Лажно позитивен тест на дрога

  • Креатор на темата Креатор на темата zelenko
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Правев тест за дрога пред неколку дена во клиниката за зависности бидејќи сум на метадонска терапија, и за чудо на сам себе покажа позитивен тест на хероин.
До хероин немам поминато 10 години а уште помалку употребувано.
Размислувам, од што би можело да покаже позитивен тест, дали некој слушнал за слично нешто ?
Да напоменам тест за метадон и за хероин се различни тестови и никако не би требало да покаже позитивно ако во крвта имаш само метадон.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Се работи за тест со урина. Купив дома уште два теста, на првиот покажа позитивно а на вториот после пола саат негативен.
Прашувам од што би можело така да покаже.
Мудрости од типот не ти игра улога дали си или не си позитивен бидејќи си на метадонска терапија ве молам да не постирате.
Двапати покажа во болницата, еднаш по мое инсистирање и двапати дома од кој еднаш негативен.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Правев тест за дрога пред неколку дена во клиниката за зависности бидејќи сум на метадонска терапија, и за чудо на сам себе покажа позитивен тест на хероин.
До хероин немам поминато 10 години а уште помалку употребувано.
Размислувам, од што би можело да покаже позитивен тест, дали некој слушнал за слично нешто ?
Да напоменам тест за метадон и за хероин се различни тестови и никако не би требало да покаже позитивно ако во крвта имаш само метадон.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
Имаш во крвта нешто што е налик на молекулот што го препознава тестот, нешто слично на епоксиморфински прстен, најверојатно е некаков метаболизиран фенантрен. Ако ти зависи нешто од резултатот од тестот, одма оди сочувај примерок урина. Најдобро оди во лабораотрија да заведат со дата и време кога си дал урина. Ако не си земал хероин, ќе се покаже со хроматографија дека е тестот ти е лажно позитивен.

п.с. Што џанак ќе беше, ова да те исплаши?!
 
Најверојатно си купил некој хроматографски тест, тие не се специфични, значи може да реагираат и со некој друг метаболит што има иста или слична хромофорна група.
 
Хаха, далеку од тоа дека ме плаши, чисто ме интересираше што би можело да биде.
Сигурен сум дека немам земено хероин а тестот покажува позитивен.
Не ми зависи ништо од тестот, самите доктори знаат дека не користам дрога, не ми е прв тест.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
--- надополнето: 19 август 2012 во 18:56 ---
Користев спреј за комарци на одмор кој во својата база имаше : d-tetramethrin i d-phenothrin.
Може ли од ова нешто да покаже ?
 
Користев спреј за комарци на одмор кој во својата база имаше : d-tetramethrin i d-phenothrin.
Може ли од ова нешто да покаже ?

Многу работи можат да бидат, тестот не е ни специфичен ниту селективен, слично како и тестот за бременост. Мислам за оние куповните.
Најспецифична анализа за вакви соединенија е течната афинитетна хроматографија, која има матрица специфична да го врзе метаболитот од хероинот (некој глуко-дериват претпоставувам), незнам со каква хроматографија ги прават по установите.
 
Се работи за тест со урина. Купив дома уште два теста, на првиот покажа позитивно а на вториот после пола саат негативен.
Прашувам од што би можело така да покаже.

Ако си употребувал тродон(понекогаш и него го препишуваат за намалување дози ама многу ретко-тоа е исклучок) макар и 2 недели пред тестот огромна е можноста на тестот да даде или хероин или морфин.
 
Нема такво нешто. Исклучиво метадон. Пиев два кафетина вечерта пред тестот.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Епа кафетин обичен содржи кодеин исто така антитусик и опијат,мислам дека тука лежи зајакот.
--- надополнето: 21 август 2012 во 08:12 ---
Нема такво нешто. Исклучиво метадон. Пиев два кафетина вечерта пред тестот.

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk

А нели ти препорачале бупренорфин или треба уште симнување на милилитрите или како што велат многу кубиците?
 
Па немам потреба од промена на лекарства, бидејќи одлично финкционирам под метадон. Викаат не е важна дозата, важно е како ти реагираш на неа. Почнав со 21 апче дневно (10.5 кубика) и денес сум на 2 апчиња или 1 кубик. Каде и да е ќе го тргнам срањево од мене.
 
ааа па тио си при крај,штом си оставил течност и сега пиеш најверојатно хептанон од 5мг немајх мака полека чеб намалат али јбг 10 години си веќе на терапија-довпчмо е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom