ми се непотребни, барем мене.
Аааа не викај така незнаеш кога и за што ќе ти притреба да го искористиш.Ако е така зошто на пример толку народ паднаа на маркетингот на Т-Хоум за снимање и прегледување телевизија кои први го воведоа во МК пред неколку години.
Еве на пр.мене како страствен гледач на Ф1,Мото ГП ми треба да си архивирам некои поинтересни трки.
Дали спорт или филм или нешто друго убаво е да имаш опција да си го снимиш.
И сега да не ти е потребно може утре ќе ти притреба за било што.
А посебно екстерен уред за дигитално снимање се движат од 7-8 илјади денари за најефтините кинески до фрапантни 2 и пол илјади евра.
Еве што кажав: никој од овие нема подобар однос вложено-добиено од панасоник-от.
Ако планираш да земаш ТВ, зимај го Панасоникот додека им трае ова акција затоа што после ке ги наоѓаш истите овие модели со цена од 100+ евра
А за тоа кој е подобар, Панасоникот би требало да е подобар, затоа што сигурно ставаат a-IPS панел, а со LG никогаш не си сигурен кој панел го стваат во Македонија. 200 MCi на LG = 100 херци. За тоа снимање да работи ке мора да има екстерен хард-диск.
Инаку ако е понов ТВ, не мора да значи и дека ке има подобра слика. Пример Pioneer Kuro плазма е излезена пред 4 години и сеуште важи за една од најдобрите плазми и без проблем во квалитет на слика може да се носи со плазми од 2012 година.
Така де те разбрав подобар од другите наведени за однос вложено-добиено и затоа прашав зошто.
За панелот на LG_то LS570S незнам кој тип е а и тоа не се наоѓа лесно информација,барав но никако не најдов пошто сум загреан за тој модел да го зимам.
Инаку и херцажата не ми е јасна со оние MCI,PMR,MCR додавки на LG,Samsung,Philips.По се изгледа се маркетиншки лајна.Као бајаги вештачко подобрување,"мазнење" на објектите у брзите движења.
А оваа на Панасоникот ако е стварно реална 150Hz како што пишуваат тогаш би требало да е подобра од онаа MCI 200Hz.
За Alpha IPS панелите има различни приказни,некои па се жалат дека спротивно демек наместо црната боја да биде најцрна а белата најбела уствари екраните биле со потемен приказ на сликата и темните објекти во позадина речиси и не се приметувале доволно јасно.