Лажни пророци

  • Креатор на темата Креатор на темата alf
  • Време на започнување Време на започнување
Добро.
Еве христијанството го чека пророкот во едно и судија на народот.
Како ќе го препознаете кога или ако дојде?

Препознавањето на праведниот Судија, Господ Исус Христос, треба да ти се случи уште во овоземниот живот, а со Христа можеш да се сретнеш само ако Го бараш.

Атрибутите од нашиот Господ Исус Христос се забележани/запишани од Неговите Апостоли, потврдени се од историските Боговидци и не (ми/ти) преостанува ништо друго, туку да ги земеш атрибутите Божји и да ги споредиш со сите ликови, кои во реално време глумат месии...
Автоматски споено мислење:

Како од овие сите особини на лажњаци ќе препознаеш вистински пророк?

Едноставно; пророкот треба да е дел/член во Црквата Христова и да биде достоен за да му биде пренесена некоја вест/пророштво од страна на Ангелите Божји...односно, пророштвото да биде вистинито, проверливо во реално време.
 
Значи оние лажни пророци кој ќе се јават на крајот од времињата се некоја метафора?
Автоматски споено мислење:

Незнам.Да го прашаме бог?

Да, тие виши елементи се вид на метафори.
Особено за луѓето од минатото кога биле каде каде понеинформирани, како на некој начин полесно да го прифатат "движењето".

Во 21 век треба да гледаме на позитивните работи напишани како водилка за поздрав живот, а не да очекуваме дека ќе се појави Мојсеј и ќе раздели море или пак оној еден од Скопје мислам беше што се појавуваше со видеа како прави егзорцизам и исцелува луѓе. Ниту таква, ниту поблага форма не треба да се очекува.
 
Значи , ако некој пророк не е член на црквата христова се става во кошот на лажни пророци, така?
Ова се оние очекувања кој ги спомнав на почетокот.
Членови на одредена догма , очекуваат пророкот да произлезе од нивната црква како би бил вистински пророк.

Имаше од поодамна еден член кој постојано повторуваше ..
Очекувањата најчесто се венчани со разочарувања.
 
Авраам, Мухамед и Исус.

А од онија споредни Мојсеј, Енок, Закарија, Езекиел, Ное, Јован Крстител...
И много други халуцинатори или манипулатори. Ја мислу дека или халуцинирале као некои мезоамерички шамани, намерно или случајно. Или па водиф некоју религиску агенду па мора да измислуф и мачкаф очи на обичан народ, кој му е у крф да веруе у нешто натприродно и божанстфено.

И у 1555 годину Мишел Нострадамус праи некои предвидувања. Дали се смета за пророк или?
Ја као што знам падаја у транс и запишуваја некои белешке, ама не погодија сфе. Највише у сеќавање ми остана дека предвидеја дека ке дојде на власт некој човек по име Хистер(ваљда на Хитлера мисли) и ке напраи разорну војну што ке га погоди цел сфет.
Ако е тачно, значи појма неам која би била причина за овакфи предвидувања.
А можда и њега га удрила некоја хемија зшто знам дека он експериментираја сс парфеми и првобитни сапуни и антибактериски средстфа.
 
Последно уредено:
Да, тие виши елементи се вид на метафори.
Особено за луѓето од минатото кога биле каде каде понеинформирани, како на некој начин полесно да го прифатат "движењето".

Во 21 век треба да гледаме на позитивните работи напишани како водилка за поздрав живот, а не да очекуваме дека ќе се појави Мојсеј и ќе раздели море или пак оној еден од Скопје мислам беше што се појавуваше со видеа како прави егзорцизам и исцелува луѓе. Ниту таква, ниту поблага форма не треба да се очекува.
Ако прочиташ за неколку пророци ќе забележиш дека користеле двојни стандарди во пренесувањето на некоја духовна порака.
Пример....ако не се покаете за вашите гревови , бог ќе го казни овој град.
Или пушти го народот да му се помоли на живот бог.
Срушете го овој храм и ќе изградам нов за три дена.

Значи имаме,начин на живот кој не бил по воља на некој бог или божество, одбира еден човек на кого му се јавува , го праќа да ги опомене луѓето.
Па ,кој послуша ќе биде спасен, кој не ќе загине.

Така е во приказните.Ти велиш дека се некоја метафора, бидејќи во минатото луѓето не биле толку информирани, па полесно можело да се прифати движењето.
Во ред е тоа што како поединец тежнееш кон позитивни работи во животот и не очекуваш некој пророк да те води.Сепак останува нејасно , која информирано сега ја имаат луѓето за духовноста за разлика од минатото, кога се помали и помали стануваат во духовна смисла?

Покрај сувото ,да не изгоре и суровото!
 
Значи оние лажни пророци кој ќе се јават на крајот од времињата се некоја метафора?
Автоматски споено мислење:

Незнам.Да го прашаме бог?
Исти ѓавол ти е тоа....Каде има пророштво, тука со него, рака под рака иде суеверието...така да ние христијаните веруваме дека кога Бог повторно ке дојде на земјата, сите ке знаат, сите ке го видат, неправедните ке станат мртви, а мртвите праведни ке оживеат и така.....Пророци, видовити, сите не мавтаат како знаат и умеат, а наше е да одбереме на кого ке веруваме.
 
Значи , ако некој пророк не е член на црквата христова се става во кошот на лажни пророци, така?

Точно...
Автоматски споено мислење:

Имаше од поодамна еден член кој постојано повторуваше ..
Очекувањата најчесто се венчани со разочарувања.

Ако типот очекувал погрешни рабојќе, не ме чуди ако бил и разочаран...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Ова се оние очекувања кој ги спомнав на почетокот.
Членови на одредена догма , очекуваат пророкот да произлезе од нивната црква како би бил вистински пророк.

Не постои друга црква под капава небеска, освен Црквата Христова.
 
Имаат у Индија добра терминологија и дефиниции за оваа работа. Кај нив на пример у џаинизмот користат титула тиртанкара и целиов овој концепт мене лично ми е најблиску до вистината. Пророк би бил човек кој што доживеал нирвана, сатори односно самади и го живее животот без последиците на карма односно дарма. Без разлика дали живее по тертипот на четирите благородни вистини на будизмот.

Самото постоење на "пророците" е резултат на дијалектичката природа на оваа реалност....од една страна заради потребата од тој што доживеал некое будење да го пренесе на другите и од друга страна неможноста некој да биде разбуден од внатре преку обични когнитивни способности. Самиот обид да разбуди некој некого е неуспех од сам почеток арно ама ни еден пророк не се откажал никогаш. Тоа е така затоа што секоја референтна точка од универзумов, иако не постојат спрема теоријата на релативноста е апсолутна. Секој човек си има своја вистина.
 
Последно уредено:
Толку величење не е одлика на "вашиот" бог.Кој сака да биде најголем ,.... (знаеш како иде)

Тоа Христос им го вели на Апостолите, а последично, важи и за сите членови во Црквата.
Не се работи за никакво неосновано величање, туку за нова реалност под небово, затоа што освен првото Христово доаѓање и основањето на Црквата, нема ништо ново под капава небеска.
 
Исти ѓавол ти е тоа....Каде има пророштво, тука со него, рака под рака иде суеверието...така да ние христијаните веруваме дека кога Бог повторно ке дојде на земјата, сите ке знаат, сите ке го видат, неправедните ке станат мртви, а мртвите праведни ке оживеат и така.....Пророци, видовити, сите не мавтаат како знаат и умеат, а наше е да одбереме на кого ке веруваме.
Во ред, ги бараме лажните пророци, кој се?
Некако пишувате зборови искажани како со блед поглед во небото, сите ќе го видат , сите ќе знаат, мртвите, праведните.Еве само што не дошол.А како ќе го препознаете?
Варава или Исус.. Верниците бирале! И кого одбрале?
 
А кој вели дека „верници бирале„? Ти велиш?
Евреите, преку своите свештеници, знаеја дека Месијата ќе се роди од/меѓу нив, но Евреите не Го препознаа (!), оти очекуваа дека месијата треба да биде по нивниот мерак, мерка и очекувања, а не онаков како што беше проречен од старозаветните пророци.
 
Алф душо, тешки прашања поставуваш на нас неуки верници, нит у школо не подучуваа, нит по дома тренираа.
Ако дочекам да го видам Исус, ќе ти пишам(ако бидеш еден од тие мртви праведници што ќе оживеат).
Во библијата знаеме што пишува, т.с.како го опишуваат повторното негово доаѓање, па да не се повторуваме...Ај пиши жити се, кои се тие лажни пророци, да знаеме да ги избегнеме.
 
А кој вели дека „верници бирале„? Ти велиш?
Евреите, преку своите свештеници, знаеја дека Месијата ќе се роди од/меѓу нив, но Евреите не Го препознаа (!), оти очекуваа дека месијата треба да биде по нивниот мерак, мерка и очекувања, а не онаков како што беше проречен од старозаветните пророци.
Значи пак сме на истото, очекувањата се венчале со разочарувања.
Истото се однесува сега и за христијанството без разлика дали се македонци или било која друга припадност.Тоа сакам да ти уочам.
Очекувате пророкот да произлезе од вашата догма и да се застапи за вашата догма.
Што ако не биде по вашиот мерак?
Ќе го отфрлите како лажен пророк?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom